Love gives me hope

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.787
Поени од реакции
4.039
Ја открив странава и сакав да ја споделам со вас, особено со оние кои изгубиле надеж во љубовта.
Тоа е линк до најубавите приказни, а еве линк до страната.

Најубавата што ја прочитав:

12 years ago, my best friend wrote something down on a piece of paper, and told me I couldn't read it. He said I'd have to wait.

Today, on our 4th anniversary, (we're dating), he gave me the paper.

It says, "I already know you're the one. I'll love you forever, marry me?"
 
Баш оние кои изгубиле надеж ќе се избедираат од странава зашто нив никогаш не им се случува тоа. :) Него ај да не зборам за сите безнадежни романтичари, нека биде во прво лице еднина претходнава реченица.
 
Y јеботе ала јебозовна страна.НЕго да ок има вакви ситуации и приказни и верувам дека се вистински ама зашо се верува дека на секој мора да му се случе нешто вакво и дека секој мора да ја најде правата љубов.Некој едноставно не ја најдат па дури и најоптимистите .....него да не јадам ногу толумби сакаше само да ја поддржам реченицата на Ханзо "Баш оние кои изгубиле надеж ќе се избедираат од странава зашто нив никогаш не им се случува тоа"..( и мош нема да и се случе никогаш)
 
Времиња...времиња,сексуална револуција,катаклизма конумнизма,пубертетски комплекси и условно речено ИСО Стандарди(за јака пичка)-добро време е а :)

Гледајте-погледнете околу вас и видете го лицемерието,дубарите преварите...видете како секој Човек од човек станува Животно...гледајте ја Љубовта и сега сакате има сајт утешение Грешним(немање самодоверба,депрес ..комплекс..)-е нема утешение БРЕ!!!

Има "пазар" на Сексот и "Љубовта" каде се судруваат побарувачката и понудата:)

Тие места се Дискотеки,паркој негде,кафичи и.т.н

И АКО вие сте скршено срце тогаш сте ништо повеќе од Market Failure:toe:

Сајтов....е најмалце љубовно ориентиран:)
 
MLIA ми е поинтересна. Оваа не ме бендисува. Иако приказната одп рвиот пост ме стопи.
 
Се вели дека секој во својот живот се обидува да си го максимизира интересот. Некои дури и велат дека целта е секој да си го максимизира уживањето. Некои одат дури и до таму што велат дека ако човек не ужива во животот, ќе умре (можеби се во право; ако некој трпел несреќи цел живот, веројатно се научува на нив и почнува дури и да ужива во своите несреќи, зашто мисли дека така треба да се живее и секој така треба да живее...)

Е па луѓе мои, ако вам *не* ви е уживање да верувате во љубовта и сакате да верувате само во приказни за просечност и пресметливост, одете на сајтовите за просечност.

Но има и луѓе што веруваат во бајките. И, според мене, најсилните луѓе се оние кои тие идеи за својата љубов (или, ако сакате, тие бајки) ги одржале во текот на животот и успеале да ги остварат и проживеат. Јас можеби не сум успеал, вие можеби не сте успеале, но такви луѓе *има* и јас би бил среќен кога би бил близу такви луѓе и кога би можел од нив нешто да научам.

Зашто мојот живот нема да заврши после една пропадната љубовна врска. Или две. Или милион. Мојот живот ќе заврши кога ќе заврши, а до тогаш јас ќе имам шанси барем да верувам дека постои вистинска љубов и да им посакам на сите да ја најдат својата, ако веќе не можам нешто поконкретно да сторам.

Затоа, ти благодарам, Maggie капачето, за тој сајт. Прекрасен е и барем мене ме исполни со прекрасни чувства.



Поздрав. :helou:
 
И јас бескрајно ја посакувам љубовта од бајките, верувам во неа, се надевам и иако сум скршена и љубовните искуства ми донеле повеќе болка отколку радост ... нема да престанам да се надевам ...
Ох, колку би сакала да можам од почеток да живеам ....

--- надополнето ---

Целта на животот е всушност да бидеш со саканата личност (твојата втора половина) .... се останато е споредно ... му дава на животот само дополнителна (поубава смисла)

Мојот живот ќе биде исполнет тогаш, кога по многу години, седната на тремот со мојот дедо - ќе кажам .... никогаш не се посомневав дека си човекот на мојот живот ... а тој да ми возврати ... и јас тебе те сакам ... засекогаш ...
 
Батали странава... цитатот у првиот пост ме раззнежни... али саам да читам наши, кајганџиски љубовни приказни... дал тажни, дал среќни...
Еден ден, јас ќе ви ја раскаувам мојата љубовна приказна <3
 
Среќа што сум таков карактер и никогаш нема да изгубам вера во љубовта, зашто таа е мој прв, единствен и вечен двигател и вечна инспирација. Не ми требаат страни за да си ја враќам вербата во неа бидејќи ја осеќам насекаде околу мене и гледам да дадам љубов колку што е можно повеќе секој ден, со секој ситница. Љубов не е само дечко/девојка, љубовта е многу повеќе од тоа.

И да не ме сака никогаш никој и да не осетам никогаш возвратена љубов, секогаш ќе сакам и ќе верувам во љубовта.

Можда малце оф-топик, ама добро... :icon_lol:
 
Среќа што сум таков карактер и никогаш нема да изгубам вера во љубовта, зашто таа е мој прв, единствен и вечен двигател и вечна инспирација. Не ми требаат страни за да си ја враќам вербата во неа бидејќи ја осеќам насекаде околу мене и гледам да дадам љубов колку што е можно повеќе секој ден, со секој ситница. Љубов не е само дечко/девојка, љубовта е многу повеќе од тоа.

И да не ме сака никогаш никој и да не осетам никогаш возвратена љубов, секогаш ќе сакам и ќе верувам во љубовта.

Можда малце оф-топик, ама добро... :icon_lol:

Доволно те знам за да знам дека се ова што го пиша е вистина, но сепак, отворија ја страната и прочитај ги барем оние топ приказни од првиот линк и ќе видиш дека вредела секоја минута помината читајќи ги. :)
И во приказните нема само љубов од дечко/девојка, туку има разни :)
 
Доволно те знам за да знам дека се ова што го пиша е вистина, но сепак, отворија ја страната и прочитај ги барем оние топ приказни од првиот линк и ќе видиш дека вредела секоја минута помината читајќи ги. :)
И во приказните нема само љубов од дечко/девојка, туку има разни :)

Не, не, не ме сфаќај погрешно, јас ги обожавам тие приказни, не ми беше намерата да ја критикувам страната, него онака насловот на темата ме инспирираше да го напишам постот. :) :)
Инаку, стално си плачам јас на такви приказни, обожавам да ги читам. :)
 
Во бајки верувам само кога витезот го убива змејот, во останати љубовни :nenene:......
 
Во бајки верувам само кога витезот го убива змејот, во останати љубовни :nenene:......

Мило ми е што одговори на прашањето што никогаш не беше поставено...
 
Ај приметете го стилот на пишување што преовладува кај сите "праќачи"...
 
Стилот е исти на некој му било досадно и си пишува литературнио дела. Не ме погаѓа во срце ич ова само некоја љубовна песна како оваа изгледа тажна е, двајцата се прегрнаа и мртви паднаа:

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom