Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Зошто,О ЗОШТО мислите дека управуваме со туѓите животи?Мојот став е цврст и не би го менувала,никој не би фатила за врат да не абортира(нема нит да ме послуша)а за забрана уште помалку.Мешаш управување и кажување на свое мислење.Како што таа што решила да абортира има толку причини за тоа јас имам толку против,и зарем тоа е управување?Свашта!
Примена на своите ставови врз себе е сосема ОК. Осудување на другите не е. Етикетирање на девојка која абортирала за “убиец“ воопшто не е ОК. Претпоставувам дека во болница пред да го извршат абортусот, ја запознаваат со сите негативни страни на абортусот. Понатака, таа сама ќе си ги сноси последиците, физички и психички.

Забранување на абортус?Сум строго против абортус но за жал имало и ќе има абортирање каде тоа би се вршело на нелегален пат,со нестручни лица и ќе има повеќе жртви отколку кај легалното и тој што решил ништо не го спречува.Така да,од таа гледна точка...кхм.. сум за легално(иако со мрчење го кажувам тоа).
Точно. Забраната на абортусот само ќе го префрли во сивата/нелегална практика, што ќе придонесе за губење на многу повеќе животи.
 

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Ако ти смета мојот „ортодоксен„ муабет може комотно да го прескокнеш,не претерувам само сакам да ви укажам дека абортусот е убиство,и дека сите лигави кукања од типот на „мала сум„ „егоистична сум„ „имам секс со 14 ама ја сум маwецко за бебе ухухуху„и ред други работи мене ми се повраќа!

А имиџот на муслиманите хммм... треба прст у чело да ставите за тоа прашање или повеќе ви одговара после неколку години да се викаш Вахит отколку Виктор...наталитетот на Македонците паѓа и паѓа...и паѓа.

Ако си како што пишува 31 година, и јас не би, верувај. Ама се прашувам како ќе реагораше ако имаш ќерка 16 години, и ти доаѓа дома и ти вика трудна сум од некој си кој несака ни да чуе?
Ќе го роди, нели?
Ќе го чуваш ти, ќе го чува она, и ти ќе остариш, таа ќе наполни 30 години и нема да знае кај и е газот, кај главата, зошто единствено нешто што ќе може да работи со 2 години средно ќе е келнерка, така???

Па тоа дете целото исфрустрирано, ќе живее во свет на некои ненормални норми, едноставно ќе биде копија на мама и ќе смета дека нема потреба од брак итн итн

Го претупев, ама не си во право.
Многу причини има за едното и за друго, не алудирам на тоа абортус да прави кој стигне, само сакам децата да растат во семејство на двајца родители кои бескрајно ќе се сакаат, а не кои направиле свадба колку детето да не е вонбрачно.

Децата се копија на родителите, живеат во свет и морални вредности наметнати од родителите(сакајќи или не).
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Примена на своите ставови врз себе е сосема ОК. Осудување на другите не е. Етикетирање на девојка која абортирала за “убиец“ воопшто не е ОК. Претпоставувам дека во болница пред да го извршат абортусот, ја запознаваат со сите негативни страни на абортусот. Понатака, таа сама ќе си ги сноси последиците, физички и психички.
Е убиство индиректно или директно кој како ќе го свати,девојката или жена која решила тоа да го направи самата себе ќе си се етикетира,може да дојде до големи психички последици,депресии и ред други работи...и нели е добро еден да каже дека тоа не е вред и да се превземат мерки пред сексот,отколку да ги бодриме и навивама за таков чин„Еми останала бремена на 14 години шо да прави да го роди ли?„ама никој пред тоа не и кажал за последиците на уживањето и кревањето нозе!
Подобро да спречиме отколку да лечиме,видеото прикажано е супер метода за добивање страв,за поголема претпазливост,па и немање секс(што е научна фантастика)се дур не се осети способна!

Ако си како што пишува 31 година, и јас не би, верувај. Ама се прашувам како ќе реагораше ако имаш ќерка 16 години, и ти доаѓа дома и ти вика трудна сум од некој си кој несака ни да чуе?
Ќе го роди, нели?
Ќе го чуваш ти, ќе го чува она, и ти ќе остариш, таа ќе наполни 30 години и нема да знае кај и е газот, кај главата, зошто единствено нешто што ќе може да работи со 2 години средно ќе е келнерка, така???

Па тоа дете целото исфрустрирано, ќе живее во свет на некои ненормални норми, едноставно ќе биде копија на мама и ќе смета дека нема потреба од брак итн итн

Го претупев, ама не си во право.
Многу причини има за едното и за друго, не алудирам на тоа абортус да прави кој стигне, само сакам децата да растат во семејство на двајца родители кои бескрајно ќе се сакаат, а не кои направиле свадба колку детето да не е вонбрачно.

Децата се копија на родителите, живеат во свет и морални вредности наметнати од родителите(сакајќи или не).
Големата ми ќерка е 9 години,уште од сега е многу добро запознаена за сексот,последиците на сексот,и што ако остане бремена кога уште не и е среден животот!Таа тематика и ја зборам уште кога имаше 7 години и верувај многу добро ме има сватено,и многу добро ќе размисли кога ќе дојде ред на тоа!
Школо се завршува и со 30,а има и многу студенти кои седат и незапослени...зарем они се осудени да немат фамилија?
 

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Супер, штом е така. Ама тоа кај нас, ретко во кое семејство го има. Нечии родители се зафатени со бизнис, за другите срамота е да се збори за секс, а тие се венчале на 17, ама тогаш се деле за рака итн итн

Знаеш општествово ни е на некое никакво ниво, луѓево попрво би ја примиле керќата трудна отколку на 12-13 години да зборуваат со неа што е секс. Куп родители околу мене, ги караат девојчињата ако мали фатат дечко, машките ги фалат и се глупираат, ама никако да го кажат тоа на начинот на кој треба, и колку што треба. Сеуште многу сметаат дека ако се збори за секс децата порано ќе го практикуваат. Па добро, подобро сигурен секс на 16 отколку сида, трудни и слично на 20.

Се сложувам апсолутно со последниот пост, само вистински жалам што таквите како тебе се ретки.

А што е до школото, тоа е помалку и повеќе релативно. Ама ако некој има факултет и ако е упорен и квалитет верувам дека ќе има повеќе успех од тој без. Тука не ги спомнувам наследствата како шанса за отпочнување бизнис.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Општ пост.

Нема да цитирам никого, но до сите се однесува.

1. Човекот не е Бог, не е тој да одлучува на кого ќе му се даде можност да живее на кого не.

2. Човекот кој се пронаоѓа на фотосот, нека го погледне случајот бр 1.
Абортусот е само уште еден начин на убиство.

3. Сперматозоидот нема раце, нема нозе, нема тело, нема глава, нема мозок... фетусот има.(Гаго не ми реплицирај, знам и знаете во кој контекст е реченицата).

4. Начини на самоодбрана ИМА, сакате книга во пдф формат или презентација да ви направам?

5. На крај краева па заборавивте ли?
Не видов никој да спомени, постојат Домови за деца без родители, постојат луѓе кои не можат да имаат деца, ете едноставно кај нив застанал покажувачот на Бог, па треба да бидат жигосани со зборот(ПОСЕБНИ)?
Зошто кога вие не можете да му обезбедите кров над глава, храна, облека, образование, едноставно живот... зошто мислите дека не постои некој го би им го овозможил ова?
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
1. Човекот не е Бог, не е тој да одлучува на кого ќе му се даде можност да живее на кого не.
Во недостаток на аргументи, фати се за Господ. Ти Џорџ Буш да не си андеркавер? :pos2:
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Во недостиг на мозочна маса, зборови и факти за реплика, се фати за стапот.
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Во недостиг на мозочна маса, зборови и факти за реплика, се фати за стапот.
C'mon, да не се вреѓаме. Ако почнеме да дискутираме за религија тука, ќе не избркаат од час :)

Да речеме дека сум атеист. Ајде убеди ме дека абортусот е погрешен, безпритоа да го спомнуваш Севишниот.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
C'mon, да не се вреѓаме. Ако почнеме да дискутираме за религија тука, ќе не избркаат од час :)

Да речеме дека сум атеист. Ајде убеди ме дека абортусот е погрешен, безпритоа да го спомнуваш Севишниот.

Зошто убедвање? Нели не е финтата да се убедиме, туку само да го искажиме нашето мислење и да кажеме зошто ни пречи абортусот.

А во врска со убедувањето..Читај:

Убиваш мало нежно суштество, го лишуваш од живот, поради себичност. За ти да живееш добро, го жртвуваш него.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Да речеме дека сум атеист. Ајде убеди ме дека абортусот е погрешен, безпритоа да го спомнуваш Севишниот.
Без разлика дали си атеист или не, никој нема право да одлучува за туѓ живот. Тоа дете има еднакви права да го види и спознае убавите и лошите страни на животот.
Ама луѓето се себични, гледат за себе...Ако веќе некој е зрел да има секс, треба да си ги сноси и последиците кои настанале.
 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
мене ми изгледа муабетов на глупост и дрскост од некои девојки,многу глупо размислувате али сепак имате право на свој став,не може со инка да ви се тура мозок,али пак да знаете женските ги сносуваат последиците за ваше добро зборам.мислете што правите.се предавате како незнам што ќе ми се лутел дечкото преку к... ако се лути кој го е...
па откако ќе стане нешто чукаја главата во ѕид.тешко вас:toe:

Без разлика дали си атеист или не,никој нема право да одлучува за туѓ живот.Тоа дете има еднакви права да го види и спознае убавите и лошите страни на животот.
Ама члуѓето се себични,гледат за себе...Ако веќе некој е зрел да има секс,треба да си ги сноси и последиците кои настанале.
целосно те подржавам за овај реч.
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Зошто убедвање? Нели не е финтата да се убедиме, туку само да го искажиме нашето мислење и да кажеме зошто ни пречи абортусот.
Јас мислам дека финтата е да ги искажеме своите мислења, притоа обидувајќи се да ја разбереме и спротивната страна. Нашите мислења и ставови не смеат да бидат прецврсти, туку треба редовно да се ревидираат и апдејтираат. За мене плодна дискусија е кога соговорниот аргументирано ќе успее да ме убеди во неговите ставови, е тогаш сум најсреќна жими се.

А во врска со убедувањето..Читај:

Убиваш мало нежно суштество, го лишуваш од живот, поради себичност. За ти да живееш добро, го жртвуваш него.
Ако треба да бирам меѓу еден перспективен човек и два неперспективни (читај:несреќни), го бирам перспективниот.

Без разлика дали си атеист или не,никој нема право да одлучува за туѓ живот.Тоа дете има еднакви права да го види и спознае убавите и лошите страни на животот.
Ама члуѓето се себични,гледат за себе...
Не гледам само за себе, гледам и за моите идни деца. Сакам да бидат сакани, среќни, згрижени и по можност да имаат двајца родители, кои ќе им пружат љубов. Сакам да им пружам можност за образование (кое денес се плаќа секаде), едноставно живот бар како мојот, ако не и подобар. А пред све, сакам да им пружам мајка која нема да ги гледа како товар во животот и причина за неисполнување на нејзините соништа.

Ако веќе некој е зрел да има секс,треба да си ги сноси и последиците кои настанале.
На што го базираш овој заклучок? Особено кога децата добиваат првото сексуално образование од порничи. Со поранување на пубертетот, денешните девојчиња можат физички да бидат созреани на секс уште на 10-11. А на тие години е лесно и да те прелажат. Ти тврдиш дека одговорноста за одгледување на млад човечки живот треба да се даде во рацете на некого на кого што не му даваат ни возачка дозвола? :)
 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
[/quote] На што го базираш овој заклучок? Особено кога децата добиваат првото сексуално образование од порничи. Со поранување на пубертетот, денешните девојчиња можат физички да бидат созреани на секс уште на 10-11. А на тие години е лесно и да те прелажат. Ти тврдиш дека одговорноста за одгледување на млад човечки живот треба да се даде во рацете на некого на кого што не му даваат ни возачка дозвола? :)[/quote]

грешно сфаќаш:мислеше доволно зрел,знаеш што е зрел?
ако не си зрел може да те прелаже а ако си зрела.
мисли малце.
а плус родителите не треба да дозволуваат своите ќерки до 18 г да излегуваат по кафичи така ќе бидат што позаштитени.а не пуштиги си идаат во 2h.наутро дома.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Јас мислам дека финтата е да ги искажеме своите мислења, притоа обидувајќи се да ја разбереме и спротивната страна. Нашите мислења и ставови не смеат да бидат прецврсти, туку треба редовно да се ревидираат и апдејтираат. За мене плодна дискусија е кога соговорниот аргументирано ќе успее да ме убеди во неговите ставови, е тогаш сум најсреќна жими се.
Се согласувам, да. Ама овде гледам само наметнувања на мислењето, а не плодни дискусии. То е цела работа. Шо никој не се обидва да дава плодни дискусии тику само сака да го наметни своето мислење. Зборам за сите, па и за мене.

Ако треба да бирам меѓу еден перспективен човек и два неперспективни (читај:несреќни), го бирам перспективниот.
Од кај знајш ти дека то дете ќе биди несреќно, а и ти заедно со него? Можи ќе те направи најсреќната личност на светот, можи ќе ти го просветли животот, ќе те натера да разсмислуваш за подобро утре, посилно да се бориш..
Не можиш да кажваш за нешто шо ќе биди. Не можам да кажам и јас. Ама поубо е да гледаш од позитивната страна.

Не гледам само за себе, гледам и за моите идни деца. Сакам да бидат сакани, среќни, згрижени и по можност да имаат двајца родители, кои ќе им пружат љубов. Сакам да им пружам можност за образование (кое денес се плаќа секаде), едноставно живот бар како мојот, ако не и подобар. А пред све, сакам да им пружам мајка која нема да ги гледа како товар во животот и причина за неисполнување на нејзините соништа.
Аха..А доколку не можиш, убиј го. Ослободи се од проблемот, да.:wink:


На што го базираш овој заклучок? Особено кога децата добиваат првото сексуално образование од порничи. Со поранување на пубертетот, денешните девојчиња можат физички да бидат созреани на секс уште на 10-11. А на тие години е лесно и да те прелажат. Ти тврдиш дека одговорноста за одгледување на млад човечки живот треба да се даде во рацете на некого на кого што не му даваат ни возачка дозвола? :)
Дел од вината што девојчињата и момчињата имаат секс на толку млада возраст имаат и родителите.
Јас не прочитав Крејзи ин лав дирекно или индирекно да го речи тоа. Ти погрешно си сфатила.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Јас мислам дека финтата е да ги искажеме своите мислења, притоа обидувајќи се да ја разбереме и спротивната страна. Нашите мислења и ставови не смеат да бидат прецврсти, туку треба редовно да се ревидираат и апдејтираат. За мене плодна дискусија е кога соговорниот аргументирано ќе успее да ме убеди во неговите ставови, е тогаш сум најсреќна жими се.
Ете мојот мозок во врска со абортусот не се апдејтира,дали ти можеш да ме убедиш во спротивното?Не!
Дали јас можам тебе во спротивното?Пак не,значи ни ти немаш долго време апдејт направено...
Кружиме,мотаме и пак секој на истото стои цврсто,без плодна дискусија и ти си тука несреќна жими се...а ко што рече го избираш секогаш среќниот значи ти денес имаш лоши карти поранешна машино:nesvest:
Не гледам само за себе, гледам и за моите идни деца. Сакам да бидат сакани, среќни, згрижени и по можност да имаат двајца родители, кои ќе им пружат љубов. Сакам да им пружам можност за образование (кое денес се плаќа секаде), едноставно живот бар како мојот, ако не и подобар. А пред све, сакам да им пружам мајка која нема да ги гледа како товар во животот и причина за неисполнување на нејзините соништа.
Товар?Па и немора да биде еве Јове одлично рече немора да го гледате дајте го в дом,направете и други луѓе среќни,ама и за тоа сте премногу егоистични!

Најубавото е абортирај скришум никој да не те знај и фурај низ животот со журки,секс ко ништо да не било пффф па коа ќе си одимате дечичка некогаш(побогати коа ќе сте)ќе надокнадите и за тоа изгубеното и така ни лук јал ни лук мирисал:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom