Чудно е што се плука на постари играчи а во тимот перманентен првотимец е Занети.

Ван Бомел не верувам дека ќе дојде, сега прв пат гледам ваква информација, може ја пренеле и жабараиве али ја ставиле у некое ќоше едвај да ја видиш од што е сериозна ...
Нејсе, и да дојде, што не верувам, би бил привремена опција до летото, еднаш реков на темава, ќе кажам и пак, сега Креспо да се понуди, ќе плукате на него само ради годините ? Тој муабет со пензионерски домови мене ми е карактерситка за деца од осмо во основно, Дел Пиеро и Инзаги можат лекции да им држат на пола напаѓачи што сега имаат 18,19 или 20 години, сеедно, не гледам тим ко Милан низ годиниве да губел нешто со тоа што го имал Инзаги во екипата.
Кадарен е овој моментален тим за високи дострели, штета што друг го диктира првенствово и што моментално се во една ваква состојба во која не припаѓаат.