Ако добро ги разбрав моите пријателки од ИЦ жената според исламот треба да си работи да се образува итн. Не знам арапски, затоа и го немам прочитано Куранот, па да речеме им верувам.
Се надевам дека овде има жена муслиманка која ќе ми објасни зошто ако е ова точно не се почитува, а ако е неточно зошто се согласува на живот во кој мажот е супериорен во однос на неа? Односно смее да и дозволи и забрани, да ја ,,тепа кога заслужува,, итн. Многу ме интересира, исто како што би сакала истово да биде потврдено или демантирано со цитати од Куранот.