Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146

Приказните на Дојран почнуваат од 4 век пред нашата ера, во времето на владеењето на македонските кралеви, кога долината на Празијас (сегашното Дојранско Езеро) ја населувале Пајонци. Тие живееле на "езерото", во дрвени колиби заградени со трска и поставени на скели кои се потпирале на долги дрвени колци. Со копното ги поврзувале единствено корабите со кои управувале многу вешто заради што најчесто и обидите на освојувачите (Персијците) биле безуспешни.
За времето на Филип II (359-336) и Александар Македонски (336-323) и во периодот кога Римјаните почнале да навлегуваат на Балканот ( II век п.н.е.) на западниот брег на Празијас (денес, месност Топлец) на површина од 30 - тина хектари веќе бил распространет антички град - тврдина со најстарото познато име Тауријан. Во 395 година при делењето на Римското царство на Западно и Источно чиј центар бил Константинопол (Цариград), Тауријан станал дел од Источното Римско Царство, односно Византија. Тауријан важел за град кој благодарение на местоположбата и развојот завзема значајно место во поглед на историските, културните и економските случувања. Иако нема пишани и документирани податоци, кои прецизно ќе го окарактеризираат Тауријан во овој век сепак, најверојатна е претпоставката дека токму во некоја од годините на IX - от век заради епидемија на колера и последиците од неа градот е поместен малку подолу - на југ.
Во Дојран времето оставило многу траги од минатото. Постојано бил граден, разрушуван, пален па повторно обновуван. Поробуван во повеќе наврати и од разни поробувачи. Сето тоа придонело во Дојран да се изградат градби (Цркви, чешми, бањи, саат - кули, училишта и др.) од различни култури и народи. За таквата богата историја на градот Дојран денес ни зборуваат остатоците од повеќе културно-историски споменици кој можат да се видат во Дојран.
Во својата релативно долга историја променил две местоположби и три имиња. Второто име на градот е Полин, кое останало и до наше време. Кога е сменето името на градот од Тауријан во Полин нема податоци, но се претпоставува дека тоа се случило со мигрирањето на градот од север на југ. Третото и последно име на овој град е Дојран и се поврзува со доаѓањето на Турците во Македонија и на Балканот во 14 век.
Потеклото на името Дојран се поврзува со една легенда. Во зимата 1371-1372, кога турските војски навлегувале во Македонија, стигнале и во Тауријан (Полин). Тие дошле од исток, а бидејќи било зима, езерото било замрзнато и покриено со снег. Турската војска, без да знае, поминала преку замрзнатото езеро и стигнала во градот. Градските првенци, кои ја пречекале војската, прашале од каде поминале, а турскиот војсководец Евронос одговорил: „Ете, овде, преку полето“. Тогаш првенците му кажале дека тоа не е поле, туку дека поминале преку замрзнатото езеро, покриено со снег. Кога го разбрал тоа, Евронос наредил да се направи голема и богата гозба, што на турски значи „дојрумаќ“. Се смета дека од тој збор и по тој случај градот добил ново име.
Друга легенда, пак, наведува дека Дојран го добил своето име по еден друг турски збор – „далјан“, што значи место, езеро, богато со риби.
А историјата на Дојран кажува дека тој во неколку наврати бил целосно уништуван, па обновуван. Последното големо уништување било во Првата светска војна, кога Дојран се нашол на првата линија на Солунскиот фронт. Во периодот меѓу двете светски војни, всушност до 1945 година, Дојран речиси исчезнува од картите и како град не постои. По Втората светска војна, Дојран повторно почнува да заживува, со намена во прв ред за туристичко место.
И Дојранското езеро привлекува со својата љубовна приказна со легендата за бунарот затворен со девет катанци. Кога по вода заминала најубавата девојка од крајот, Дојрана, крај бунарот ја чекало момчето. Занесена од љубов заборавила да го затвори деветтиот катанец, по што водата потекла и ја преплавила целата котлина. Така настанало Дојранското езеро.
Дојранчани тврдат дека благодарение на комбинацијата на езерските алги, калта и медитеранската клима, парализирано момче станало од количка, деца се излекувале од напади на астма, се затвораат секакви отворени рани, а според преданијата, крај Дојранското Езеро раните ги зацелувала и војската на Александар Македонски
Многу медицински лица како постоперативна рехабилитација препорачуваат лето на Дојранското езеро. Го препорачуваат Дојран како место идеално за постоперативен престој на пациентите, за лица што страдаат од болести на респираторните органи, но и од ревма и ишијас. Некои лекот го нашле во езерската вода, а некои и во езерската кал.
Некои странски туристи останале верни на дојранската кал и доаѓале крај езерото дури и за време на еколошката катастрофа, кога езерската кал ја имаше во избоилство оти водата беше повлечена.
Овде со подолг престој, со капење и мачкање со кал, луѓе станувале и од количка, откако по тешки сообраќајки имале проблеми со долните екстремитети, а на времето не било замисливо рибарите да одат на лов без да се намачкаат со кал. Примероци од калта се однесени во Софија, Белград, или во Љубљана за да се утврди кои лековити материи ги поседува калта за да го промовира Дојран и како езерска бања.
"Ако можела војската на Александар Македонски да се лекува овде, зошто не и ние. Преданијата велат дека, по секоја битка, овде доаѓала војската на Александар за да ги залечи своите рани и болки од борбите. Ако со испитувањата и научно ја докажеме лековитоста, веднаш ќе изработиме брошури и проспекти за привлекување и на странски туристи", зборуваат мештаните.
Се верува дека дојранската кал е далеку поквалитетна од калта во Црното Море, која се користи за терапевтски третмани. Била многу богата со минерали кои благопријатно дејствува на кожата, но и на ревматични болки. Но, според дојранчани, тоа научно треба да го докажат и стручните лица.
Чудна и навидум непријатна, но толку уникатна мешавина на мириси, не може да се почувствува на ниту едно друго место на светот. Единствено се доживува и вдишува токму на брегот на Дојранско Езеро. Оној ист мирис кој го прави Дојран посебен, оној ист мирис кој сме го вдишувале и пред петнаесетина години, кога езерото беше полно со чиста и бистра вода. Кога езерото и градот вистински живееја.
Езерската вода е жешка, зелена и матна. Кога влегувате во неа ја чувствувате тињата под стапалата. Гледате кон езерото, а оттаму непрестано кон брегот надоаѓа пена, која ви личи на пена од сапуница. Кога го доживувате сето ова, и кога, згора на тоа го вдишувате мирисот на алгите, имате чувство дека се наоѓате среде мочуриште.
Но, тоа е поради цветањето на алгите во езерото. Пената ја произведува токму нивниот цвет, значи, таа е сосема природна. Ова се случува само петнаесетина дена во годината. Водата тогаш е најлековита. Водата на Дојранското езеро е волшебна и чудотворна.
Август е идеално време за одмор во Дојран. Тогаш водата е најтопла и тогаш почнуваат да цветаат алгите. Од нив испарува јод, што е одличен лек за подобрување на имунитетот, за лекување настинки и проблеми со дишењето и токму поради тоа најголемиот дел од гостите се семејни луѓе со мали деца.