Што друго да искоментирам освен дека сум воодушевен од пристапот на Реал Мадрид во овој натпревар и поставеноста на теренот му беше да играат пресинг и кога се со топката веднаш да тргнат во напад...во неколку ситуации ако забележавте Иниеста и Чави немаа каде да додадат и топката ја враќаа назад а Месси како и секогаш се обидуваше да направи соло продор...од Реал Мадрид подобри беа Ди Мариа,Алонсо и Марсело, а Кака и Игуаин беа тотално исфрлени од игра и тоа мислам дека беше лоша проценка на Мурињо ...реално гледано играчите на Реал Мадрид и не правеа масакар во овој натпревар колку на минатите други натпревари,а играчите на Барселона си се приказна за себе....
Маскерано и Бускетс ја претеруваа и на моменти изгледаа смешни пред очите на јавноста...за Де Блекере можам да искоментирам дека денес беше смирен и се обидуваше што повеќе да ги смири тензиите на теренот и играчите да се насочат кон фудбалот...тоа е одлика на големите судии(дури неколку пати му прогледа низ прсти на Адебајор и Алонсо)...
Можеби и имаше неколку погрешни одлуки,но се на се денес реално гледано добро си ја заврши својата работа...(за поништениот гол на Игуаин не коментирам бидејќи ситуацијата е деликатна а Де Блекере немаше да згреши и да оставеше предност,но и вака нема да му се рачуна како грешка
)..како и да е заслужен пласман на Барселона во финалето и нека му е честито на фановите на овој тим.