Грчката судбина и се заканува и на Јапонија ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaptija Stojkov
  • Време на започнување Време на започнување

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.859
Возраст
40
Наото Кан предупреди дека Јапонија би можела да се соочи со финансиски проблеми слични на оние на Грција, ако веднаш не се реагира за намалување на зголемениот јавен долг на земјата.
Кан, во првото обраќање на парламентот истакнал дека Јапонија, втора по големина светска економија, не може да си допушти понатамошен раст на јавниот долг во период кога државните финансии се под притисок на стареењето и намалувањето на популацијата.

„ Тешко е да се држите до политика која премногу зависи од задолжување. Како што се гледа од финансиската збрка во Европа заради Грција, нашите финансии би можеле да крахираат ако се изгуби довербата во јапонските обврзници , објаснува Кан.

Јапонија има најголем јавен долг меѓу другите индустриски развиени земји. Минатата година, според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, долгот достигнал 218,6 отсто од јапонскиот БДП.
Шестиот јапонски премиер за четири години, кој пред да дојде на премиерското место кусо време беше министер за финансии, вети дека владата ќе соработува со јапонската банка со цел да се избегне золемување на дефлацијата, како и дека ќе се фокусира на развојот на целосната политика.

Кан најави дека деталите околу планот за економскиот развој на државата ќе ги соопшти кон крајот на овој месец, додавајќи дека
владата поставува цел од над 2 отсто економски раст до 2020 година.

Извор www.biznis24.com.mk
 
Се што треба да направат е да го зголемат воениот буџет од 44 на 700 милијарди...:pos2::pos2::pos2:
 
Како и да е за некоја година Јапонија ќе треба да и го предаде второто место на Кина.
 
Како и да е за некоја година Јапонија ќе треба да и го предаде второто место на Кина.

Мислам дека тоа веќе се случи.
Јапонија земја која е под контрола над САД нема да ја бива се додека САД се над нив постојано. Пион на САД.
 
Ќе засукаат ракави Јапонците, ќе работат за без пари 10 години и ќе го решат проблемот.
 
Интересен е овој “демократски развиен“ свет.
Демогравски старее, умира опшеството, а велиме најразвиено опшество.
 
Интересен е овој “демократски развиен“ свет.
Демогравски старее, умира опшеството, а велиме најразвиено опшество.

Ако не превземат ништо Јапонските политичари, на Јапонија и се заканува демографска катастрофа. Се повеќе стари луѓе, а се помалку млади и работоспособни. Фондот за пензии ќе се зголемува, а ќе нема кој да ги обезбеди тие пари.
Да не зборуваме за пренаселеноста и можната депопулација.
 
Би можеле малку да ги зголемат даноците. Сега имаат 27,4% од БДП. Бидејќи во сите теми репер е Русија кај нив е 37% од БДП.
И да не заборавиме дака во Јапонија 1% значи 50 милијарди долари, а во Русија 12 милијарди.

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_tax_revenue_as_percentage_of_GDP
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom