Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Овие потврдија присуство за у Четврок,балонот у Чаир,од 16:00 до 17:00.. ;))
1.Штрафценегер
2.Бенеамата
3.Адриано
4.Кире
5.Д Грејт
6.Аки
7.Илијаико
8.Занети
9.Ice_Hendrix
10.Ace-Nerazzurri
11.Sneijder
12.Rossi_46

Ако има уште некои што ќе доаѓаат а не се на списоков,нека пишат тука..

Поради страв од немање ни 12 души,уште еден Интераш од Велес ќе дојде со Занети.. (ако нема некој нешто против)




Ај ќе пишам деновиве дали ќе дојдам. Првичните планови од 8 ми одговараа, ама вака во четврток имам предавање баш до 4, а да не збориме за гужвата од битпазар до чаир во тој период, пола саат дур стигнам така да ќе видиме.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.315
Поени од реакции
15.549
Снајдер се враќа за мечот со Милан :)

Само уште еден од Камби или Станкович да се врати и средината ќе ни биде добра. Можно е и Цезар да се врати па ќе имаме добар тим а во дуелот со Милан мотивација нема да недостига.
-------------Цезар---------------
Сантон--Лусио--Кордоба-Киву
------Занети---Станкович-----
Пандев----Снајдер-----Кутињо
-------------Ето-----------------

Али клупата ни е крш :)


edit: Снајдер не се повредил, имал несвестица на полувремето со Бреша :toe:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.901
Поени од реакции
44.848
Mечот со Милан, а и воопшто, овие 2 недели за Рафа се да се биде или не, да потсетам само дека Интер го условија со тоа што за отказ ни евро нема да види ...
Така да памет у глава за наредни 2 недели, доаѓа Милан, доаѓа Твенте, а пред нив и Лече, поебе ли и тука, чао довиџења, идеме на друга варијанта.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.315
Поени од реакции
15.549
Дефинитивно, ако не успее најмалку нерешено со Милан да извади и лош резултат со Твенте може да му кажат довиџење...

Него, го гледаше ли некој Дестро прееска? Јас на моменти го загледував дечкото игра без респект и трема, мислам дека ептен згрешивме што им дадовме пола сопственост на Џенова.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.901
Поени од реакции
44.848
Дестро е само позајмен, Џенова ке има право на косопственост од наредното лето, 2011 ...
Инаку и косопственоста ти е чиста формалност, мада ке треба да се даде одредена сума на пари али затоа имаш играчи кои се усовршуваат во тим ко Џенова, а не во некои апла четврторазредни фудбалски тимови.

Ранокија ке ги чини Интер над 6-7 милиони евра гарант, Дестро можат комотно уште зимоска ако сакаат да го вратат без некаков паричен надоместок.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.315
Поени од реакции
15.549
Во право си бил, а се мислев дека е на косопственост.
И точно е дека е формалност, али тимот што го дава губи доколку се направи добар играч али од друга страна не го чува кај себе и со тоа не го осудува на вечно греење на клупата.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.901
Поени од реакции
44.848
Syn, od kade informacijava deka moze da go izbrkat Benitez, bez pritoa "osteta" da mu platat?
Знам дека тоа беше 1 од условите за да дојде тука, го условија со тоа и со трансферите, ова инфо протече низ медиумите ( пред да се официјализира ) кога се изнесуваа деталите за неговата плата, носење на луѓе во Интер и слично.
Јебига, наследува шампионски тим каде нема изговори '' ми треба време '', '' не е изводливо за толку краток период да се сменат нештата '' и сл бидејќи Се му е сервирано на тацна.
 

@ki

Whaaaa? :)
Член од
27 декември 2009
Мислења
389
Поени од реакции
22
^ На Рано Ден имаа извештај за ситуацијата на РАФА!
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Знам дека тоа беше 1 од условите за да дојде тука, го условија со тоа и со трансферите, ова инфо протече низ медиумите ( пред да се официјализира ) кога се изнесуваа деталите за неговата плата, носење на луѓе во Интер и слично.
Јебига, наследува шампионски тим каде нема изговори '' ми треба време '', '' не е изводливо за толку краток период да се сменат нештата '' и сл бидејќи Се му е сервирано на тацна.
Брат, за поголем дел не е Рафа крив, никој не е крив што ги мачи повреди играчиве и пола играчи што играа лани блескаво и оваа сезона неможе да бидат исти.... свако чудо за три дана
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.901
Поени од реакции
44.848
Брат, за поголем дел не е Рафа крив, никој не е крив што ги мачи повреди играчиве и пола играчи што играа лани блескаво и оваа сезона неможе да бидат исти.... свако чудо за три дана
E да де, у 1 пост имаш две огромни случајности кои никад не биле случај со Интер, т.е. биле, со некарактертни и лоши тренери, алудирам на второто, за првото јас не памтам кога Интер бил со ваков проблем кога се во прашање повредите.
Коинциденција е и што фитнес тренерот е нов, соработник на Рафа, ко него, шпанец ...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.315
Поени од реакции
15.549
„Не постои вина. Статистиката вели дека вакви работи се случуваат при промена на тренер. Методот на подготовки не се промени многу, сеуште се работи повеќе на топка а помалку на физичките вежби.“

Морати изрази жалење за Самуел: „Тој е професионалец, секогаш е сериозен во тимот и е фантастична личност. Таквите луѓе не заслужуваат вакви повреди“.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.901
Поени од реакции
44.848
Морати ако го пратите низ цела своја кариера е контрадикторен, пред една недела критикува, сега олабавува, што е и нормално, следи меч со Милан, сите знаеме што ке значи евентуален неуспех и таму и како истото ке влијае во остатокот од сезоната, од една страна за Интер а од друга за Милан ...

Инаку се промени тренерот и пред две години, дојде Мурињо, па видовме колку повреди имаше тој со Интер во првата негова сезона тука.
Не треба многу за да се види големата слика од ова негово интервју.
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
E да де, у 1 пост имаш две огромни случајности кои никад не биле случај со Интер, т.е. биле, со некарактертни и лоши тренери, алудирам на второто, за првото јас не памтам кога Интер бил со ваков проблем кога се во прашање повредите.
Коинциденција е и што фитнес тренерот е нов, соработник на Рафа, ко него, шпанец ...
До него е, а Рафа е крив што го избркал стариот а донел нов фитнес тренер

П.с Декиии
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom