Не би рекла дека е стручњак,
нити најдобар доктор во Македонија,
тоа би го кажала само за неговата клиника
Ти да не си сопругата на непопзнатиот?! Па сега се трудиш да го обелиш образот на непознатото момче
Ај, сега посериозно да си поправиме муабет. Докторе Непознат, прво ме интересира дали имате било какви докази за лошото извршување на работата од страна на доктор Митрев? Дали Вие сте виделе нешто од тоа што го напишавте? Ме интересира бидејќи не видов конктретно каде е проблемот. Вие, докторе, тврдите дека не си ја врши добро работата, за разлика од сите форумџии кои го велат спортивното. Дали вие мислите дека доколку доктор Митрев не е толку стручен, како што се претставува, ќе има толку многу пациенти? Дали сте ги виделе просториите каде се примаат и каде се згрижуваат пациентите? Дали сте го виделе тимот на луѓе со кои соработува и дали тие луѓе се задоволни од својот шеф? Исто така ме интересира според Вас докторе кој е подобар кардио - васкуларен хирург? Значи ме интересира убаво да ни ја објасните зошто доктор Жан Митрев не е добар доктор. Само ве молам немојте да ме потценувате и да ми праќате линкви кои не докажуваат ништо. Ме интересира со зборови да ми објасните зошто сте против д-р Митрев.
п.с. само да ве потсетам дека Вие сте доктор по професија (или барем така се претставувате) и сакам да ви посочам дека дискусијата која ја водите не оди во вистинската насока. Бидејќи немате поим кој е од другата страна зад мониторот, Вие, мора како високообразован кадар да ја држите дискусијата на вашата тема на високо ниво. Значи докторе сакам да ви забележам дека со овој начин на конверзација оставате многу лош впечаток. Ова е ужасна реклама за областа во која Вие сте обучен и во која работите.