ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.967
- Поени од реакции
- 57.727
Шестиот осминафинален дуел ќе биде и единствениот во кој ќе се спротистават две јужноамерикански екипи.
Петкратниот светски првак и еден од главните фаворити за освојување на ова СП - Бразил, и фантастичниот тим на la furia roja sudamericana - Чиле ќе ги одмерат силите на 28 јуни, понеделник во 20.30, на Елис Парк стадионот во Јоханесбург
Овие две селекции се сретнале 65 пати, и тоа:
Со победа на Бразил - 46
Со победа на Чиле - 7
Нерешено - 12
Гол разликата е 152-55 во корист на Бразил.
На ова СП:
Бразил e сеуште непоразен со две победи против С.Кореа и БСК и нерешено против Португалија. Заврши како прв во групата Г, со 7 освоени бодови и позитивна гол разлика од 5:1.
Чиле имаше две победи против Хондурас и Швајцарија и еден пораз во третото коло од Шпанија. Заврши како втор во Х групата, со 6 бода и позитивна гол разлика од 3:2
Победникот од овој дуел во четврт-финалето ќе игра против победникот од дуелот Холандија - Словачка.
Што мислите за исходот од овој натпревар?