Далас дефинитивно ја доби оваа серија толку убедливо, благодарејќи на искуството. Можеше да биде и 3 - 2 за Оклахома сега, но во клучните моменти многу грешки правеа нивните играчи. Дурант 2 сезони по ред е најдобар стрелец во регуларниот дел, но му фали искуство, на моменти премногу ја силува со шутот, за разлика од Дирк што троши многу помалку топки. Вестбрук има физички предиспозиции, но исто мора малку повеќе да мисли кога игра.
Во овој дуел, на крај 2 - 3 офанзивни скока на Далас беа клучни за победата.
Ако Мајами го помине Чикаго (а тешко да се врати Чикаго од 1 - 3), исто ќе биде во голема мера заради искуството. Сепак Вејд и Леброн се веќе 8 години во лигата, а Роуз е само 2 0 3 и тоа многу значи. Очекувам од МВП - то на наредниов дуел 35 - 40 поени ако сака да го остави Чикаго во живот, и да почне да погодува од поле.