Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Сигурна сум дека постои оти моите другарки го правеа тоа.
Вртеа околу црквата на полноќ т.е. кога ќе почнеше да чука џангот со свеќи во рацете.

Православните на Велигден вртат околу храмот со свеќи во рацете, ама не се пржат со нив. Се надевам под "пржење" мислиш на горење.
 
Слушај, поставуваш некакви реторички прашања, се нешто ти е смешно неверно итн. Едноставно е, не плаќај и не ја финансирај Црквата, на тоа никој не те тера со сила, ниту пак некој со сила е натеран на такво нешто. Твое си е правото да веруваш или не, точка. Едноставно, ме замараш. АКо имаш нешто конкретно да прашаш во врска во верата ОК, повели, ако не не ми го одземај времето.

јас не плаќам и не ја финансирам црквата одамна, но што е еден човек во споредба со мнозинство... не мораш да одговараш на цитатов за да не го одземам твоето драгоцено време... и сите цитати што се пишани не се однесуваат само кон тебе, ако некој друг има попаметен одговор, освен да пише дека го замарам со тоа што го кажувам мојот став, нека повели...
а кон тебе еве конкретни прашања во врска со верата... пред колку години господ бог го создал првиот човек? и зошто останатите апостоли не непишале евангелија во библијата?
 
Православните на Велигден вртат околу храмот со свеќи во рацете, ама не се пржат со нив. Се надевам под "пржење" мислиш на горење.

А зошто кружат околу храмот ? За пржењето не бев и баш сигурна затоа прашав. :)
 
јас не плаќам и не ја финансирам црквата одамна, но што е еден човек во споредба со мнозинство... не мораш да одговараш на цитатов за да не го одземам твоето драгоцено време... и сите цитати што се пишани не се однесуваат само кон тебе, ако некој друг има попаметен одговор, освен да пише дека го замарам со тоа што го кажувам мојот став, нека повели...
а кон тебе еве конкретни прашања во врска со верата... пред колку години господ бог го создал првиот човек? и зошто останатите апостоли не непишале евангелија во библијата?

Околу првиот дел: да не бидеш навреден, ама стварно гушиш со некакви твои констатации, забелешки, реторички парашања и сл. ОК, ти не ја финансираш МПЦ, јас да. Но, тоа го правам доброволно, а тебе не те тера никој.

Околу вториот дел: Не знам пред колку време Бог го создал првиот човек, ниту пак за евангелијата од други апостоли. А всушност, тоа не ми е ни важно за да верувам во Господ. Тоа не менува во верата ама баш ништо. Едоставно, ирелевантни се тие работи за некој да верува или не верува.

Сето ова е измислено од луѓе чистата верба во Бог не бара и практикува било какви обичаи или ритуали. Барем според мене.:toe:

Не знам на која вера или конфесија (деноминација) и припаѓаш, но што мислиш дека и крштевањето е измислено од луѓе ?
 
Православна.
За битот на било која религија не станува збор туку за кружења околу цркви, бањање со јајце, кружење околу камен, некористење на пенкало, телефон на сабат, принесување жртви и тн. да не набројувам.
 
?????
 
ОК, јас не знам точно што значи тоа кружењето околу храмот за Велигден, но штом тоа го прават свештеници на МПЦ сигурно не е „народски обичај“. Не сум сигурен, меѓутоа сум слушнал дека ТРИТе круга всушност ги символизираат трите дена од смртта до воскресението на Исус. Принесувањето на жртви не е христијански обичај ниту ритуал, за тоа би требало некој друг да каже. Последната крвна жртва за сите нас беше Јагнето Божјо Исус Христос, па секоја жртва после тоа е негирање, порекнување на Христовата жртва.
 
Да не се прашувај и чуди :) и јас ко тебе бев во прашалници но и тоа постои. Ниту ножици, ниту светло ниту телевизор ниту звонче, ниту релна, машини, телефон било мобилен било фиксен на сабат ништо не се користи.

--- надополнето ---

Зошто симболизам?
 
Па да ги повториме ли тие настани во кои веруваме ?
 
Нема потрба да ги повторуваме и реконструираме настаните од минатото. Само силната вербата во Бога е доволна за да го спознаеме.
 
Нема потрба да ги повторуваме и реконструираме настаните од минатото. Само силната вербата во Бога е доволна за да го спознаеме.

Силната вера е најдоброто нешто, но треба и да се потсетуваме на одредени важни настани, нели ? Можеме ли да го заборавиме страдањето на Спасителот на крстот, воскресението ? Мислам дека ќе се сложиш дека не.
 
Да се сложувам со тебе, затоа и постојат празниците како паметници за настаните кои поминале и каква поука треба да извлечеме. Но постојат и моменти - обичаи кои се излишни барем според мене покрај тоа што не се христијански т.е. бегаат од контекстот на христијанското (ова може да се однесува за било која др.религија), одземаат време, а и материјални средства. Животот може да биде многу по едноставен, а не сложен. И сам Исус се обидел да им укаже на евреите дека можат да си го упростат животот при практикувањето на религијата.
 
Или во превод : постојат луѓе кои на некој свој и само ним познат начин веруваат - ја практикуваат верата, односно ја сведуваат на некакви формалности никаде не запишани (измислени), а ги запоставуваат: покајанието, исповедта, евхаристијата (причестувањето), молитвата... Со тоа никако не Му угодуваат на Бог, туку на нечестивиот. За жал.
 
Да се сложувам со тебе, затоа и постојат празниците како паметници за настаните кои поминале и каква поука треба да извлечеме. Но постојат и моменти - обичаи кои се излишни барем според мене покрај тоа што не се христијански т.е. бегаат од контекстот на христијанското (ова може да се однесува за било која др.религија), одземаат време, а и материјални средства. Животот може да биде многу по едноставен, а не сложен. И сам Исус се обидел да им укаже на евреите дека можат да си го упростат животот при практикувањето на религијата.

Се сложувам со тебе. Штета што кај нас на празниците се слават одредени луѓе (светци), наместо да се слави Бог.
Во однос на тие излишни обичаи и, јас би додал, небиблиски учења во христијанството, јас пред неколку страни ја формирав следнава листа:
1. Крштевање бебиња
2. Изработување икони, нивно осветување, а потоа клањање пред нив, целивање, палење кандила итн.
3. Молење на светци (покојни верници)
4. Монаштвото
5. Култот за светите мошти (лешеви), клањање пред нив и нивно целивање, мирисање и сл.
6. Осветувањето на предмети (крстови, бројаници, цркви, куќи и сл)
7. Осветувањето на вода, света вода, фрлање крст за празникот Водици
8. Молење за мртвите, раздавање храна во нивно име (Задушници)
9. Палење свеќи за живи, за мртви, за здравје, за бериќет.
10. Култот на „Пресвета Богородица“ и нејзиното обожавање со околу 40-тина небиблиски божествени титули (најголема, пресвета, преблагословена, Господарка, владичица...)
11. Бацување раце на свештеници.
12. Носење на посебни свештенички одора, великодостојнички мантии и огромни златни крстови на нив.
13. Национализам.
14. Етнофилетизам.
15. Прекрстување со рацете.
16. Мафтање со кандила.
17. Мешање во политика.
18. Побратимување со власта.
19. Целибат на владиците (епископите), архиепископите и сл. (се чудам како ги обвинуваш католиците за ова искривување, кога и во православната црква го има истото)
20. Учењето за митарствата (небесните цариници низ кои поминува душата на покојниот за да им дава отчет на демоните)

Дали би можел ти нешто да додадеш на ова, за да ја прошириме истата?
Однапред благодарам.
 
Кога некој нема со што свое да се пофали, плука по туѓото.:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom