- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.912
- Поени од реакции
- 73.221
Еден од поинтересните осминафинални мечеви на ова светско првенство. Аргентина покажа многу во натпреварите по групи, иако наидоа на многу критики во квалификациите. И сега беше критикуван Марадона, но неговиот тим изигра на ниво и освои 9 бода, а истиот учинок го имаше само Холандија. Дали тоа беше само лажен впешаток затоа што групата беше релативно лесна, или пак Аргентинците стварно се спремни да изненадат на ова првенство ќе видиме на овој меч. На спротивната страна е Мексико. Екипа која покажа доста отворен и допадлив фудбал но и екипа која има големи проблеми во нападот. Се повреди Карлос вела но Хавиер Агире најде соодветни замени. Овие екипи се сретнаа и на претходниот шампионат. Тогаш во истата фаза Аргентина славеше со среќни 2-1. Како фан на Мексико посакувам реванш за тој пораз, но знам дека сето тоа е очајно тешко. Според мене Аргентина е голем фаворит на овој меч, особено заради тоа што Хавиер Агире упорно го форсира стариот и неподвижен Бланко, но ќе оставам простор за изненадување. Напред Мексико!!!