Што мислите за Жан Митрев?

Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
Чекај какп што разбрав, Вие сте неврохирург?
Да колега...уште ги немам положено државните испити бидејќи ми фалат некои поретки самостојни операции во број, ама веќе имам самостојни операции
 
Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Да колега...уште ги немам положено државните испити бидејќи ми фалат некои поретки самостојни операции во број, ама веќе имам самостојни операции
Па јас сум добар пријател со скоро сите невро хирурзи во државна болница, и често приватно и служебно се дружиме како хирурзи, што значи веројатно се познаваме.....:)
 
Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
Па јас сум добар пријател со скоро сите невро хирурзи во државна болница, и често приватно и служебно се дружиме како хирурзи, што значи веројатно се познаваме.....:)
Ако ми веруваш јас еден не познавам, освен д-р угриновски.... немам 2 дена работно искуство во мк

а добро вие оперирате само на граден кош ли? а другите садови операции кај се прават? на пр. на екстремитетите и на пример абдоменалните аневризми
од секогаш ми е била чудна торако-васкуларната клиника
 
Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Ако ми веруваш јас еден не познавам, освен д-р угриновски.... немам 2 дена работно искуство во мк

а добро вие оперирате само на граден кош ли? а другите садови операции кај се прават? на пр. на екстремитетите и на пример абдоменалните аневризми
од секогаш ми е била чудна торако-васкуларната клиника
Да во зависност од потребата, најмногу операции имам направено на карцином на дојка, и ракот како болест е моја врвна прекупација, како и итните случаеви кои често се пренасочувани на нашата клиника, инаку професор Угринофски, д-р Цветковскам па и другите од таа клиника се мои пред се многу добри пријатели кои навистина ги почитувам...
 
Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
да, за д-р угриновски имам големо мислење. иако го имам среќавано само на конгреси

за ракот знам дека кај вас се оперира, но на пример кај мене садовата хирургија е посебна, и оперираат од пети до глава понекогаш, и дури викаме многу пати васкуларни хирурзи да оперираат на мозокот кај некои обемни аневризми

додека торакалните се и кардиохирурзи, нели кардиоторакална хирургија

точно да ја вметнам темата, најправилно можеби за МК ќе беше да се направеше државна кардиохирургија во склоп на вашата и тие 2 работи ако не можеше да се поврзат поради традицијата и постарите лекари, барем да беа една до една. би имало одлична соработка и пред се одлична екипираност за самите пациенти
 
Да во тоа можам да се согласам, но ако зборуваме за организацијата на државна болница сметам дека би можела да се организира многу подобро него денеска(и така побегнавме од темата :) ), не само помеѓу кардио и торакалната хирургија туку и помеѓу неколку други клиники имаме одличен кадар, кој за жал полека испарува но сепак мноштво одлични професори се во државна болница и мислам дека кога би имале шанса да си ги покажат силите (тоа подразбита, добри услови за работа, модетни апарати, добри плати и сл.) небиимало рамен ниедна друга клиника со државната, мислите дека од Жан Митрев нема подобар во македонија? Јас мислам дека има, но бидејки немаат шанса да се докажат или бегаат на страна или завршуваат не забележани на Кардиологија.
 
Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
Да, дефинитивно нешто мора да се направи. Треба да се погледнат туѓи искуства. На пример во соседни земји на МК постојат одлични државни клиники, началниците успеваат да си соберат донации од милион страни, од фармацевски куќи....и така прават прекрасни клиники

На пример во Германија и во Англија едноставно не постојат приватни клиники (барем обичниот човек не ги знае). Постојат само колку да се каже за ептен високата елита во вид на хотели, и таму пак оперираат докторите од државните болници, на повик. И најголемиот број се гинеколошки. Единствениот плус според нив е тоа што нема да бидат пациентите со обичните смртници :toe:

сепак скопје е држава за болниците од внатрешноста, што според мене и не можат да се наречат болници а камо ли клинички :pos2:

Најлошото е што во Македонија во старт почна лошо, со отварањето на приватни клиники, и со отварањето на приватни универзитети.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Не знам дали на докторите им се познати средствата за комуникација како МСН и Скајп.
Ако не ви се, ќе ве запознаеме.
Go away.
 
Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
Не знам дали на докторите им се познати средствата за комуникација како МСН и Скајп.
Ако не ви се, ќе ве запознаеме.
Go away.
Маги капачето како принцеза не е лошо да ме научиш?
Што треба да правам? Може и да практикуваме малку на скајп или мсн :kesa: да те додадам ли :kesa:
 
Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Не знам дали на докторите им се познати средствата за комуникација како МСН и Скајп.
Ако не ви се, ќе ве запознаеме.
Go away.
Јас стварно се извинувам за овие коментари кои се надвор од темата...

--- надополнето ---

Да, дефинитивно нешто мора да се направи. Треба да се погледнат туѓи искуства. На пример во соседни земји на МК постојат одлични државни клиники, началниците успеваат да си соберат донации од милион страни, од фармацевски куќи....и така прават прекрасни клиники

На пример во Германија и во Англија едноставно не постојат приватни клиники (барем обичниот човек не ги знае). Постојат само колку да се каже за ептен високата елита во вид на хотели, и таму пак оперираат докторите од државните болници, на повик. И најголемиот број се гинеколошки. Единствениот плус според нив е тоа што нема да бидат пациентите со обичните смртници :toe:

сепак скопје е држава за болниците од внатрешноста, што според мене и не можат да се наречат болници а камо ли клинички :pos2:

Најлошото е што во Македонија во старт почна лошо, со отварањето на приватни клиники, и со отварањето на приватни универзитети.
Апсолутно се согласувам со ова
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Маги капачето како принцеза не е лошо да ме научиш?
Што треба да правам? Може и да практикуваме малку на скајп или мсн :kesa: да те додадам ли :kesa:
Научи како да се однесуваш учејќи од примерот на колегата ти Доктор1 ко за почеток.
И додади си го него, зашо со мене очигледно немаш тема за муабет.
Попросто кажано: офтопик сте :)
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Ај и јас малце да се уфрлам во темава, откако прочитав поголем дел од постовите, а ми требаше доста време за тоа.

Од пациенти сум слушал се најдобро за Митрев, нормално дека има колеги и останати луѓе на кои не им се допаѓа. Можеби има некои финансиски интереси во тие муабети со клиниката, но има и од друга страна така што и другите не се ништо поарни од него.

Околу делот за врските, како што знам 80% од синовите и ќерките на врвните докторите се запишуваат на медицина и автоматски видиш од старт имаат некакви врски. Дали според тоа треба одма да значи дека нема да чинат?

Академик не ме пали како поим така што воопшто не ми е гајле како го добил и дали заслужил.

Се додека спасува животи и пациентите се задоволни за мене е пример за добар стручњак. Не знам дали е писмен, дали е доктор и слично, дали некој му помага во операциите, дали има јахта, важно врши операции кои тука не можеа да се добијат на друго место.

И поука од сево ова ми е, дека за 10на години Д - р Непознат и Д - р Obersatz можеби ќе достигнат некое ниво како Жан, ќе отворат тука клиника или ќе бидат стручњаци во неврохирургија и торокална или како и да беше не е важно, и оп ќе се појави некој лик на форум и ќе рече Д - р непознат е обичен преварант, таму во странство ја купил дипломата, он е сељак не знае ни македонски да збори, Д - р Obersatz има богат чичко кој му плати специјализација, министерот му е трет братучед итн, итн, итн до недоглед.
 
Непознат

FRCS, MD, MSc. PhD
Член од
27 мај 2010
Мислења
130
Поени од реакции
12
Јас во мојата фамилија немам и никогаш не сум имал ниту еден доктор.
Единствено, од подалечните роднини имам медицинска сестра.
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Јас во мојата фамилија немам и никогаш не сум имал ниту еден доктор.
Единствено, од подалечните роднини имам медицинска сестра.
Не зборам директно за тебе, ама има многу такви. И тоа не мора да значи по дифолт дека нема да го бива.

А ми текна сеа и муабетот за Систина, ајде нека ме просветли некој колку е ноќевање таму? Пред некој месец баба ми имаше проблем со срце и ако не сум грешка 8000 или нешто така е за една ноќ? Сфаќам дека луѓето инвестирале во опрема, во хигиена, дкеа ќе те третираат како господин, ама за тие пари ќе си изнајмам личен доктор да ме чува дома.

Ете како лесно може да се почне со хејтање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom