Но кажав Стариот Завет(вештачко име дадено од новата секта од I век) е Законот на Мојсеј, Еврејски божји закон.
Стариот завет не е само Законот на Мојсеј, туку во него спаѓаат и книгите на пророците, историските книги (летопици, царства, самоиловите книги), псалмите, Соломоновите книги (проповедник, поговорките). Законот на Мојсеј (Тората) е само дел од Стариот Завет.
И зошто не ми одговори некој на прашањата во врска со јазиците на кои е напишана таа толку ценета библија? НЕ знаете или...?
Не сфатив кое ти е прашањето?
Видов погоре дека го нарекуваш старо-грчкиот јазик коптски? Ако се разбираше малку од новозаветната лингвистика ќе знаеше дека новиот завет не е напишан на коптски јазик, туку на коине грчки јазик. Коине и коптски не е исто. Коине грчкиот јазик бил службениот јазик во тоа време (паралелно со латинскиот), нешто како англискиот денес.
Сега заинает вака зборуваш, или веруваш дека се сопствени именки?
Не зборам за инает. Во Библијата е кристално јасно и недвосмислено дека Адам и Ева се вистински реални личности и во Библијата нема никаква индикација дека тоа се алегориски личности и приказни.
--- надополнето ---
Пиповски напиша:
1. Зошто бог ја создал галаксијата андромеда...
1.Зошто во библијата не се спомнати диносаурзите?
1.Зошто одите во црква и се молите на икони, кога тоа се коси со еден од десете божји заповеди...Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја.
1. Бог си има причина зошто ја создал галаксијата Андромеда. Бог не е должен да ни објаснува за секое Негово создание што го создал. Тој во Библијата ни објаснил само она што не тангира нас и веројатно сметал дека не е потребно да не замара со непотребни детали.
2. Зборот "диносаурс" е современ збор и поттекнува од 19 век. Оттаму е нелогично да очекуваме истиот да се користел и во библиско време. Во Библијата се спомнати диносаурсите, но по друго име: змеј, ѕвер, чудовиште. Во книгата на Јов на пример е спомнато едно огромно животно кое што имало опашка како Кедрово дрво (прилично големо дрво). Таму веројатно станува збор за еден од поголемите диносаурси.
3. Ова прашање не е за оваа тема. На икони се молат и клањаат само православните. Оваа тема е "Прашања за христијаните" и генерално христијаните не се молат или клањаат на икони, слики, затоа што, како што велиш, тие се забрането со Библијата. Но разликата во православието е во тоа што тие не се држат само до Библијата, туку си имаат некои свои додатоци, преданија, одлуки на ткн. "вселенски собори", житија исл. Христијаните што се држат само до Божјиот Збор (Библијата) не се молат и клањаат пред икони.
Поздрав!