Креатин
Креатинот е најбарана дополнителна исхрана во спортот. Има голема употреба во сите видови на спорт и неговата улога е многу голема затоа што ниту еден додаток на исхраната не допринесува толку многу во растењето на масата и силата за толку кратко време.
ШТО Е ТОА КРЕАТИН?
Креатинот е дериват на аминокиселините што се формира во црниот дроб, бубрезите и панкреасот од следниве аминокиселини: аргинии, глицин и метионин.Според ова креатинот го има во храната и ние преку неа можеме, да и ги венсуваме во нашиот организам. Црвеното месо е најдобриот извор на креатин. Но за да внесеме 4 грама од овој продукт потребно е да изедеме околу 2,5 кг црвено месо. Јадење на толкава количина месо е невозможно за многу бодибилдери, не дека тие не се обиделе. Поради ова креатинот во вид на додаток кон исхраната потребно е да го весеме како додаток. Неговиот начина на делување е занчително сличен со складирањето на глиокогенските резерви,кој систем е најчесто користен од страна на тркачите за подобрување на нивните перформанси. Во основа целта е да се складира енергија и да се створат резерви во скелетните мускули.Тркачите го користат гликогенот како бија зајакнале продукцијата на аеробната енергија, но атлетите во дисциплините на сила имаат потреба од друг тип на енергија кој се нарекува ATP (аденозин три фосфат) кој ја интезивира мускулната контаркција.
Мускулите имаат способност да складираат повеќе креатин од потребите по кој телото има потреба. Спортистите можат да ја искористат оваа предност така што би внесувале поголеми количини на креатин, имајќи поголеми количини на креатин во мускулите значи и поголема трансформација на енергија во ATP. Повеќе ATP овозможува подолг и поинтезивен тренинг. Сето ова во подолг временски интервал резултира со хипертрофија т.е. стануваат поголеми. Според сите научни истражувања од областа на здравјето, користењето на креатинот, непрекинато, во текот на цела година не е препорачлив. Креатинот треба да се користи периодично и проследен со интензивен тренинг. Како пример да кажеме дека за цел имате да во период од 6 месеци добиете 5 кг квалитетна мускулна маса. Откако ќе го составите вашиот тренинг програм во кој се застапени тешките оптеретувања, тогаш ќе мора да се зголеми исхраната и да се обогати со додавањето на креатинот. Тренинзи во кои ќе се користат тешки оптеретувања, зголемување на внесувањето на белковините, јаглено хидратите и калориите, плус додатокот на креатин, ќе го доведе телото во состојба на растење. Треба да се обрне внимание на исхраната и тренигот кои во овој период не се единствените важни фактори, покрај нив голема улога игра и одморот. Треба да се зголеми спиењето на 10 часа дневно. 8 часа ноќно време, плус дневен одмор. Со ова максимално ќе се осигура околу одморот и обновувањето на мускулите и ќе се обезбеди максимално складирање на ATP.
Креатинот иначе е природна состојка на храната. Црвеното месо и рибата содржат креатин ви богата количина, додека во растителните производи не е содржан. Кај разновидната прехрана дневниот износ на креатин е некаде околу еден грам. Дополнително нашето тело произведува уште еден грам на креатин.
Креатинот е меѓуфаза во собирање на енергија во мускулните станици и заради тоа учествува во обновување на АТП (Adenosine triphosphate).
Што е тоа АТП?
АТП е единствен извор на енергија што мускулите ја користат. Сите носители на енергија како што се мастите и јагленохидратите на различен начин се преобликуваат во АТП. Што повеќе креатин е собрано во мускулатурата толку побрзо може повторно да се изгради енергетскиот потенцијал т.е. АТП.
При испитување на мислењата меѓу спортистите се доаѓа до сознание дека креатинот ја подобрува мускулатурата односно создава подобро чуство во мускулите дури и после напорен тренинг. Исто така креатинот врши и механичка функција. Тој ја повлекува водата во мускулите. На тој начин се зголемува силата и способноста на подигнување на тежини. За време на тренингот може да се подигнуваа поголеми тежини и со тоа е зголемено стимулирањето на мускулите за време на тренингот.
Се препорачува 3-5 гр. Креатин плус гроздов шекер директно после тренинг. Најдобро време за земање на креатински прашак е веднаш после тренингот затоа што тоа време телото настојува повторно да ги наполни своите енергетски резерви. Тоа е идеално време за апсорбирање на креатин и т.н.брз протеин (Whey ) протеин од сурутка.
Значи идеален додаток на исхраната после тренинг е креатин и протеински прашак од сурутка т.н. Whey.
ЗАКЛУЧОК
Нучниците потврдија дека креатинот е продуктивен, а најбитно е тоа што истото е потврдено од страна на вежбачите. Околу ова повеќе нема дискусија. Најголемата мистерија во овој момент е дозирањето. Треба да се обиде овој додаток да се користи на повеќе различни начини како би се дошло до вистинско дозирање кое најмногу би му одговарало на индивидуата. Може да се користи така што еднаш ќе се зголеми дозата, друг пат може да се остане на една иста доза. Користелќи го додатокот како најинтелегентен начин, вие ќе го пронајдете методот кој вас најмногу ќе ви одговара. За на крај ќе ги наброиме најдобрите производи на креатиан како не би трошеле време и пари на овој проблем, а тоа се Shosphagen na ESA, потоа Креатинот на SPORTPHARMA, ULTIMATE NUTRTION, TWIN LAB, MUSCLE TECH.