F
Frankie Yale
Гостин
Точно е дека исламот се шири на запад, но од други причини. Едната е зголемениот број на илегални имигранти во европските земји, другата е правото за избор на вероисповест што во скоро сите муслимански земји го нема... Со што се добива ширење на исламот во западот преку имиграции на муслимани кои доаѓаат од сиромашни земји, високиот наталитет на тие заедници а истовремено имаш забрана за конвертирање од ислам во друга религија во исламистичките земји со што се добива илузија дека процентот на муслимани во муслиманските земји е стагнантен додека во Европа тој процент се зголемува. Не е илузија, реалност е но тоа не е никаков показател дека цел свет пребегнува спрема ислам. Еве линк на луѓе кои се конвертирале во христијани, имаш листа подоле која го опфаќа исламот и ќе видиш дека има и конвертирани од другата страна, а ретко кој од нив бил пијаница.Нема потреба од никакво лажење. Се согласувам дека кога некој конвертира во Ислам тоа е ударна вест. Исто така се согласувам дека голема прашина се дигна околу Мајк Тајсон и Мајкл Џексон, но во криво си кога викаш дека сме во илузија со тоа што мислиме дека светот конвертира во Ислам. Доволно е на Ју Тубе да видиш лични сведочења на луѓето кои преминале во Ислам. Значи не се работи за дезинфорамции кои некој ги пуштил низ интернет. Луѓето сами сведочат, а бројките се огромни, има случаји каде цели групи влегуваат во Ислам. Исто така се согласувам за наталитетот, но тоа само придонесува за растот на Исламот а ние тука зборуваме за конвертирање. Точно дека во некои земји казната за тој што ќе го напушти Исламот е смрт, но тоа го има само на Исток. Што правиме со другите Муслимани низ Европскиве земји ? Во Турција тешко дека ќе најдеш Муслиман кој конвертирал во Христијанство, во Босна исто така. Или во било која друга земја каде пто има Муслимани. Ептен е слаб бројот на оние кои го напуштаат Исламот. Како што спомнав тоа се луѓе кои никогаш не биле посветени на Ислам, луѓе кои ги водела страста кон овој свет, алкохоличари, коцкари итн. Познавам Муслиманки од Македонија, Босна, Србија и многу други земји кои ја смениле својата вера заради љубов. Значи луѓе кои не го спознале Аллах џ.ш кои биле Муслимани само со име, па така и влегле во Христијанство без некое посебно познавање за Христијанството. Еве за пример ќе ја земеме Анабела од групата фанки џ. Девојката беше Муслиманка а ја смени својата вера да би се венчала во црква. Не негирам дека има Муслимани кои биле одлични Муслимани па го напуштиле Исламот. Се разбира еден од тие беше од Улемата. Ги има и кај нас и кај Христијаните со слабо познавање за својата вера, па влегуваат во друга, но исто така ги има од оние верници кои цел живот биле посветени на својата вера, па после ја напуштиле. Она што јас сакам да го истакнам е дека Исламот води по тоа што го избираат луѓе свесни за својата одлука а не од немајкаде.
Како и да е еве ќе ти дадам еден линк па ете можеш и другите да ги гледаш после овој. Како прво најголемите медиуми како CNN или BBC нудат вакви информации, дека Исламот се шири на запад.
Е сега, не расправам јас која религија е подобра, христијанство vs ислам туку сакам да ти укажам дека овие конвертирања се нормална работа и не се показател за ништо, Џулија Робертс се конвертирала во Хиндуизам и тоа не треба ништо да значи, а за растот на исламот објаснив погоре, конвертирањата се одговорни за многу мал процент во растот на исламот. Далеку поголема улога за ширењето играат масовните имиграции, високиот наталитет и правото за вероисповест во европските земји и казната со смрт во исламистичките.
Јас искрено, бев муслиман пред да се откажам, сега сум атеист и едноставно не верувам во ниеден бог не само алах зошто за ниеден никогаш немало доказ.