Не би сакал да звучи дека ти/ви солам памет, но патриотизам и хуманост кон држава не се гради само со ќупчиња, мозаици и монети...потребно е да има и народ (колку толку задоволен и со пристоен, а не живот он ди еџ) кому тоа ќе му "припаѓа".
Дали заради патриотизам толку наш народ се отсели и сеуште е заинтересиран да се отсели? Впрочем постојат кладилници, игри на среќа, приходи од фирми, земјиште, продажби...зошто во име на патриотизмот парите што некој ќе ги добие не ги вложи во развој на археологијата кај нас? И тоа би било патриотизам...или пак само се удираме в гради, а секој си гледа за себе? Да, реков дека би го продал, но купувач нека е државата, нека реши 10-20 посто од тие милион евра па и едно обично семејство да види аир од државата и од патриотизмот кој го гаи кон неа, кој е послушник и редовен и понизен поданик кон неа.
Без соодветно решение, самата држава ги "храни" овие нелегални продажби да се зголемат, наместо да го реши проблемот со двоење извесни средства за таа намена..
Историјата не е само ископината, историја сме и ние во во иднина...како ќе ја градиме ако ради условите сите се иселиме од Македонија?
Инаку и во други држави вакви предмети се продаваат па не се отепуваат од критикување за непатриотизам...тоа само ние го можеме

--- надополнето ---
Не можеме да знаеме во какви услови се наоѓа некој кога очајно посегнува по својата историја за да "искористи" нешто од неа. Можеби некому тие
пари се потребни за операција која нашата држава љубоморно ги чува за други намени...или да изгради сопче во истиот двор со својот родител пошто нема друго чаре...за жал не живееме баш во средено или богато општество за да моралното прашање за ископините ни е на високо ниво.