Што мислите за Жан Митрев?

  • Креатор на темата Креатор на темата Непознат
  • Време на започнување Време на започнување
^
19 страни тера инает,па што е многу,многу е.

Вкупно има 67 постови на темата...For now!
Дајте оставете вака ,мислам дека нема веке смисла да се објаснува.
Сите знаеме кој е и што е Жан Митрев.Неможе некоја личност да влијае на моето мислење колку и да се труди да не убеди во спротивното.
Човекот си имал и ке има пациенти.
 
Вкупно има 67 постови на темата...For now!
Дајте оставете вака ,мислам дека нема веке смисла да се објаснува.
Сите знаеме кој е и што е Жан Митрев.Неможе некоја личност да влијае на моето мислење колку и да се труди да не убеди во спротивното.
Човекот си имал и ке има пациенти.
И искомплексирани хејтери,што немаат друга работа,живеат во странство зошто во Македонија не му е убаво,и серат за македонски доктори кои му помагаат на овдешното население.
Get a life докторе.
 
Мислам дека почна да ја претеруваш.И само создаваш револт со сликиве,ништо друго не постигнуваш.

Ок...сакав само малку по илустративно

--

Такви операции се направени во филип 2ри благодарение на спец. Владо којшто има огромно образование во германија. Д-р Жан нема никаква врска со анестезиологијата, нем да не се смејам!
Освен тоа овие операции со локална анестезија носат огромен ризик, а не се оправдани. Зошто генералната анестезија е многу безбедна, и нема смисла, доколку пациентот може да подлежи на срцева операција, може да подлежи и на генерална анестезија.
Поради тоа оваа метода и не се практикува низ светот.

Тогаш........
Имаш право да му љубомориш и да го мразиш.......пошто кажано со ирски жаргон си banjaxed!

Секое добро!

Се разбира тоа го кажав во саркастична смисла.
А кажав овде ми е добро, и немам потреба во Македонија да почнувам се од почеток, кога веќе тоа го направив на друго место. И многу добро објаснив зошто сум овде. И добро ми е. Имам се што ми треба и никој не ме уценува и не ми шефува, јас сум си сам за себе шеф. И за наредните 10 години сум решил да бидам тука сум земал кредит, и не сакам во Македонија.
А дали лекувам Македонци или Кинези за мене е исто. Зошто јас сум граѓанин на светот, а не на Македонија. Така се осеќам, и за мене Шиптарот и Македонецот се исти, не само на збор туку и на дело!
Освен тоа, во Македонија ќе бев доктор PhD на 60 години, а хирург никогаш, зошто и татко ми никогаш не бил, that's how it works.
 
Претпоставувам дека Непознат е одлично запознаен со образовните постигнувања на секој можен хирург од Македонија.

Те молам внимавај на јазикот. Ако во Британија ги навредувате другите етнички групи, ние овде тоа не го правиме.

Тоа што татко ти не бил PhD или хирург не е крива Македонија. Крив си е самиот што не се борел. Како постигнале оние што живеат сега тука во Македонија и се PhD да станат тоа што се?
На крај, остани си во Британија за и твоите деца да добијат титула PhD на 18 или what-so-ever години. Пошо татко им овде не успеал. Па така нема ни тие, според логикава твоја.

На крај пак, ако имаш толкаво познавање од областа во која работиш и толку имаш напреднато, во Македонија нема да почнеш ништо од почеток. Како што не почнува никој кој има огромно знаење а доаѓа од странство.
 
Аман, ќе и дојде ли крај на темава веќе еднаш... мислам дека доволно беше!
 
Претпоставувам дека Непознат е одлично запознаен со об.......

- Не навредувам никој и почитувам секој, тоа беше тоа што го кажав. Не морам да лекувам Македонци, да имам клиника привата во МК, и да работам во МК за да бидам Македонец или да бидам "добар како Жан", како што многу милувате да кажете сите. За мене е чест што работам во еден толку многукултурен град, каде што над 200 нации идат секојдневно во болницата. И верувај до сега никогаш никој не сум прашал каков е а и тоа нема никогаш во животот да го направам. Исто така како што и мене никој не ме прашал.

