Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Тората е дел од Библијата. Во Библијата не е спомнато дека Авраам (Ибрахим) градел некакво ќабе.

Прашање:

Кој ја пишувал библијата, какво потекло имал, каде живеел тој човек и тн ?
 
Прашање:

Кој ја пишувал библијата, какво потекло имал, каде живеел тој човек и тн ?

Библијата ја пишувал Павле, иначе имал паганско потекло и пред да добие визија бил ловец на Христијани. Откако ја добил визијата решил да му се посвети на Бога и така пораката која иначе Исус ја забранил да се разнесува по светот, бидејќи беше само за овците од Израел, он ја разнесе насекаде. Иначе додека некои учени би кажале дека Павле од толку што го мразел Исус, почнал да проповеда различно од него, јас би кажал дека е основач на Православието. Исус ништо не правел од тоа што се прави денес по Христијанскиот свет. Блаодарение на Павле и многу други ликови, како Матеј, Марко и тн. кои патем никогаш не му ја виделе сенката на Исус, денес имаме една верзија на библијата која никако не се совпаѓа со тоа што го правел Исус. На пример он не се крстел, забранил икони и други идоли и рееееед други работи, но како што веќе спомнав некој проповедал спротивно од тоа, каде после воведување екстремни нови закони во Христијанството бил третиран како цар.:oeoeoe:
 
DavidGueta, прочитај ги правилата на темава пред да коментираш:

2. Прашањето се одговара само од Христијански верник, пожелно од некој кој стварно знае да одговори, дозволено е и повеќе одговори но само од верници од Христијанството, кои ако мислат дека првичниот одговор не е во ред односно не е потполн и сакаат да дообразложат/дополнат.
 
Христијанството воопшто не учи дека човекот е валкан после сексуалниот однос, така што воопшто нема потреба од некакво "религиозно чистење". Сексот е чиста и благословена работа во христијнаството и воопшто не се гледа како нешто нечисто, валкано.
Се разбира хигиената наложува доколку се запотиш после сексуалниот однос да се истушираш. Истото важи и после секоја физичка активност од која што би се испотил.

А некаде прочитав дека мастурбацијата е грев. Е?!
 
Дали бог ќе ги казни оние кој пушат марихуана?
И ако ги казнува, тогаш зошто го создал тоа растение?
 
А некаде прочитав дека мастурбацијата е грев. Е?!

Да. е грев-тежок грев.

--- надополнето ---

Дали бог ќе ги казни оние кој пушат марихуана?
И ако ги казнува, тогаш зошто го создал тоа растение?

Тие кои конзумираат марихуана, веќе се казниле самите себе. Да, Бог навистина е Творец на се, па и на марихуаната, но Св. Ап. Павле вели: „..Се ми е дозволено, но се не е полезно..„. Откако Адам го стори првиот грев, релациите меѓу нештата се променија, па така, дел од животните станаа човекови непријатели, а дел од растенијата, станаа штетни за човекот, како што е марихуаната.
 
Откако Адам го стори првиот грев, релациите меѓу нештата се променија, па така, дел од животните станаа човекови непријатели, а дел од растенијата, станаа штетни за човекот, како што е марихуаната.

Прашање:

Како е штетна марихуаната? Умрел некој верник?
 
Прашање:

Како е штетна марихуаната? Умрел некој верник?

Еве јас да се надополнам ... за да не биде овака малце и офтопик прашање ..

значи .. прво незнам дали е ова твој личен став Мики или пак Православен ..
Од кога е штетна марихуаната .. од кога законски се стави во листа на дроги или ? затоа шо векови и векови никој не ја сметал за штетна .. „штетна“ законски е еден век .. дали од тогаш и вие ја сметате за штетна или?
 
