ЕВЕ ВО ШТО ЈАС ВЕРУВАМ
Банда без команда сте вие жими се.Во еден бог верувате?Или дали воопшто во бог верувате?Се делите и и правите правила самите вие, луѓето.На кој како му се исплати така си тера.Религија = политика, по ништо не правите да се разликува од тоа.Што и да рекол богот ваш вие си го менувате, си дебатирате за тоа и носите промени на кој како му одговара.Значи вие сте религија отворена на промени така?На кај дува ветрот натака и вие.Само што политичките партии тоа го прават само на избори а вие пропагирате 360 дена во годината.Искрено, секоја чест за упорноста.Ама кажи ми искрено едно нешто.Веруваш во бог?Ама најискрено одговори ми.Сум читал за тој твој бог.Знам доста работи.Никаде го нема ова што вие го правите.Ако веруваш дека постои тогаш треба да се засрамиш зашто ти го навредуваш.Јас само не верувам, а може да не се веруваш и тој го рекол тоа.Некој ке поверива некој НЕ.Барем во вашите книги како така го претставувате тоа.Ама вие не го почитувате тоа вооптшто.Вие не живеете како луѓе кои веруваат во бог.Исти сте како ние што не веруваме, исто мислите исто размислувате и кога сте подалеку од тастатура исто и правите.А на кајгана god bless copy-paste и се што некој забеган верник го напишал по нетов успевате да ни го пренесете.Кажи ми за себе искрено, ДАЛИ ВЕРУВАШ ВО БОГ?Кажи ми твој став човеку, како ти гледаш на религијата твоја, дали е таа вистинкиот пат до бога и ако според вас тој ке гледа исто на сите луѓе зошто се трудиш толку?Нема да добиеш заслуга никаква.Ни јас ни ти ни никој.Според вас на сите ке им прости така?Епа што е со тоа СТРАВ ОД БОГА?Не сум го слушнал од атеист ова туку од христијанин.Зошто закони и заповеди ако на крај на сите ке им прости и на сите исто ке гледа?
Да, Верувам во Бог. Верувам и на каноните кои треба да ги применува секоја Православна Црква. А ако ме прашуваш во што верувам, еве вака:
ВЕРУВАМ ВО ЕДНИОТ БОГ, ОТЕЦ, СЕДРЖИТЕЛ.
ТВОРЕЦ НА НЕБЕСАТА И НА ЗЕМЈАТА,
НА СЕ ВИДЛИВО И НЕВИДЛИВО.
И ВО ЕДНИОТ ГОСПОД, ИСУС ХРИСТОС,
СИНОТ БОЖЈИ. КОЈ Е РОДЕН ОД ОТЕЦОТ
ПРЕД СИТЕ ВЕКОВИ. СВЕТЛИНА ОД ВИСТИНСКА СВЕТЛИНА,
БОГ ОД БОГА ВИСТИНСКИ.
РОДЕН, НЕСТВОРЕН.ЕДНОСУШТЕН НА ОТЕЦОТ КОИ ЗАРАДИ НАС ЛУЃЕТО И ЗАРАДИ НАШЕ СПАСЕНИЕ СЛЕЗЕ ОД НЕБЕСАТА И СЕ ОВОПЛОТИ ОД СВЕТИОТ ДУХ И МАРИЈА ДЕВА И СТАНА ЧОВЕК.
И БЕШЕ РАПСНАТ ВО ВРЕМЕТО НА ПОНТИЈ ПИЛАТ, И ПОСТРДА И БЕШЕ ПОГРЕБАН И ВОСКРЕСНА ВО ТРЕТИОТ ДЕН СПОРЕД ПИСМОТО.
И СЕДИ ОД ДЕСНО НА ОТЕЦОТ И ПАК ЌЕ ДОЈДЕ СО СЛАВА ДА ИМ СУДИ НА ЖИВИТЕ И МРТВИТЕ.
И ЦАРСТВОТО НЕГОВО НЕ ЌЕ ИМА КРАЈ.
И ВО СВЕТИОТ ДУХ, ГОСПОД ЖИВОТВОРЕЦ, КОЈ ИЗЛЕГУВА ОД ОТЕЦОТ И КОЈ ЗАЕДНО СО ОТЕЦОТ И СИНОТ МУ СЕ ПОКЛОНУВАМЕ И ГО СЛАВИМЕ.
И КОЈ ГОВОРЕЛ ПРЕКУ ПРОРОЦИТЕ, ВО ЕДНАТА СВЕТА, СОБОРНА И АПОСТОЛСКА ЦРКВА.
ИСПОВЕДУВАМ ЕДНО КРШТЕНИЕ ЗА ОПРОСТУВАЊЕ НА ГРЕВОВИТЕ.
ГО ЧЕКАМ ВОСКРЕСЕНИЕТО НА МРТВИТЕ И ЖИВОТОТ ВО ИДНИОТ ВЕК. АМИН.