- Ти не знаеш ништо за татко ми и не знаеш зошто не бил хирург. Поради тоа и немаш право да зборуваш за него. Јас знам како функционират работите во МК. Фрустриран сум од тоа. И поради тоа ја напуштив МК на 14 год., истата не ми желба и сон. Немам таму никој и ништо, и немам работа во МК. Иако ја сакам како моја татковина. Но тоа е се, јас не сум должен да трпам од 20 годишната транзиција на политичките крадци и апаши низ МК, како и олигарски, Кљусевци и Митревци.
А ти немаш повеќе од 18 години, или живееш во богата/партиска/докторска ложа, и не го доловуваш њухот помеѓу обичниот човек.

Излези надвор ќе ти стане се јасно, тоа ќе го посакам и на секој мој колега.

- Колкаво и познавање да имам во МК ќе бидам никој верувај ми. Тоа е така. Жан имаше татко камерман во МТВ, дедо претседател на држава, министри, па со какви опструкции и чуда се соочи кога дојде во МК? Па што станува за мене? Јас во МК не можам нити една секунда да бидам доктор, а не цел еден живот. И за 1 цент да работам, тука ќе работам. Затоа што работата е број 1 за мене. Број 2 е семејството (а и тоа сака да биде овде).

А викаш тато им овде не успеал? Не успеал затоа што не се обидел. А да сум се обидел може би и навистина немаше да успејам. Затоа што имам многу посебен карактер, што не толерира ништо освен правда! Што не толерира врски, што не толерира уцени, навреди. Јас учев 1 година во Македонија средно, се скарав со професорката по анатомија и ме набркаа од училиште. И подобро не ме прашувај зошто. А овде и да не ми чини нешто, дискутирам и никој не ми наметнува авторитет, никој не го праќа неговото дете пред мене на некоја позиција или операција. Се се решава отворено, пред моите очи, а не зад моите уши
 
И ти не знаеш ништо за никој од нас овде, како што ти кажа и HITCH па си зема за право да лепиш етикети по сите. Ете на пример, јас имам не повеќе од 18 години и сум дел од богата/партиска/докторска ложа и сум опериран од чувствата кои ги имаат обичните луѓе...
Да бев од таа ложа ќе ти постирав само едно единствено мислење кое ќе гласеше:
Во право си за Жан. Се што има направено е со протекции, со партиски врски и со пари купено ама ти ништо не можеш да направиш во однос на тоа. Ниту ти, ниту никој друг.
И баш поради тоа што си ја напуштил, остави сега луѓето што останале или се вратиле овде да работат онака како што Македонија овозможува и онака како што се останато функционира во државата.
Штом си отишол од овде и не се враќаш, не пробувај да уништиш од страна нешто што се покажало само како спас за граѓаните кои имаат срцеви проблеми.
Ако мислиш дека е неправда, врати се и исправи ја. А не, си седиш на одмор сега, некаде далеку од татковината, си се откажал од се што таа нуди а сепак зборуваш за тоа кој е а кој не е исправен во својата работа.


п.с. Непознат, дали работиш во клиниката која ја имаш на аватар?
И кажи ми ти беше главен оператор или шеф на неврохирургија на клиниката кај што работиш?
 
Да, работам во таа болница 1 година, бидејќи ќе предавам во истата од септември на асоцираниот универзитет, и уште во три каде што воглавно ми е специализацијата.

Јас сум хирург, што оперира неврохируршки пациенти. Се уште не сум неврохирург, бидејќи специализирам.
Правам операции како прв хирург и како асистент хирург, во сите 4.

Се разбира дека не сум главен на одделенија и клиники.
 
Да, работам во таа болница 1 година, бидејќи ќе предавам во истата од септември на асоцираниот универзитет, и уште во три каде што воглавно ми е специализацијата.

Јас сум хирург, што оперира неврохируршки пациенти. Се уште не сум неврохирург, бидејќи специализирам.
Правам операции како прв хирург и како асистент хирург, во сите 4.

Се разбира дека не сум главен на одделенија и клиники.

Океј. Фала на одговорите и друг пат не брзај во заклучоците за другите.
 
Како си напорен бе Непознат, остави не раат у баруштинава да скапуваме...глеј си таму германија британија...што се секираш за нас овде кога не те интересира да лечиш у Македонија, лекувај турци у германија.
Btw, гарант овие ти се идоли

m8goqg.jpg
 
За Жан све најболје!



