Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Момичиња честито нека ни е победата,јебеш три гола што примивме,важна е победата ебаго :)
Е сега,Бранка нека почне уште одма да се пазари за Бејлчо,мора да се има во тим такво играчиште и пол...кој коњ е мајке ми,ни кучиња тркачи не го стигаат кога ќе почне да трча со топка во напад,свака му част.

Ето гол машина,одбраната тромава,Цезар не сакам да го коментирам,ме разочара вчера со неговото “бранење“
Како и да е,осминафиналето е пред нас,што е поважно,нови играчи треба и МОРА да се купуваат зимава,бидејќи не оди вака...добро,оди ама многу тешко у пизду матер,вчера живци искинав кога го видов Бејл за 2 минути како два пати му го трефна на Цезар и на цела одбрана на Интер.
Мора секоја утакмица да го даваат максимумот,од прва до 90 минута сосе продужетци,да не пукне после резил...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.507
Поени од реакции
58.924
Ај да напишам нешто од денешна перспектива, пошто вчера сите бевме во фазон wtf??? и повеќе емотивни реакции пишувавме а уште немавме претстава што по ѓаволите се случило. Па имавме во главно два вида постови:

1. Играчите се заслужни за првото полувреме а Бенитез е крив за второто.
2. Бенитез е заслужен за првото полувреме а играчите се криви за второто.

Во меѓувреме, сите заборавивме дека вчера уствари тепавме, хелоууу :classic:
Енивеј, фер е да се каже дека вчера беа одлични и Бенитез и играчите, и дека потфрлија и Бенитез и играчите. Првото полувреме беше газење, иако со огромна помош на судијата (поздрав до Марли) стигнавме до бодовите. Дечките си растураа, им влегуваа од сите страни. Нормално, знам дека Тотенхем е десеткуван во задната линија па и не е чудо, нивниот состав е како кај нас Матераци и Ривас да мораа да играат стопери вчера. Ето е во елемент, тоа што се врати на природната позиција има и дополнителен ефект, гладен е за голови, смачено му е да игра бек. И тој и Пандев жртвуваа многу минатата година и сигурно пак ќе жртвуваат ако мораат, но ова е тоа вистинското. Ето веќе има 14 голови и дури се поставува прашањето колку е паметно воопшто да се тргне од таа позиција, дури и по цена на тоа Милито да грее клупа. Кутињо има одличен осет за пас а Ето е навикнат да игра покрај такви играчи. Останатиот дел од тимот офанзивен, уште со Мурињо го надминаа оној страв да излезат од половината и да тргнат кон голот. Сега се размислува како да се даде гол, и тоа ме радува. Вчера посебно ме израдува влегувањето на Карло Кудичини. Се сеќавате ли на онаа статија на Карло Гаргамелезе од гоал.ком, по натпреварот Интер - Милан 2:0. Тогаш Карло пишуваше дека го гледал натпреварот со другиот Карло, и дека другиот Карло го пцуел Дида за голот што го примил од Пандев, и дека Карло го мразел Интер (факт, двајцата Карловци го мразат Интер). И кај сакаш подобро, Карло влегува во игра, спремен за торпедирање :pos:

Нема што многу да се додаде околу првиот дел, бевме надмоќни, решителни, доминиравме, газевме.

Вториот дел како и да е, го затемни брилијантното прво полувреме. Кај кого е вината и кои се причините?

Како јас гледам на работите, вина има и кај Бенитез и кај играчите, но повеќе кај вторите. Зошто? Вчера излезе инфо дека Бенитез по завршувањето бил многу лут во соблекувалната. Нормално. Но што правеше Бенитез на полувремето во соблекувалната? На 4:0 мотивацијата паѓа, и тука тренерот треба да даде се од себе да ги мотивира играчите. Можеби се обидел, не знам. Ако имавме замерки на Мурињо за натпреварот со Милан во кој Интер застана во второто, сега мислам дека можеби не било до Мурињо, и не е до Бенитез. Овој состав на Интер има чудна навика да покажува милост. Но и понатаму, од снимката се гледа дека Бенитез реагираше по првиот примен гол. Ме чуди зошто не реагираше по вториот? По вториот си остана на клупата. 90-та е, што има да станува. Факт е дека и тој бил на иста бранова должина како и играчите.

