Ќе можи некој да ја објасни разликата меѓу Dualcore i Core 2 Duo????
Зависи кои Pentium Dual-и. Тие од E5200 па навака се базирани на иста архитектурa, т.е. имаат заеднчики второстепен кеш исто како и кај Core 2 Duo и се изработени во истиот 45nm процес како и C2D E7xxx и Е8xxx , разликата е во големината на L2 кешот и FSB-то. Додека пак, кај постарите E2xxx серии, има поголема разлика, бидејќи тука го нема заедничкиот L2 кеш, и секое јадро има пристап до половина од вкупниот кеш, имаат многу ниско количество на кеш (само 1MB L2, E5xxx и E6xxx имаат 2MB L2 кеш, но како што спомнав кај нив секое јадро има пристап до вкупното количество на истиот), понизок FSB, пониски фрекфенции и користат стар 65nm процес (помалку ефикасни, испуштаат повеќе топлина) што ја прави E2xxx серијата многу поспора од која било серија Core 2 Duo процесори. За разликата со пра старите печки Pentium D dual-и не треба да се споменува.