Него овој Непoзнатиов ме мачи. Од таа причина му зедов целосна анамнеза за да дојдам до етиoлогијата на неговата болест – патолошки лажго!
Прочачкав низ цела историја и внимателно му ги прочитав сите постови и дојдов до заклучок дека дотичниот е зачленет на форумов на 26-05-10 со особен интерес на темата “измени во законот за увоз на автомобили

И прашува за пренос на автомобил со бугарски регистарски таблички во Македонија. А он живее и работи во Британија како со тврди подоцна,али изгледа е живо заинтересиран за автмобили со БГ таблички.
За да на 14-06-10 изгледа од како ја пренел колата на МК таблички се интересира, цитирам: “Некој има ли полагано за Б+Е и колку е цената?” . А нели он во странство,доктор, хирург,врвен,али изгледа со метро се вози во странција!

Исто на 28-06-10 Отвара тема : “Помош - приватна тужба за психички штети “,LOL докторе !

И дотичниот се интерсира за покренување на тужба приватна тужба против работодател (што го избркал од работа) и колкави му се шансите судот да пресуди во негова полза? И притоа го спомнува ОСНОВНИОТ СУД ! А нели он зафатен,доктор лечи секој ден !

Потоа на 28-06-10 се интерересира за вонредно студирање во Македонија и цитирам “И дали може да ме примат вонредно со договор за вработување од странство?”Шо ќе ти е бе докторе вонреден факс во Македонија, за шо?? Ааа и шо сакаше да избереш?

Нели он почна да оперира како општ хирург неврохирушки пациенти па многу ни е модерен докторов во странство прочитал некаде на фејзбук за Пренос на број од T-mobile на VIP и с овие зборовни на 01-07-10 ветува дека и он ќе се префрли:“Ок...фала....ќе се префрлам и јас!”Докторе бе! Нема ли работа на клиниката па неколку месеци сте на одмор во Македонија или ?


Ова му е врв ! на 30-07-10 годнина коментира на темата Брзина на вашиот интернет во прилог слика каде што јасно се гледа дека провајдерот му е SPECTRUM NET SOFIA (мили мои) Ало Докторе...добар?

http://forum.kajgana.com/showthread.php?13863-%D0%91%D1%80%D0%B7%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%B0%D1%88%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82&p=3696641&highlight=#post3696641

И од кај го нема докторов,изгледа оперира како прв хирург ете ти го ја отвара темата ШТО МИСЛИТЕ ЗА ЖАН МИТРЕВ? Во мегувреме започнува да коментира на медицински теми од типот дежурна ординација и малолетни пушачи и слично ! нели доктор де! И тука почнуваат ноќните мори на истиов! И смени аватар да да,видете го самите.

На 10-08-10 вика “Па ти да идеш да ја видеш болницата каква е во штип.”
Да идеш да ја видеш на штипски кажано, а?

14-08-10 “Да, учев во Бугарија, имам пријатели, одам секоја година, и горд сум на тоа. Лиценциран сум да работам медицина во Бугарија, во Германија во Британија и во Ирска.
Да, И источна Македонија.”

Ете го кутриот тој конечно призна!
Згора на се, од петни жили е запознаен со се во Македонија . Се инетересира за човек што не му е конкуренција, не му е у бранша, не го познава и трули против него – мразете го не заслужува, подобар е од мене!

И сеа на крај се извинувам шо немав доболно време да одвојам за поисцрпна анамнеза и да напишам пообемна историја...а за пишење има уште, ми се отвори човеков.

Ме инспирира жити све да отворам тема ШТО МИСЛИТЕ ЗА НЕПОЗНАТ?

Модератори ако не е место на мислењево тука, бришете!
 
^^ хехе браво .. Зеленко од мене :)

туку шо си се мачел толку за еден „Непознат“ буквално :) .. туку којзнае какво оправдување ќе даде :)
 
сега ќе дојде кај и да е, некој дел од него (?) он ли, другиот ли, па се ќе објасни :pos::pos:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: any
Ај баш да видиме, на идеја дојдов за ова уште пред некој ден и сега морав да го решам,жити све!
Преку врвот на os occipitale ми отиде!
Ајде,кој чека ќе дочека.
Тууу и ние какви сме лоши, не го оставаме човекот на раат одмор да си тера.
 
Ќе ти каже сега дека за роднина прашувал, како во Здравје темине, сите што имаат понезгодни работи, прашуваат за тетки стрини чичковци :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom