- Мухамед рекол, а и во куранот стои дека религијата која ја проповеда е Покорност кон бога(на арапски- ислам) и таа религија е на сите пратеници од адам па се до него (вклучувајќи го и исус) и до судниот ден. А верниците се покорени на бог (на арапски - муслимани).
-Јасно е од мухамед с.а.в.с. кажано каква ќе биде џамијата е како ќе се повикуваат луѓето на молитва.
-Во куранот јасно стои кон која насока ќе бидат свртени џамиите и луѓето кои се клањаат.
-Јасно се објансети деталите на клањањето од збор до збор и до буква (како и исус што се клањал со челото до земја)
-Од Господ лично (при неговото патување кај него) на Мухамед с.а.в.с. се наредени 5 пати клањање дневно.
-Господ во куранот наредува постење за рамазан - целиот тој месец.
-Е сега дали Исус рекол дека проповеда религија христијанство?
-Дали исус им рекол на верниците да се нарекуваат христијани?
-Дали исус јасно рекол дека неговата мајка е богородица и дали им препорачува на верниците да ја нарекуваат така?
-Дали исус со прстите се крстел и дали им порачал на верниците да се крстат?
-Дали исус проповедал над црквите да има крст?
-дали исус проповедал над црквите да има камбана?
-Дали исус проповедал да не се пости еден месец (иако тој самиот така постел) а да се пости во петок па и во среда и тоа само да не се јаде мрсно?
-Дали исус кој се клањал со на колена со челото во земја (ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ Глава 39: И кога се поодалечи малку, падна ничкум; се
молеше и говореше: "Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како Ти.") на неговите следбеници им порачал да се молат на Господ не како него, туку стоејќи на нозе и седејќи на клупи?
-Дали исус порачал да се прави слика од она што е на небото, на земјата и во водата и да се пали свеќи на тие слики, поклонува и др.
-Исус по неколку пати во денот влегувал во храм и се молел - дали на своите следбеници им наредил само во недела да се молат во храм?
-Исус е закопан како ние муслиманите (обвиткан со платно) - дали на неговите следбеници им проповедал да ги закопуваат мртвите со костуми, фустани, прстени и ланци и што уште не?
-Исус на Господ му се обраќал со Еллах, муслиманите со Аллах - како вие му се обраќате?
-Исус бил обрезан - дали тој проповедал со своја уста дека неговите следбеници не треба да се обрезуваат?
Нема потреба од заобиколувања и навреди. Што сакате кажете но едно и вие знаете - сите ги знаеме одговорите!
ИСЛАМ - На арапски значи: покорност, предаденост кон Бога!
Кој е тој од сите божји пратеници па и Исус кој не проповедал покорност и предаденост кон Бога?
МУСЛИМАН - На арапски значи: покорен, предаден на Бога!
Кој е тој од сите божји пратеници па и Исус кој не бил покорен или предаден на бога?
--- надополнето ---
Што е ова? Споредба? Мојата религија е подобра од твојата?
Да постоел Господ би имало само една религија а не милијарда и сите да се натпреваруваат кој ќе направи поголем профит и ќе има повеќе верници.
Мојата религија и твојата е едно, но прашање е кој како ја следи и што и кој го прифаќа од неа а што не!
Господ постои и дал една религија која ја проповедале сите божји пратеници - од првиот до последниот: тоа е покорност и предаденост кон Бога!
--- надополнето ---
^ Не е точно...Мухамед ни каменувал ни камшикувал...ти гарантирам
Каменувал и Мојсеј...... но друга е работата.
Евреите во времето на Мухамемед не го примија Исламот само заради тоа што Господ во куранот вели дека Исус е божји пратеник а неговата мајка Марија е една од четирите најчесни жени на човештвото а еврејскиот талмуд вели дека Исус е копиле на марија и римјанинот пандир (што значи дека марија одржавала вонбрачни сексуални односи) и плус дека е зачнат на нечесен начин во текот на месечниот циклус на марија и е закопан во дупка со животински измет и др.
Христијаните со негативност гледаат кон исламот бидејќи во куранот како и во другите божји книги (исто како и во тората) постои право: семејно, наследно, облигационо, кривично и др. Е сега Господ во куранот дал и кривично право-односно санкции за кривичните дела. Христијаните велат дека тоа не чини и дека ако некој те удри ти треба да им го свртиш и другиот образ а во меѓувреме самите создале кривично право со хомосексуални односи, дрогирање и др.
Е сега се поставуваат прашања до христијаните од овој форум, на кој начин христијански ќе ги санкционираат овие кривични дела:
-Ако сте женско, некој ве грабне и ве силува - силување
-некој ве претепа или убие за да ве ограби - разбојништво
-Некој ви врши кражба - краде било што од вас
-Убиство (со намера, со умисла, од користолубие и др.)
-нанесување тешки телесни повреди
-полов напад
- неовластено приведување или задржување - киднапирање
-злоупотреба на службени пари да речеме (еве за тоа време, да не речам модерен израз)
-присилување на проституција
--- надополнето ---
Многу убаво кажано и убави споредби направени само ај допиши одоздола
Муслиманството е бледа копија на ЈУДЕИЗМОТ и е УКРАДЕНА РЕЛИГИЈА
пошто многу убаво си пиша дека све си имате исто ископирано од евреите
Да и се гордееме со тоа! Што мислиш ти Господ да едните ќе им праќа едно а на другите скроз друго? ТОА ШТО ЛУЃЕТИ СИ ИЗМЕНИЛЕ - ТОА Е РАЗЛИЧНОТО ВОГЛАВНОМ!
Но тебе да те прашам нешто! ЗОШТО ВИЕ НЕ ГИ КОПИРАТЕ ЕВРЕИТЕ И ИСУС?
--- надополнето ---
1
7.8.Како тоа 'им е наредено' христијанството ништо не наредува, десете божји заповеди се тие кон кои се придржува христијанството. Ако сакаш почитувај ги и биди праведен христијанин, ако не никој не ти наредува ништо.
Велиш ги почитувате? ајде да видиме!
3
Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене. - никакви значи ни тројство, ни двојство ни светци, богородици и др. НИКАКВИ е јасен збор!
4
Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја.
5
Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог.
Овие 3 заповеда не ви се почитуваат некако! А за другите сите и не сакам да зборувам.