- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- evangelos.blog.mk
Но сепак поминал долг период од вознесувањето на Иса а.с до првиот извадок на БИблијата.
Стариот завет си постоел 400 години пред да се роди Исус. Првиот новозаветен текст се појавува 20 години после Исусовата смрт. Останатите евангелија и посланија се напишани околу 40 години после Исусовата смрт. Последниот новозаветен текст (евангелието по Јован и Откровението) се напишани кон крајот на првиот век (60-70 години после Исусовата смрт). Тоа воопшто не е долг период. Тоа е период кога сеуште биле живи очевидците на настаните и можело да реагираат доколку се појавиле лажни текстови. „Потоа им се јави еднаш на повеќе од пет стотини браќа, од кои повеќето се живи до денес (времето кога Павле пишувал), а некои - починаа. “ (1 Коринтјаните 15:6, Библијата)
Така да зошто да се поверува дека Библијата е автентична, кога во неа не се сите евангелија кои ете ги пишувале сведоци на настаните ?
Одбрани се само неколку, што по дифолт ни кажува дека не знаеме што таму фали а што е додадено.
Апокрифните (лажните) евангелија не се напишани од сведоци на настаните. Само четирите евангелија кои што се наоѓаат во Библијата се напишани во првиот век. Сите останати "евангелија" (апокрифни, лажни) се напишани во вториот и третиот век, а нивните автори ги потпишале како да се напишани од апостолите за да добијат на кредибилитет. Но многу лесно е проверено и докажано нивното подоцнежно датирање со што е докажана и нивната неверодостоност т.е. тие се докажани фалсификати.
Евангелијата никогаш не биле бирани. Во муслиманските кругови се шири една детска лага дека Константин ги одбирал евангелијата на првиот вселенски собор. Но тоа не е вистина затоа што прво, тој вселенски собор воопшто не ни бил свикан за таа цел, ниту пак станало збор за евангелијата, а второ имаме пишани историски извори што кажуваат дека првите христијани ги користеле токму тие четири евангелија што денес ги имае во Библијата.
И зошто да се верува на Павле кога и тој дошол векови после Иса а.с а да не се верува на Мухамммед с.а.в.с ?
Прво, новозаветните текстови не ги пишува само Павле, туку и Матеј, Марко, Лука, Јован, Петар, Јуда и Јаков. На Павле може да му се верува затоа што тој не се појавува неколку векови после Исус, туку се појавува 10-15 години после смртта на Исус, а своите посланија ги пишува во 50-60 година или 20-30 години после смртта на Исус. Плус, Павле бил доста близок со апостолите на Исус и од прва рака ги дознавал работите за и околу Исус и Неговото учење.
И зошто Мухаммед с.а.в.с би лажел ? Сакал империја а ?
Мухамед сакал и добил, не империја, ама една скромна државичка како Арабија

Зошто тогаш во Куранот напишал, дека Христијаните и Евреите заедно со сите неМуслимани можат да стигнат до Џеннет ако веруваат во Бога и судниот ден и не му припишуваат здруженик ?
Евреите никогаш не му придржувале здруженик на Бог. Тие исто така веруваат во еден и само еден Бог, веруваат и во судниот ден, ама сепак тие се крвни непријатели на муслиманите од кога постои Исламот па до денес. Зошто? Причините се чисто политички.
Мухамед во Куранот вели дека христијаните и евреите ќе влезат во Џенетот ако веруваат во Алах, ако даваат зекат, ако вршат намаз итн. со еден збор ако станат муслимани. А доколку не станат муслимани, тогаш да ги убијат.
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Па, кога светите месеци ќе поминат борете се против многубошците, каде било да ги најдете, заробувајте ги, опколувајте ги, чекајте ги во заседа од секој вид! Па, ако се покајат, и ако намаз извршуваат, и ако зекат даваат, пуштете го патот нивни. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]- Сура Аl-Тawbа 9:5[/FONT][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Борете се против оние кои не веруваат во Аллах и во Денот Ахиретски и кои не го забрануваат она што го забранија Аллах и пејгамберот Негов, и кои не ја застапуваат вистинската вера на оние на кои им е дадена Книгата се додека не дадат џизија со рацете, потчинето![/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]- [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Сура Аl-Тawba 9:29
[/FONT][/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]И борете се против нив се додека го снема сплеткарењето и додека верата Аллахова не биде присутна.[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]- [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Сура Аl-Аnfal 8:39[/FONT][/FONT]
Што се однесува до Инџилот, можно е да постоел во времето на Мухаммед с.а.в.с, а бидејќи исчезнал сигурно бил поразличен од Библијата.
Од новозаветните текстови постојат околу 25.000 сочувани ракописи кои датираат од 1от до 4от век. Христијанството во 4век се простирало низ целата Римска империја. Христијанските текстови ги имало насекаде, речиси во секој дел од Римската империја. Каде е тука мистериозниот Инџил? Зарем е можно да не е сочувана ниту една копија? Зарем е можно, ако постоел како различен текст од евангелијата, никој пред Мухамед да не го спомнал?
Се прашувам, колкава вера е потребна за да се затворат очи пред објективната историја и слепо да се верува на некој човек кој без никакви сведоци и аргументи самостојно тврден дека комуницира со некаков си ангел кој му кажувал изјави контрадикторни со целата историја пред него?