Боговите во библијата

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
А Јахве ги создал сите луѓе и другиве богови му ги разграбале или секој бог си направил свој луѓе?
Mислам дека не.Сумерската митологија кажува дека богот Енки ги создал луѓето.А сумерската митологија е далеку постара од јудаизмот,а и самиот јудаизам влече корени од неа.Првиот библиски патријарх Аврам дошол во Израел од Ур халдејски-Сумер.Јахве подоцна го зема племето израелско под своја закрила.

--- надополнето ---

Се мисли на лажните богови измислени од луѓето.
А Јехова од кого бил измислен?

--- надополнето ---

На почеток секој бог си созал свој народ, Јахве ги создал израелците али после неговата вера се сирела и на други народи. Исто како со Алах ги создал муслиманите прво во арабија па оттаму се сирела верата.
Не те разбирам.Како Алах си ги создал муслиманите пред 1400 години?Пологично е муслиманите да го создале Аллах,и на почеток секој нерод да си создал свој бог,а не обратно.
 
Тој е единствениот и вистински бог.

П.С. Многу лошо ја толкуваш библијата.

A кој најточно ја толкува?
Католиците? Протестантите? Православните? Адвентистите?........

Мојсеј го слави Господа дека е најголем од сите други богови... Бог не вели “Не постојат други богови освен мене“ тој им наредува да не им се клањаат на другите, да не држат други богови, и во самиот почеток синовите на бог слегувале на земјата имале односи со ќените човечки кои им раѓале џинови, значи во самата хиерархија на христијанството постојат и богови и нивни синови и некои митски суштества, полубогови - џинови.
 
Ти што си по религија?

Значи така. Господ не сака да се молиш на некој си твој измислен бог на пр. тој создадел се и сега ти се молиш на некоја си скулптура, икона...(друг бог) Јасно е кажал да не праваме идоли. А за ангелите кои имале односи со жените кои раѓале џинови тие се биле ангели кои откажале послушност кон Бог и слегнале на земјата, зеле човечка форма за да се сексаат со убавите жени кои им родиле злобни џинови и бидејки потоа не можеле вечно да живеат како луѓе пак станале ангели но Бог ги протерал од небесата и затоа тие отишле откај страната на ѓаволот и станале демони. А џиновите биле истребени со големиот потоп.
 
Интересно ..
ова некаде запишано е? (го поврзувам со некоја друга тематика па ме интересира)
Во Библијата :)

’’Кога луѓето почнаа да се множат по земјата и им се народија ќерки,
Божјите синови гледаа дека човечките ќерки се убави, па си ги земаа за жени, кои ќе ги избереа.
Тогаш Господ рече: „Мојот Дух нема да остане довека во човекот; човекот е телесен, па векот нека му биде сто и дваесет години.
Во оние времиња - а и подоцна - на земјата беа Нефили, кога Божјите синови општеа со човечките ќерки, па тие им ги раѓаа оние деца. Тоа се оние, од стари времиња, по сила прочуени луѓе.
Господ виде колку е голема човековата расипаност на земјата и дека секоја мисла во неговата памет секогаш е само зло.
Господ воздивна и се натажи во Своето срце дека го создаде човекот на земјата. Господ рече: „Ќе ги истребам луѓето што ги создадов од лицето на земјата - од човекот до ѕверот, ползачите и птиците во воздухот - зашто се покајав што ги создадов.” (Џенезис 6:1-7) :)
 
Ти што си по религија?

А за ангелите кои имале односи со жените кои раѓале џинови тие се биле ангели кои откажале послушност кон Бог и слегнале на земјата, зеле човечка форма за да се сексаат со убавите жени кои им родиле злобни џинови и бидејки потоа не можеле вечно да живеат како луѓе пак станале ангели но Бог ги протерал од небесата и затоа тие отишле откај страната на ѓаволот и станале демони. А џиновите биле истребени со големиот потоп.
Абе нема за ова шо го изнакажа во библијата.
Вака пиши:

2 Тогаш синовите Божји, гледајќи
ги ќерките човечки дека се убави,
ги земаа кои што ги сакаа за жени

4 А имаше во тоа време џинови на
земјата, особено, пак, кога синовите
Боќји почнаа да влегуваат при ќерките
човечки и тие почнаа да им раѓаат.
Тоа се силните луѓе, прочуени од старо време

Прва Мојсеева 6

Значи синови божји (а син на бог е бог) значи имало богови повеќе не само еден. Не вели дека се ангели ни дека се паднати ни дека слегоа на земја па таму седеле...
(Не се скапи Библиите, земи си една)
 
Ти што си по религија?

Значи така. Господ не сака да се молиш на некој си твој измислен бог на пр. тој создадел се и сега ти се молиш на некоја си скулптура, икона...(друг бог) Јасно е кажал да не праваме идоли. А за ангелите кои имале односи со жените кои раѓале џинови тие се биле ангели кои откажале послушност кон Бог и слегнале на земјата, зеле човечка форма за да се сексаат со убавите жени кои им родиле злобни џинови и бидејки потоа не можеле вечно да живеат како луѓе пак станале ангели но Бог ги протерал од небесата и затоа тие отишле откај страната на ѓаволот и станале демони. А џиновите биле истребени со големиот потоп.
А пред да земат човечка форма какви биле тие ангели?Како Каспер нешо така или?И зеле човечка форма исклучиво само за да се сексаат со земјанките?Ова некако мојава психа неможе да го свари,освен ако тие ’’ангели’’ не биле алиени.
Велиш Бог ги протерал од небесата и тие отишле кај џаолот?А на џаолот престолот каде му е?

И од каде ти е цела оваа приказна со ангеливе?
 
Зошто само се правиш паметен, па сето тоа е извадено од контекст од Библијата, добро ти вели Селектор .
 
обидете се да ја сведете дискусијата на размена на мислења ... аргументи ... цитати ... со меѓусебно почитување на вашите мисли и сваќања ...
нема потреба од исмевања меѓусебни, од омраза и провокации ... така само ќе се задуши темата и освен најобично препукување нема да има ништо од добра дебата ...
:smir:
 
Зошто само се правиш паметен, па сето тоа е извадено од контекст од Библијата, добро ти вели Селектор .
Повели Младене да го видиме твоето мислење во врска со ова.Не се правам паметен,само ми е некако како приказна од Толкин.
 
Повели Младене да го видиме твоето мислење во врска со ова.Не се правам паметен,само ми е некако како приказна од Толкин.

Значи, како и што рековме, Ангелите (не сите) слегле на земјата поради привлечноста на жените земски (тоа со облиците и јас не се сеќавам да го имам сретнато, а и во Библијата пишува дека Бог ги создал прво Ангелите, па луѓето по својот облик, така да изземи го тоа) и спиеле со нив. Како резултат на тоа, децата што ќе се родат се џинови, значи доста поголеми и посилни од обичните луѓе, кои тука се окарактеризирани како злобни и правеле нереди на Земјата. Претходно, кога Ангелите што слегле на Земјата да спијат со жените, сакале да се вратат при Бога, тој нормално не ги примил назад, па тие му се придружуваат на Сатаната.
Побара мое мислење, го приложив. Не очекувам да поверуваш само поради 2 - 3 реченици што јас ќе ги пишам на форумов, сепак, сите ги толкуваме работите како што сакаме.
 
Sega za koj Satana zboris? Za Lucifer the Lightbearer od Stariot Testament ili za Gavolot od Noviot? Mene mi licat na dve razlicni licnosti.
 
Абе нема за ова шо го изнакажа во библијата.
Вака пиши:

2 Тогаш синовите Божји, гледајќи
ги ќерките човечки дека се убави,
ги земаа кои што ги сакаа за жени

4 А имаше во тоа време џинови на
земјата, особено, пак, кога синовите
Боќји почнаа да влегуваат при ќерките
човечки и тие почнаа да им раѓаат.
Тоа се силните луѓе, прочуени од старо време

Прва Мојсеева 6

Значи синови божји (а син на бог е бог) значи имало богови повеќе не само еден. Не вели дека се ангели ни дека се паднати ни дека слегоа на земја па таму седеле...
(Не се скапи Библиите, земи си една)

Според некои преводи од септуагинтата синовите се преведени како ангели.
Син на бог не е бог туку е син на бог. Исус е првиот ангел(Архангел Михаел) - првиот божји син. Тој е најголем и е над сите други ангели. Потоа создал и други ангели. Тие се создадени пред создавањето на небото и земјата.
 
Sega za koj Satana zboris? Za Lucifer the Lightbearer od Stariot Testament ili za Gavolot od Noviot? Mene mi licat na dve razlicni licnosti.
Ако станува збор за змија,јарец или црвен бик со рогови и копита,тогаш за мене и двајцата се имагинарни ликови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom