Не не прават.Прават делумно,онолку колку што им одговара.Затоа вербата станува толку лицемерна денес.
Патем храната,бројот на молитвите во денот или постот не те прават верник во права смисла на зборот.Тоа се само пропратни дејствија,како симболи.Ама убаво било кажано,каде ти е богатството таму ти е срцето.
Правењето на истите работи кои ги правел некој пророк пред 2000 или 1400 годиниво денешно време би значело потреба од копи-пејст на историските,социјалните и економските услови на тоа време.Или резултатот би бил приведување во соодветна институција...
Од друга страна би можело да се расправа за некои си вонвременски и вонпросторни, универзални вредности кои наводно се состојат во учењата на пророците.
До сега поминале 2000 години за христијанството,1400 за исламот и 3200 за јудаизмот.
Сосема доволно време за некаква универзална вредност да најде пат до срцата и умовите на луѓето.
Може исто така да се настапи со тврдење дека рајата е грешна-несовршена-ограничена па не ги гледа религиските вредности...
Да скратам, ако нешто е како што треба за 2 или 3 МИЛЕНИУМИ би требало да профункционира.
Она што навистина и без сомнение функционира се бескрајните поделби,војни,лоботомии,борба за моќ,експлоатација,власт и тотално пореметување на перцепцијата.
Заклучокот неминовно се наметнува - религијата е ЗЛО !
Џабе е...ете на која тема воопшто некогаш верниците дошле до некаков конзензус или барем взаемно респектирање?
Прво што гледаат е да го вреѓаат и понижуваат оној од “другата страна“...или да го убедуваат дека неговата религија не е вистинската.
Секогаш ставот (во најдобар случај) ќе им е “еве да испаднам културен и фин, па да напишам дека се ок овие другиве“ а во исто време се убедени дека нивната религија е во право...
Во најлош случај се посегнува кон други методи за “убедување“...