Креатин (дискусија, препораки, совети)

  • Креатор на темата Креатор на темата pumaval
  • Време на започнување Време на започнување
Ако не си про билдер, ретко дека ке ти треба.

Покрај билдерите, креатин користат и спортисти каде што е потребна поголема експозивна сила, спринтери и сл.

А креатин само бодибилдерите можат да земаат или како иде оваа работа ? Ми звучи премногу страшно.:vozbud: :nesvest:

--- надополнето ---

може и оваа да ми одговорите... ја имам земено Creatine Monohydrate, го пијам со чаша студена вода но многу тешко се раствара (не може целосно да се раствори)...може ли да го растворам во топла вода или...дајте ми предлог

Сркај бре момче,нема везе тоа,можеш и со лажица на јазик,па гутај пола литро вода.
 
Јас во деновите за одмор земам 5 грама а можеш и 10(не отеднаш десет туку двапати по пет)
Прва недела- фаза на полнење 20 грама
2 до 5 недела - главна фаза 10 грама (сабајле и пред тренинг)
6-8 недела БЕЗ КРЕАТИН

Вака го конзумираат повеќе вежбачи со мали измени. Некои пак сметаат дека фазата на полење е само маркетиншки трик за побрзо да го потрошиш креатинот па да купиш нов и дека 20 грама е превише, па затоа не ја практикуваат фазата на полнење и директно идат на 10 грама(2 дози по 5) 6-7 недели а после праваат пауза 3-4 недели.

--- надополнето ---

Докторе ве молам кажете ми каде можам да најдам креатинин за да го користам?

Креатин користам подогло време, сеа скоро праев крвна слика и замисли нивото на КРЕАТИНИН ми беше нормално
Во секоја аптека можете да го купите....400-500 ден. кофичка незнам колку грама е целата
 
А креатин само бодибилдерите можат да земаат или како иде оваа работа ? Ми звучи премногу страшно.:vozbud: :nesvest:

Не дека е страшно, туку е непотребно. Креатин додека го пиеш ќе имаш повеќе сила, ќе можеш да дигаш повеќе, и ќе накачиш на маса брзо, ама проблемот е во тоа што добар дел од масата што си ја накачил е само вода задржана во мускулите. Кога ќе престанеш, ќе имаш чувство дека немаш доволно сила, и кога ќе го исфрлиш вишокот на вода, и мускулите ќе ти се намалат,(нема до крај, ама нема да бидат исти како со креатин).
Затоа викам дека ако не си про билдер. Ако не си про билдер, моја препорака е добар систем за во теретеана и додатно протеини, затоа што е тешко да ја внесеш доволната доза протеини само преку исхрана.
 
Затоа кога се пие креатин се зема протеин и се внесува исто така големо количество за протеин,за да остане мускулот.Еве јас не сум про-билдер па имам пиено околу 10 пати креатин,значи тоа е суплемент (додаток на исхраната),а не стероид.Стероиди користат бодибилдерите,а не креатин,за нив креатинот е мачкина кашлица,т.е секојдневна потреба од суплемент,исто како протеинот,глутаминот,мултивитамините,етц.
 
Ти си про билдер
 
Ти си про билдер

Богами,по логиката на некои,со веќе 10 пати пиено креатин,сигурно спаѓам во про билдер.:vozbud::nesvest:

пс.Пази како пиеш ти исто,веќе си на пат кон про билдер ! :pos2:
 
Богами,по логиката на некои,со веќе 10 пати пиено креатин,сигурно спаѓам во про билдер.:vozbud::nesvest:

пс.Пази како пиеш ти исто,веќе си на пат кон про билдер ! :pos2:

10 пати Катлер нема пиено...
 
Креатин

Креатинот е најбарана дополнителна исхрана во спортот. Има голема употреба во сите видови на спорт и неговата улога е многу голема затоа што ниту еден додаток на исхраната не допринесува толку многу во растењето на масата и силата за толку кратко време.

ШТО Е ТОА КРЕАТИН?

Креатинот е дериват на аминокиселините што се формира во црниот дроб, бубрезите и панкреасот од следниве аминокиселини: аргинии, глицин и метионин.Според ова креатинот го има во храната и ние преку неа можеме, да и ги венсуваме во нашиот организам. Црвеното месо е најдобриот извор на креатин. Но за да внесеме 4 грама од овој продукт потребно е да изедеме околу 2,5 кг црвено месо. Јадење на толкава количина месо е невозможно за многу бодибилдери, не дека тие не се обиделе. Поради ова креатинот во вид на додаток кон исхраната потребно е да го весеме како додаток. Неговиот начина на делување е занчително сличен со складирањето на глиокогенските резерви,кој систем е најчесто користен од страна на тркачите за подобрување на нивните перформанси. Во основа целта е да се складира енергија и да се створат резерви во скелетните мускули.Тркачите го користат гликогенот како бија зајакнале продукцијата на аеробната енергија, но атлетите во дисциплините на сила имаат потреба од друг тип на енергија кој се нарекува ATP (аденозин три фосфат) кој ја интезивира мускулната контаркција.

Мускулите имаат способност да складираат повеќе креатин од потребите по кој телото има потреба. Спортистите можат да ја искористат оваа предност така што би внесувале поголеми количини на креатин, имајќи поголеми количини на креатин во мускулите значи и поголема трансформација на енергија во ATP. Повеќе ATP овозможува подолг и поинтезивен тренинг. Сето ова во подолг временски интервал резултира со хипертрофија т.е. стануваат поголеми. Според сите научни истражувања од областа на здравјето, користењето на креатинот, непрекинато, во текот на цела година не е препорачлив. Креатинот треба да се користи периодично и проследен со интензивен тренинг. Како пример да кажеме дека за цел имате да во период од 6 месеци добиете 5 кг квалитетна мускулна маса. Откако ќе го составите вашиот тренинг програм во кој се застапени тешките оптеретувања, тогаш ќе мора да се зголеми исхраната и да се обогати со додавањето на креатинот. Тренинзи во кои ќе се користат тешки оптеретувања, зголемување на внесувањето на белковините, јаглено хидратите и калориите, плус додатокот на креатин, ќе го доведе телото во состојба на растење. Треба да се обрне внимание на исхраната и тренигот кои во овој период не се единствените важни фактори, покрај нив голема улога игра и одморот. Треба да се зголеми спиењето на 10 часа дневно. 8 часа ноќно време, плус дневен одмор. Со ова максимално ќе се осигура околу одморот и обновувањето на мускулите и ќе се обезбеди максимално складирање на ATP.

Креатинот иначе е природна состојка на храната. Црвеното месо и рибата содржат креатин ви богата количина, додека во растителните производи не е содржан. Кај разновидната прехрана дневниот износ на креатин е некаде околу еден грам. Дополнително нашето тело произведува уште еден грам на креатин.

Креатинот е меѓуфаза во собирање на енергија во мускулните станици и заради тоа учествува во обновување на АТП (Adenosine triphosphate).
Што е тоа АТП?
АТП е единствен извор на енергија што мускулите ја користат. Сите носители на енергија како што се мастите и јагленохидратите на различен начин се преобликуваат во АТП. Што повеќе креатин е собрано во мускулатурата толку побрзо може повторно да се изгради енергетскиот потенцијал т.е. АТП.
При испитување на мислењата меѓу спортистите се доаѓа до сознание дека креатинот ја подобрува мускулатурата односно создава подобро чуство во мускулите дури и после напорен тренинг. Исто така креатинот врши и механичка функција. Тој ја повлекува водата во мускулите. На тој начин се зголемува силата и способноста на подигнување на тежини. За време на тренингот може да се подигнуваа поголеми тежини и со тоа е зголемено стимулирањето на мускулите за време на тренингот.
Се препорачува 3-5 гр. Креатин плус гроздов шекер директно после тренинг. Најдобро време за земање на креатински прашак е веднаш после тренингот затоа што тоа време телото настојува повторно да ги наполни своите енергетски резерви. Тоа е идеално време за апсорбирање на креатин и т.н.брз протеин (Whey ) протеин од сурутка.
Значи идеален додаток на исхраната после тренинг е креатин и протеински прашак од сурутка т.н. Whey.

ЗАКЛУЧОК

Нучниците потврдија дека креатинот е продуктивен, а најбитно е тоа што истото е потврдено од страна на вежбачите. Околу ова повеќе нема дискусија. Најголемата мистерија во овој момент е дозирањето. Треба да се обиде овој додаток да се користи на повеќе различни начини како би се дошло до вистинско дозирање кое најмногу би му одговарало на индивидуата. Може да се користи така што еднаш ќе се зголеми дозата, друг пат може да се остане на една иста доза. Користелќи го додатокот како најинтелегентен начин, вие ќе го пронајдете методот кој вас најмногу ќе ви одговара. За на крај ќе ги наброиме најдобрите производи на креатиан како не би трошеле време и пари на овој проблем, а тоа се Shosphagen na ESA, потоа Креатинот на SPORTPHARMA, ULTIMATE NUTRTION, TWIN LAB, MUSCLE TECH.
 
Ја бев до аптека да купам декстроза (шекер од грозје)...ми дават бонбони за смуканје 'Traubenzucker'.... може да ги смукам овие или да барам шекер ?
 
Креатин За на крај ќе ги наброиме најдобрите производи на креатиан како не би трошеле време и пари на овој проблем, а тоа се Shosphagen na ESA, потоа Креатинот на SPORTPHARMA, ULTIMATE NUTRTION, TWIN LAB, MUSCLE TECH.

No hard feelings,се убаво објасни за креатинот и копи-паст теоријава,али креатиниве кај ги најде жити бога.Пола од овие ги нема кај нас,а muscletech се изгор.Топ 4 креатини во МКД според цена-квалитет се :
1.Ultimate Nutrition Crea-Pure (http://www.fitmag.ru/images/Creatine Monohydrate Ultimate cap.jpg)
2.Креатинот од Optimum Nutritrion (http://www.agzakhana.com/images/creatine1.png)
3.Best Body германски креатин (http://www.muscleboost.co.uk/files/photos/monohydrat 500g20099000884655165.jpg)
4.Dymatize (http://www.buildingbrawn.com/product_images/Dymatize/Pics/2060177.jpg)

--- надополнето ---

Ја бев до аптека да купам декстроза (шекер од грозје)...ми дават бонбони за смуканје 'Traubenzucker'.... може да ги смукам овие или да барам шекер ?

Омг,распрашај се малце,прочитај,не како мува без глава.Имаш кило декстроза за 150 денари во Гладијатори кај грчка амбасада.
 
Јас земав Horse Power едно 2 месеци пред секој тренинг по едно кафено лажиче и ми беше доста. Многу е силен. Не знам дали некој имал искуство со овај но јас чуствував анксиозност кога земав. Ефект има и тоа голем и во сила и во раст на мускулите. Сепак по некое време откако го оставив чуствував физичка потреба за него.
Сега планирам да го земам напоредно с некој гејнер за маса. Имате ли некој да ми препорачате?
 
Не земај такви скапи шекерчиња бе,пробај ја следнава шема : whey протеин,глутамин,креатин и декстроза.Подобра комбинација на суплементи нема.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom