Да се сложувам со тебе, затоа и постојат празниците како паметници за настаните кои поминале и каква поука треба да извлечеме. Но постојат и моменти - обичаи кои се излишни барем според мене покрај тоа што не се христијански т.е. бегаат од контекстот на христијанското (ова може да се однесува за било која др.религија), одземаат време, а и материјални средства. Животот може да биде многу по едноставен, а не сложен. И сам Исус се обидел да им укаже на евреите дека можат да си го упростат животот при практикувањето на религијата.
Се сложувам со тебе. Штета што кај нас на празниците се слават одредени луѓе (светци), наместо да се слави Бог.
Во однос на тие излишни обичаи и, јас би додал, небиблиски учења во христијанството, јас пред неколку страни ја формирав следнава листа:
1. Крштевање бебиња
2. Изработување икони, нивно осветување, а потоа клањање пред нив, целивање, палење кандила итн.
3. Молење на светци (покојни верници)
4. Монаштвото
5. Култот за светите мошти (лешеви), клањање пред нив и нивно целивање, мирисање и сл.
6. Осветувањето на предмети (крстови, бројаници, цркви, куќи и сл)
7. Осветувањето на вода, света вода, фрлање крст за празникот Водици
8. Молење за мртвите, раздавање храна во нивно име (Задушници)
9. Палење свеќи за живи, за мртви, за здравје, за бериќет.
10. Култот на „Пресвета Богородица“ и нејзиното обожавање со околу 40-тина небиблиски божествени титули (најголема, пресвета, преблагословена, Господарка, владичица...)
11. Бацување раце на свештеници.
12. Носење на посебни свештенички одора, великодостојнички мантии и огромни златни крстови на нив.
13. Национализам.
14. Етнофилетизам.
15. Прекрстување со рацете.
16. Мафтање со кандила.
17. Мешање во политика.
18. Побратимување со власта.
19. Целибат на владиците (епископите), архиепископите и сл. (се чудам како ги обвинуваш католиците за ова искривување, кога и во православната црква го има истото)
20. Учењето за митарствата (небесните цариници низ кои поминува душата на покојниот за да им дава отчет на демоните)
Дали би можел ти нешто да додадеш на ова, за да ја прошириме истата?
Однапред благодарам.