Не палат свеќи воопшто, освен кога е темно нема струја и свеќата би била единствен извор на светлина. Во сите други случаи тие палат електрични светилки (сијалица, неонка) за осветлување на просторијата каде што се молат.
Ниту се молат пред икона, ниту кадат со кандила. Едноставно му се молат на Бог, ги искажуваат нивните потреби и благодарности пред него, се молат и за другите (за болните, гладните, оние кои се во невоља, сиромаштија) и сл. Молитвата ја разбираат не како некоја стихотворба или песна што трба да му ја прочитаат од некој молитвеник на Бог, туку како лична комуникација со Бог слично како што и едно дете ги комуницира своите потреби и благодарности со својот родител.