UEFA Champions League 2010-2011

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ја освои Лигата на Шампионите?


  • Вкупно гласачи
    171
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Тимот што не може да биде во првите 3 во домашната лига не заслужува да игра во ЛШ. (според мене)

Добро, тоа е веќе друго прашајне. ја ги гледав Јуве, Милан, Интер, Рома па и Фиорентина едно време, во ЛШ. Е сега секако дека нема за секого место ама вака уште едно е помалку. Што ако му испадне на Милан една лоша година и да освојт само четврто место? Од сега не ќе играт во ЛШ и со тоа губи многу пари. Тука е суштината, барем за клубовите.
 
^ Интер:kesa:,Милан:kesa:,Рома:kesa:,Наполи:kesa:,Палермо:kesa:,Сампдорија:kesa:...или само Јувентус е крив што Италија ќе го изгуби 4 место во ЛШ.Тоа што Интер губи од Баерн Минхен,и е многу блиску до елеминација токму од Германски клуб не е баш многу битно а?

Се ти објасна росоњер!
 
Абе доста мрчите и обвинувате поединечни екипи од калчото за губењето на местото кога неуспехот за тоа треба да се бара кај сите заедно. Освен Интер и Милан кои имаа неверојатни сезони кога освоија во сите преостанати сезони после калчополи екипите од Италија(сите од нив) се мачат да поминат 1/8 финале. Не дека овие од Бундесот се нешто подобри ама моменталниот начин на рангирање им дава голема предност. Немам проблем со изедначеното рангирање и за ЛШ и за ЛЕ меѓутоа ако е тоа скоро па исто тогаш и паричниот фонд треба да го следи истиот тренд а сите знаеме дека има голема разлика. Како и да е Италијанците наредната сезона имаат шанса колку толку да направат damage control во Европа и да се обидат да ја намалат разликата за третото место и во што поскоро време истото и да го вратат назад

Чудно како никој не го спомнува фактот дека Бундесот има 2 екипи помалку од сите останати топ 5 првенства во Европа а со самото тоа и 4 натпревари помалку по сезона во лигата што во викендашки кола би му дошло месец повеќе за одмор на нивните играчи
 
Абе сите сте им запнале на Јуве ко слеп за стап за нив се фативте, а никој нормален не се најде да ја спомне оооо фамозната и јака Сампдорија која губи од Вердер, кој мака мачи за опстанок да избори.
И кога ќе видиш Германците можеби го заслужија ова место плус, ама кога на сето ова ќе ставиш дека освен Шалке и Баерн моментално нема кој друг да може да направи нешто повеќе во Лига на Шампиони (да не речам нема да пркне подалеку од групите), Италијанциве ќе си го вратат своето место за брзо време.
 
Другари никој не се запна во Јувентус како ''слеп за стап''..туку поентата ми беше дека Јувентус е екипа со реноме и историја каде секогаш се очекува победа и само победа,за разлика од Сампдорија,Палермо,Рома,Лацио......едноставно Јувентус во овие две години беше растур систем и со тоа дополнително придонесе за Италјанците да имаат 3 места во ЛШ во иднина..се знае дека сите се виновни па дури и Интер..но Јувентус со елиминацијата по групи(минатата година(дебаклот од Баерн)), и оваа година во ЛЕ повторно елиминација во групи (со башибозук противницни во групата) мислам дека си носат голем товар врз себе со самиот имиџ клубот што го има во Италија и Европа...ме разбравте сега што сакав да објсанам?
 
Добро и 5 места да им дадат на Германциве Интер и Милан пак ќе ги гледаме во ЛШ... останативе екипи во калчото нека си се борат за третото место и така не се интересни за гледање освен овие две.
 
Добро, тоа е веќе друго прашајне. ја ги гледав Јуве, Милан, Интер, Рома па и Фиорентина едно време, во ЛШ. Е сега секако дека нема за секого место ама вака уште едно е помалку. Што ако му испадне на Милан една лоша година и да освојт само четврто место? Од сега не ќе играт во ЛШ и со тоа губи многу пари. Тука е суштината, барем за клубовите.

Како што кажав ако тимот не е кадарен да биде во првите 3 тогаш не заслужува ЛШ истото важи и за Милан.За да не дојде до таа позиција да се мачи за 4то место ќе се мисли на лето кога е трансфер периодот.
 
Абе сите сте им запнале на Јуве ко слеп за стап за нив се фативте, а никој нормален не се најде да ја спомне оооо фамозната и јака Сампдорија која губи од Вердер, кој мака мачи за опстанок да избори.
И кога ќе видиш Германците можеби го заслужија ова место плус, ама кога на сето ова ќе ставиш дека освен Шалке и Баерн моментално нема кој друг да може да направи нешто повеќе во Лига на Шампиони (да не речам нема да пркне подалеку од групите), Италијанциве ќе си го вратат своето место за брзо време.

Па еве и Италијанците тешко им оди некако.
 
Па еве и Италијанците тешко им оди некако.

Брат искрено ако збориме кај италијанците не се проблем игрите во ЛШ,проблем се игрите во ЛЕ каде што се мизерни.

Тука германците ги поминаа италијаниве а не во Лш.
 
Гледам анкетава, баерн со само 9 гласа, а баш мислам дека ќе тераат далеку, нешто ко лани..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom