Што и да направи Челзи, никогаш нема да биди доволно. Освен можеби, кога би ја освоиле „четворката“ титули можни во една сезона, шо е реално неизводливо. Секогаш ќе има некој шо ќе јади гомна за нешто. Зошто? Едноставно тука е болеста од Олд Трафорд за награди и признанија, тие кои во последната освоена титула имаа 58 од 60 можни поени со екипите од долната половина на табелата, а со тие од „големата четворка“.....50% од поените, можи ни толку да не беа - како пример колку е само битно шо ќе напрајш со појаките, ова „ѓубрево“ не се рачуна. Иако три бода од помочаниот Олд Трафорд или Енфилд се еднакво важни ко бескорисното патување на Блекпул или ВБА до западен Лондон. Тука се и останатите „големи“ секако, наспроти „малиот“ Челзи.
Не е точно дека Челзи нема сретнато посериозен противник досега, всушност Челзи не е тој кој има одличен старт на сезоната - Манчестер Јунајтед има најдобар почеток. Пошто едноставно го освоија првиот трофеј, а имаат само 4 бода заостанување зад првопласираниот по пет кола. Челзи оваа сезона веќе има еден тежок и срамотен пораз, тој од Јунајтед се разбира. Но секако, мора на Челзи да се зголеми притисокот, пошто и Фергусон и Венгер пред се го знаат искуството како е да ти дој Челзи на натпревар на кој веќе е јасно дека Челзи е шампион. И тие го мразаат тоа, едноставно не можат да поднесат такво нешто. А ако Челзи „се заигра“ вака ко шо е тргнат, пак ќе треба да гледаат таков „филм“.