Првите луѓе на земјата се Адам и Ева според библијата, кога бог ги протерува од рајот, нивните први два сина се Абел и Кеин. Во тој момент освен Адам, Ева и нивните синови нема други луѓе на земјата!
Во приказната за Абел и Кеин, одкако Кеин го убива својот брат е протеран од страна на бог. Но Кеин бара од бог да го заштити од луѓето на кој може да наиде, и кој би можеле да го повредат! На што бог му става знак кој ќе го штити од тие луѓе!
("Not so; if anyone kills Cain, he will suffer vengeance seven times over and God set a mark upon Cain, lest any finding him should kill him")
Кој се луѓето од кој Кеин е заштитен, ако единствените луѓе кој постојат на земјата тогаш, се тој и неговото семејство?
 
Прашање:

Како е штетна марихуаната? Умрел некој верник?

Умираат и верници и неверници-законот на смррта е безмилосен за сите. Марихуаната е штетна, оти го поставува човековиот мозок во неприродна состојба, популарно наречена „хај„; каде мозок ги перцеприра околните нешта ( и самиот себе) во погршена претстава за истите, еден вид бегање од стварноста.

--- надополнето ---

Еве јас да се надополнам ... за да не биде овака малце и офтопик прашање ..

значи .. прво незнам дали е ова твој личен став Мики или пак Православен ..
Од кога е штетна марихуаната .. од кога законски се стави во листа на дроги или ? затоа шо векови и векови никој не ја сметал за штетна .. „штетна“ законски е еден век .. дали од тогаш и вие ја сметате за штетна или?

Марихуаната е штетна од кога и постои. Тоа што световната власт прави ваква или таква категоризација на опојните средства, тоа за црковното учење е небитно.

--- надополнето ---

Зошто мастурбацијата е грев ?

Затоа што самиот поим „грев„ значи „промашување„ и затоа што самозадоволувањето не е задоволување на сопружникот, што занчи дека целта (сопружникот) е промашена.
 
Во тој момент освен Адам, Ева и нивните синови нема други луѓе на земјата!

„По Ситовото раѓање, Адам живееше осум стотини години; и му се родија уште синови и ќерки.“ (Битие 5:4, Библијата)

Книгата Битие не користи секогаш хронолошка наратива, туку почесто користи и тематска наратива. Тоа значи дека ако во 3то поглавје е направено осврт на случката со Каин и Авел, тоа не значи дека тие биле единствените синови и ќерки на Адам и Ева. Исто така Библијата не кажува ништо за времето кога Каин го убил братот Авел, така што можно е истото да се десило и кога на Адам и Ева им се родиле еден куп деца, внуци, правнуци, пра пра правнуци итн.
 
Првите луѓе на земјата се Адам и Ева според библијата, кога бог ги протерува од рајот, нивните први два сина се Абел и Кеин. Во тој момент освен Адам, Ева и нивните синови нема други луѓе на земјата!
Во приказната за Абел и Кеин, одкако Кеин го убива својот брат е протеран од страна на бог. Но Кеин бара од бог да го заштити од луѓето на кој може да наиде, и кој би можеле да го повредат! На што бог му става знак кој ќе го штити од тие луѓе!
Кој се луѓето од кој Кеин е заштитен, ако единствените луѓе кој постојат на земјата тогаш, се тој и неговото семејство?

Покрај Адам и Ева, со синовите Каин и Авел, тука е и Сит, а имајќи ја во предвид нивната долговечност, тоа значи дека не се работи само за Адам и Ева, туку и за сите други нивни деца, родени после Каин и Авел. Така, се работи за „поширока„ фамилија,што значи дека имало и „други„ луѓе, кои не смееле да му наштетат на Каина.
 
Зошто тогаш не е спомнат ниту еден збор за таа "поширока фамилија"? Зошто не се споменати по име, место каде живееле? Вака е само нагодување и толкување, секој може да го толкува како му одговара!
 
Каин и Авел се споменати не само затоа што биле меѓу првите Адамови и Евини синови, туку и ради првото човекоубиство кое е познато во историјата, со што злото (братоубиството) дефинитивно влегува во Светови трае до ден денешен.

Таман работа ако во Писмото се наведени сите нивни наследници.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom