Спринтерите најчесто користат дресови припиени до телото за подобро да ја искористат аеродинамиката, а во иста таква опрема за првпат ќе се појават и кошаркари, и тоа на претстојниот Ол-стар натпревар на 20 февруари во Лос Анџелес
Челниците на НБА лигата дозволија употреба на тесни дресови за овој дуел што ќе биде "пробен балон" за евентуална одлука во иднина евентуално да се дозволи нивно користење и дуелите од првенството.
Освен тоа, и кошаркарите ќе треба да дадат свое мислење дали им се допаѓаат ваквите дресови или ќе останат на досегашната верзија што се користи со децении и не само во НБА туку и низ целиот свет. Тесните дресови с$ почесто се користат во фудбалот, а компаниите Капа и Диадора одамна имаат таква колекција.
Се разбира, вистинска револуција на почетокот од овој милениум направија кошаркарките на австралиската репрезнтација кои први ја промовираа опремата целосно припиена за телото, а не само дрес. Слична опрема одамна користат бразилските и кубанските одбојкарки.