Не би рекол дека е така ..... Читај го ова.
Најдов една интересна статистика во весник кој ме изненади.
-Бројките покажуваат дека од 2003 година досега, браковите меѓу Македонци и Албанци расте. Минатата година бројката изнесувала 137, од кои 16 се кога невестата била Македонка, а момчето Албанец, додека бројот на склучени бракови на Албанка со Македонец е 121. Во 2007 година, бракови меѓу Македонка и Албанец имало 19, а на Албанка со Македонец – 169. Една година порано, нивниот број изнесувал 246, од кои меѓу Албанка и Македонец биле склучени 227 брака. -
Инаку јас познавам 2-3 такви бракови и сите се Македонка со Албанец иако испадна дека тие всушност се многу ретки.Така да го имав спротивното мислење. Јас не сум бил никогаш во врска или брак со Албанка иако мислам дека имало симпатии некој меѓу мене и 2-3 Албанки али, останало на тоа. Во последно време доста се социјализарам доста со муслиманки (Индонезики, Индики) и мислам дека се доста фини, културни и обзирни.
Ај толку од мене вие сега вадите теории за ова ако имате некои.