Најпотценети и најпреценети актери/актерки?

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Проба Нортон и со блокбастер, тоа е улогата на Хулк. Мислам дека му е единствен обид да биде вклучен во блокбастер, кој баш на крај и не излезе така.
Инаку има и Де Ниро глумено во блокбастер, филмчево со Стилер, Meet the parents е класичен блокбастер, со приказна од поинаков калибар.
Нортон да, заборавив на Хулк :)
Де Ниро не, сепак е обична комедија, ноу ефектс, ноу експлоужнс, ноу мани :)

Оф топик: Го препорачав The Negotiator пред малку и не знам што ми требаше, сега заглавив да го гледам пак... :pos2:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Нортон да, заборавив на Хулк :)
Де Ниро не, сепак е обична комедија, ноу ефектс, ноу експлоужнс, ноу мани :)

Оф топик: Му го препорачав на некој The Negotiator и не знам што ми требаше сега заглавив да го гледам пак... :pos2:
Мислам дека грешиш за ова. Филмчево баш затоа го посочив како филм со поинаква тематика, ама сепак е блокбастер. Цифрите сами го кажуваат тоа. Еве на Имдб има податоци за заработката на филмот. Не мора да значи дека блокабастери се филмови само како Inception, се провлекува и по некој друг жанр на листата на големи заработки.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Мислам дека грешиш за ова. Филмчево баш затоа го посочив како филм со поинаква тематика, ама сепак е блокбастер. Цифрите сами го кажуваат тоа. Еве на Имдб има податоци за заработката на филмот. Не мора да значи дека блокабастери се филмови само како Inception, се провлекува и по некој друг жанр на листата на големи заработки.
И грешам и не грешам. Не е важно колку заработка има, може да биде и во минус. Она што го дефинира како блокбастер е колкав буџет има и колку е удрено на реклама. Затоа што блокбастери се филмови кои се направени со голем буџет и чиј успех не се проценува со квалитетот на филмот туку со заработката. Земи го на пример Трансформерс. Има 150 милиони буџет, има заработено двојно или тројно. Филмот е смешен, играчки се бркаат натаму - наваму. Акциониот херој нема абер од акција а женската е згодна само не знае да глуми. Who cares?

Сега кога викам дека можеби грешам, Meet the parents има 50 милиони буџет, не знам дали влегува во рамки на блокбастер или не од таа гледна точка. Сепак е добра комедија со добри актери, не е направено за да викаме wow! :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.653
Поени од реакции
34.081
Righteous Kill што беше? :)

You talkin' to me?

taxi_driver.jpg

Само ова ми остана од него. Ќе отворам голема дискусија ама некако преценет ми стана човекот. А и ич не ми се допаѓа изборот на улоги. A муабетов за Нортон, секој што има изгледано повеќе од Американска пита ќе го познае. Воопшто не е потценет. Инаку насоката што ја одбрал, Leaves of Grass, Stone.. чинам по далечен му станува оскарот. Мада, до сега требаше да има барем два. :)
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
Де Ниро не е ппеценет актер. Има милион култни филмови со него. Е има и некои улоги без врска ама... Нортон не е потценет, призната е неговата вредност од критиката но не е популарен кај дел од публиката затоа што не можеме да го видиме во емисии со сензационалистички пристап, не е Линдзи Лохан. Токму заради ова ми се допаѓа уште повеќе. А и не е секс симбол.
Најпреценет Том Крус. А актерки има многу. Почнувајќи од Анѓелина, преку Меган Фокс па даље...
 

Stallion

Папион __ •°
Член од
13 септември 2010
Мислења
1.149
Поени од реакции
908
Потценети:

Christopher Walken Само што го читам зборот "потценет" актер одма на него ми текнува, сеа не дека не е познат :) ама мислам дека не го достигнал врвот на кариерата баш поради таа потценетост, секогаш играл во улоги од втор план.
Bud Spencer и Terence Hill ретко кој ги знае иако правеа парче во "шпагети" филмовите како They call me Trinity и др. овие двајца повеќе би ги ставил во некоја листа на стари и заборавени
Frank Langella
Charles Bronson (1921–2003)
Ме интересира какво мислење имате за Robert Duvall :raz: мене некако од стално ми бил потценат иако има освоено 1 оскар и има уште 5 номинации.
Од поновиве би го додал John Cusack не беше спомнат мислам дека е потценет.

Од преценетиве моментално би ги издвоил : Ben Stiller, Tobey Maguire, Kirsten Dunst, Sandra Bullock, Robert Pattinson, Megan Fox, Orlando Bloom...
 

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
matt dillon
човекот како да згасна..мисалм дека заслужил да биде во кремот на холивуд.И го ставам во потценети актери што заслужуваат повеќе внимание:)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Потценета-Ешли Џад. Прекрасна жена која има се за да биде на врвот на холивудската листа. Има и талент и убавина. Важи за една од ретките актерки во Холивуд кои имаат памет, и можеше да биде Џоли пред неа. Само мислам дека вината ја носи и сама, бидејќи и нема некоја амбиција за да се качи погоре на актерското скалило.

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Righteous Kill што беше? :)

You talkin' to me?

Прегледај го приврзокот 40084

Само ова ми остана од него. Ќе отворам голема дискусија ама некако преценет ми стана човекот. А и ич не ми се допаѓа изборот на улоги. A муабетов за Нортон, секој што има изгледано повеќе од Американска пита ќе го познае. Воопшто не е потценет. Инаку насоката што ја одбрал, Leaves of Grass, Stone.. чинам по далечен му станува оскарот. Мада, до сега требаше да има барем два. :)
За ДеНиро, немој да ги броиш филмовите на стари години како Righteous Kill :) Тоа си иде со годините, а и нема актер што не се појавил во лош филм. Инаку, Godfather, Once Upon a Time in America, Goodfellas, Awakenings, Taxi Driver, Raging Bull, Cape Fear, Casino, Heat... сите добри филмови и улоги. Башка се покажа и како комичар во добри комедии како Analyze This/That, Meet the Parents/Fockers, Midnight Run... Не идат ДеНиро и Преценет во иста реченица. Освен ако напишеме: Роберт ДеНиро не е преценет. :)

За Нортон, не мислам воопшто дека глумец мора да има серија од добри филмови за да добие оскар. Може да сними и само еден и да го удри џек-пот. Оскарот се дава просто за улога во одреден филм. Еве Франко може да го освои иако нема историја, нити пак Колин Фирт има којзнае какви филмови. Хилари Сванк доби два оскари без никакво посебно искуство или квалитетни филмови предходно, а Мерил Стрип има 2 оскари и едно 50 номинации...

Не игра улога воопшто...
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.653
Поени од реакции
34.081
За ДеНиро, немој да ги броиш филмовите на стари години како Righteous Kill :) Тоа си иде со годините, а и нема актер што не се појавил во лош филм. Инаку, Godfather, Once Upon a Time in America, Goodfellas, Awakenings, Taxi Driver, Raging Bull, Cape Fear, Casino, Heat... сите добри филмови и улоги. Башка се покажа и како комичар во добри комедии како Analyze This/That, Meet the Parents/Fockers, Midnight Run... Не идат ДеНиро и Преценет во иста реченица. Освен ако напишеме: Роберт ДеНиро не е преценет. :)
Лошо остаре, иде муабетот. Јас лошо се изразив. Беше одличен актер во млади години. Еве пред некој ден го гледав омилениот филлм на Нортон, The Deer Hunter. Феноменален филм. Исто како тие што ги наброја. Сакав да кажам дека некако ми нема харизма како дебело старче. Повеќе ми заликува на играње на име карта. И не е до годините, не генерализирај. Има актери кои процветуваат баш во тие години. :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Лошо остаре, иде муабетот. Јас лошо се изразив. Беше одличен актер во млади години. Еве пред некој ден го гледав омилениот филлм на Нортон, The Deer Hunter. Феноменален филм. Исто како тие што ги наброја. Сакав да кажам дека некако ми нема харизма како дебело старче. Повеќе ми заликува на играње на име карта. И не е до годините, не генерализирај. Има актери кои процветуваат баш во тие години. :)
Не добро, се согласувам јас тоа дека последно време е се на името, ама не е важно, години се. Имам респект и за него и за Пачино, зошто ако погледнеш подобро, ќе видиш дека многу од крупниве ѕверки почнаа да играат на картата стара слава, на 40 и нешто години возраст. Толку е, им се смачи и сега се појавуваат за нешто кеш. Пачино и Де Ниро туркаа долго време и тоа мора да се респектира. Де Ниро се има појавено во 85 филмови, тоа е факт кој зборува сам за себе.
 

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Не добро, се согласувам јас тоа дека последно време е се на името, ама не е важно, години се. Имам респект и за него и за Пачино, зошто ако погледнеш подобро, ќе видиш дека многу од крупниве ѕверки почнаа да играат на картата стара слава, на 40 и нешто години возраст. Толку е, им се смачи и сега се појавуваат за нешто кеш. Пачино и Де Ниро туркаа долго време и тоа мора да се респектира. Де Ниро се има појавено во 85 филмови, тоа е факт кој зборува сам за себе.
на пример ако се споредат Де Ниро и Ентони Хопкинс верувам дека Хопкинс е нешто подобар од Де Ниро,а сепак се добива некаков впечаток дека Ентони е под нивото на овај другиот(читаќи вака низ темиве многу е величен Дениро).А сепак Ентони е човекот кој што никогаш не погрешил во улогите,и паметно ги одбира до душа тие него го одбираат.
Тука те цитирав зошто еве како што кажавме погоре во последно време Де Ниро игра на стара слава.
Сепак сметам дека Хопкинс не е потценет актер..но онака сакам да видам какво мислње имаш за него?потценет или преценет?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Хопкинс е еден од врвните актери по секој критериум така да не гледам зошто би бил потценет...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Да се надоврзам на Иосоно, Хопкинс е еден од оние актери кои заслужено се наоѓаат на вистинското место. Човеков нема ниту еден актерски блам, знаел да игра во некој блокбастер, но секогаш бил на ниво. Така што за мене е еден од ретките актери кои си го имаат добиено вистинското признание и од критиката и од публиката. Не знам кој е тој што би се осмелил да го спори неговото актерско реноме.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.106
Поени од реакции
25.428
Гери Олдман.

Два филма ќе земам. Имортал беловед односно биографскиот на Бетовен


и биографскиот на басистот на Секс Пистолс Сид Вишс. Сид енд Ненси-Лав килс



Значи станува збор за двајца музичари едниот великан во класичната музика односно романтизмот, живеел пред 200 години во сосем други услови од вториов кој бил панкер од крајот на 70-ти. И двајцата ги фаќа фантастично, едина подобра интерпретација на некоја личност од него барем за мене е Вал Килмер во улогата на ЏИм Морисон во Дорс.

Гери Олдман, легенда која још хода, а додека некоја си пуфла Линдзи Лохан е на секоја насловна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom