виља и меси - реализација нула. педро не се виде. позади сме сирење.
ако нешто радикално не се смени во психата на меси и виља, не дека ќе го папаме, ама ќе се мачиме покрај оваков килав реал. озил успеа два пати да подаде добро и да се ослободи од играч, мадристиве се подмочаа. ако тоа не е килаво не знам што е.
пеп згреши со измените. факт.
максвел промашена измена, кеита промашена измена. не е крив бускетс што кутриот мора да игра штопер
џон тошак и мендиета гејот беа стручни коментатори на скај. пеналот за реал бил пенал, бидејќи алвес не ја допрел топката, ама во исто време не го допра играчот. т.е. го допра со бермуда
најинтересно беше овој банален коментар. меси дал гол ама бил од пенал што повторно оди на сметка на мурињо бидејќи не успеал да даде гол од игра. ама затоа роналдо конечно постигнал гол против барса. каков пролив од коментар?
судијата далеку најслаб на терен. татлно погрешни одлуки и проценки, а за жолтите картони да не зборам. на алвес му свири пенал, а не му дава втор црвен. недосудениот пенал врз виља треба овој судија да го симне неколку скали подоле. што да се каже за неколкуте навидум неприметливи грешки, непостоечки прекршоци пред шеснаесетникот на барса, најсмешен оној врз роналдо и оној иниеста кога одзема топка. па по кои правила тоа се прекршоци?
барселона воопшто не ме воодушевува како што треба, среќа што сме сепак доволно добри, а реал се доволно мивки за да бидеме во оваа ситуација. психа е страшна работа, иако треба да сме победници од овој дуел, не сме баш... лошо ја почнавме психолошката битка, која за жал е на страната на реал. со играч помалку се вратија, сега преведувачот во соблекувална ќе им рече гледате дека можеме ?
џабе е ако титулата ја завериме со серија бледи игри, да ќе се брои, ама тоа брзо ќе се забораи. само спектакл се памти.
затоа, храбро и одлучувачки уште од прва минута на местаља