Читајте внимателно се што пишувам за Вистинска Православна Црква
Мислам дека е многу јасно како се финасира Католичката Црква. Основен приход се даровите кои верните ги даруваат на Црквата. Има и спонзорства. Верски реликвии од самата Црква не се продават. Во Македонија државата нема изградено механизам за финансико згрижување на свештениците во вид на данок за Црквата или некаква таква форма, така да финансиската подршка од државата нема. Црквата нема тарифа за светите тајни.
--- надополнето ---
Може мало појаснување? Велиш дека си православна, а не си член на МПЦ туку на Вистинска Православна Црква (ВПЦ). Досега не сум чул дека има таква православна црква во Македонија. Сум чул за ПОА (Православна Охридска Архиепископија) со архиепископот владиката Вранишковски, но за ВПЦ не. Ако не ти е незгодно претстави ја оваа Вистинска Православна Црква на Вистински Православни Христијани.
Прво ќе кажам како дел од верниците се појдени во Вистинска Православна Црква - На Вистински Православни Христијани и потоа ќе кажам како е настаната оваа Црква.
Следново е :
Во МПЦ одат верници кој се нарекуваат Православни.
Повеќето верници не обрнуваат внимание на каноните ( црковните закони кој се составени од 7 вселенски собори).
Владиците и Свештениците, не им ги даваат тие закони да ги читаат верниците, зошто веднаш ќе се свртат против нив.
Кога велам дека ќе се свртат против нив, велам дека Владиците и Свештениците од сите држави кој нивната Црква е официјална, не им ги даваат тие закони, зошто во тие закони е забрането земање на пари, како на пример:
Земање пари за Венчавање, за Крштавање, за Погребување, за пеење, за осветување на вода и ред со ред други работи кои се продава Благодатта Божја за пари.
Од тука верниците на МПЦ во Прилеп, ги молеа да му ги дадат тие канони. Еден верник го финансираше еден свештеник за да го изучи факултетот Теологија и тој човек што го заврши факултетот стана Свештеник во МПЦ - Прилеп, во Црквата Благосвештение ( Стара Црква ) и му ги даде каноните на верникот.
Верникот му ги даде каноните на верниците кој беа активни во МПЦ кој одеа редовно на литургија.
Откако ги проучија законите, му се спротивставуваја на Владиците и Свештениците кој тие грешеја во службите.
Преку каноните научија како треба еден човек правилно да се крштева. Верниците се бунеа а владиците и Свештениците почнаа да се молат со Масони и со Папата.
Откако видоја по свиканите состаноци дека не можат да направат ништо се тргнаја од МПЦ и се молеа дома Кај еден Верник.
Група од веници почнаа да шетаа по светот за да ја бараат Вистинската Православна Црква.
Но во која и да појдеа владиците грешеа.
Се додека не појдоа во Грција, во Кожани и ја испитаа Вистинската Православна Црква која и така се нарекува.
Владиците во таа Црква во која што одам и јас, не грешат во службите, не земаат пари од верниците, ама воопшто за ништо, правилно крштеваат, едноставно кажано ги почитуваат каноните.
Е сега да ви кажам како е настаната оваа Црква:
Оваа Црква е настаната од Владиката Матеј кој станал светител во неговиот живот.
Лежел 15 години затвор зошто Државата Грција воведила закон сите цркви да служат по новокалендарски систем ( по грегоријански календар), а овај владика ракоположил свештеници и се одвоил од официјалната Грчка Православна Црква која го прифатила грегоријанскиот календар.
На некоја служба држејќи литургија, Владиката Св. Матеј станал за полицијата невидлив одкако се дала наредба за негово апсење. Верниците можеле да го видат но полицијата не можела, и така повторно не го уапсила.
Во 1924 година, држејќи литургија по јулиански календар, на ден Крстовден, се издала повторно наредба да го уапсат.
НО вечерта како што била службата дошле 500 полицајци и го опкружиле народот кој биле 2000 луѓе.
Откако чекале луѓето да си заминат за да го уапсат, ВО НЕБОТО НАД ЦРКВАТА СЕ ПОЈАВИЛ ЧЕСНИОТ КРСТ КОЈ НОЌТА ОКОЛУ ЦРКВАТА И САМАТА ЦРКВА СЕ ОСВЕТЛИЛА И НАСТАНАЛ ДЕН.
ПОЛИЦАЈЦИТЕ ПАДНАЛЕ НА КОЛЕНА И СЕ ОТКАЖАЛЕ ОД НАМЕРАТА ДА ГО УАПСАТ.
200 полицајци се откажале од нивната служба и се замонашиле.
Ете ви кажав која е оваа Црква во која одам јас.