T
Tetro
Гостин
Автобус кој ќе вози над автомобилите
Пекинг Кинеската компанија "Shenzen Huashi Parking Equipment" работи на нов проект, патнички автобус кој ќе се движи над автомобилите, објави "Huffington Post".
Кинезите пронајдоа еколошки прифатлив начин за да заштедат пари и да го намалат метежот во сообраќајот, развивајќи го "3D Express Coach",познат како тродизмензионален брз автобус со вкупна висина од 4, 5 метри и два ката, кој ќе се движи над возилата на висина од два метри.
На првиот кат ќе биде отвор низ кој ќе поминуваат автомобилите а на вториот ќе се превезуваат патниците.
Ова превозно средство кое ќе има капацитет до 1.400 патници, ќе користи сончева и електрична енергија и ќе развива брзина до 60 километри на час.
Цената за реализација на ваков проект се 50 милиони евра што е само 10 отсто од потребните средства за изградба на метро.
Изградбата ќе започне кон крајот на годината во пекиншкиот дистрикт Ментогоу.
http://makfax.com.mk/#113205