Но сепак, играчите се тие кои се на теренот. Со мотивацијата се мачеа и Манчини и Мурињо. Натпреварот со Тотенхем после 4-0 можам да го споредам со било кој натпревар со најслабите екипи од сериа А на кој водиме 0:1, а некогаш и 0:0. Еден куп играчи тотално незаинтересирани на терен, како Алваро Рекоба во последните денови во Интер. Шетачи, посматрачи, олеснувачи... Кога имаме силен противник како Челзи, Барселона, тогаш сите ораат по теренот. Проблем е мотивацијата. Проблем е кај сите, но кај нас е хроничен проблем. Трае со години и никако не се гледа крајот.

Но уште еднаш, вчера сепак победивме. Натпреварот не беше загрозен (пак фала му на судијата што не продолжил повеќе, и уште еден поздрав до Марли :smir:). Добра лекција е во секој случај. Добро е, како што вика Вијали, што не победивме 4:0, зошто онака опуштени во Лондон ќе не прегазеа. Сега барем знаат дека таму ќе мора да се одигра. Знаеме дека уште имаме недостатоци, но мислам дека тајмингот во кој ќе ги надминеме е вистинскиот, сега, кога започнуваат вистинските битки во првенството. Се надевам дека Занети е во право кога вика дека оној Интер од првото полувреме е вистинскиот, и дека тоа ќе го покаже во Лондон. Се надевам дека Бенитез од ова ќе свати дека мора да ја држи мотивацијата на највисоко ниво. Се надевам дека играчите ќе сватат дека после 4:0, чашата е само до пола полна и треба да се наполни. Се надевам дека Морати и Бранка ќе направат 2-3 интервенции во јануари. Знам дека е почеток на сезоната и место за некои посебни паники, нема. И онака ми недостигаше Pazza Inter :)

Ова не е ни саглам пост нити пак недај боже колумна. Само рандом мисли како што ми доаѓаат околу вчерашниот натпреварот. Се извинувам за несреденоста...
 

@ki

Whaaaa? :)
Член од
27 декември 2009
Мислења
389
Поени од реакции
22
Javier nets first goal in UEFA Champions League since 2-0 win over Sturm Graz on 9 December 1998 :pipi:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.745
Поени од реакции
44.049
Ај што е најстариот стрелец на гол во ЛШ, стана и единствениот кој има размак помеѓу 2 гола од 12 години. :)
Иначе
Inter’s third goal in particular was a masterpiece, 34 passes, a lightning quick interchange between Eto’o and Stankovic, a clever feint from the Serb, then a laser guided finish.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
значи во случајот третиот гол на Дејан е фудбалско ремек дело со милион пасови и на крајот дупли пас и гол!..не сум заприметил но очигледно и што имавме играч повеќе со тоа повеќе простор за пасови на средината имаше!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.745
Поени од реакции
44.049
Toчно е дека имаа играч повеќе, но и точно е дека цел тим на Тотенхем у таа ситуација се бранеше, вклучувајќи го и Крауч, имаа 9 играчи на своја половина и беа у бункер кој маестрално беше пробиен ...
Интер лани со Барса такоџе цел меч беа у бункер стаени со играч помалце, ама една Барса, која го игра најнапаѓачкиот фудбал на планетава се мачеше шанса да создаде.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
Јавна тајна беше дека Интер го посакува Герет Бејл во своите редови, но откако Велшанецот го постигна хет-трикот вчера, цената очигледно ќе „рипне“ повисоко, а тоа ќе значи и многу потешка мисија за Бранка. Истото мислење го дели и Морати, кој ја пофали играта на левиот бек на Тотенхем на вчерашниот натпревар.

Интер водеше 4-0, но Герет Бејл се погрижи за нервозен трилер финиш на фановите на Интер, постигнувајќи три гола.

„Тој одигра многу добро, а ние бевме во право што се заинтересиравме за него уште летово,“ - изјави Морати. „Можевте да видите дека тој е одличен играч.“

„Сега? Неговиот хет-трик ја зголеми неговата цела многу повисоко.“

Интер летово понуди 25 милиони за услугите на Велшанецот плус Сулеј Мунтари, но очигледно лондончаните не најдоа заеднички јазик со Бранка и Морати. Милан и Јувентус исто така се заинтереисрани за Бејл, а бидејќи е јасно дека Интер ќе се засилува во Јануари, реално е Велшанецот да биде една од трансфер метите на нероаѕурите.

Како други кандидати за засилување во Јануари се и Афелај и Кајт, а според последните најави од Италија, Интер ќе го ангажира Афелај за 5 милиони евра, поради истекувањето на договорот на Холаѓанецот со ПСВ Ајндховен.
Кога понудиле Интер 25 милиони за Бејл и + Мунтари, од каде ова пак сега? Летото скоро нигде не го спомнаја Бејл медиумите. 100% сум сигурен дека ак нуделе " само " 20милиони Интер за него, ќе го пуштеле Тотенхем.
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Кога понудиле Интер 25 милиони за Бејл и + Мунтари, од каде ова пак сега? Летото скоро нигде не го спомнаја Бејл медиумите. 100% сум сигурен дека ак нуделе " само " 20милиони Интер за него, ќе го пуштеле Тотенхем.
Не си бил тогаш у тек. Еве линк.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Е сега не само вие скоро сите на форумот ја претеравте со Бејл..да добар играч е но кој гарантира дека туку така ќе се вклопи во нашиот тим и веднаш ќе ровари??..јас баш мислам дека во Италија ќе биди флоп бидејќи ретко кој англичанец(велшанец) се снаоѓал во англија(а и многу малку се)..бејл е физички силен,брз и има силен шут и центаршут но не знам како би се вклопил во овој Интер ако евентуално пристигни кога се знае дека во Италија се бараат играчи со памет а не коњи или копачи..според мене Ди Мариа пет пати е подобар трансфер за нас од Бејл и има милион причини за истото,само проблемот е тоа што игра за Реал Мадрид и тешко дека ќе се одлучи да бега од таму само за една година...ама сепак тешко дека ќе видиме ваков трансфер во последно време во нашите редови бидејќи на Морати не мус е фрлаат пари и решен е да покрива долгови со заработките..вјануари скоро сигурно доаѓа Инлер од удинезе и некој ''резервист'' од шпанските клубови претпоставувам(Бенитез работа)!
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
Не си бил тогаш у тек. Еве линк.
Па и тука пишува дека Тотенхем го проценил Бејл за 20милиони. Да загризија Интер како шо требит, Бранка сигурно ќе ја спуштеше цената од 20милиони, на 17-18.

ps. И 17 е многу за Бејл, ама ај.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.411
Поени од реакции
6.549
Незнам кој играч беше летово не се сеќавам, изјави дека Интер го барал, Бранка експресно му изјави дека обично Интер тоа што го сака, тоа и го добива.
Ист е случајот и со Бејл, да сакаше Интер да го земе, вчера ќе носеше сино-црн дрес. Но како што Син веќе 25-6 пати објасни тука, имплементацијата на новото фер плеј правило беше главната цел ова лето, единствен трансфер беше Кастелаци како слободен поради замена на толдо(ова беше договорено во јануари), и откупувањето на Марига и Биабиани, што е фантастично во поглед на иднината на клубот.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.745
Поени од реакции
44.049
Интер е једина италијанска екипа што ова коло победи во Европа, Рома изгуби дома од Базел, Милан од Реал, Јуве нерешено со Салзбуг, Палермо изгуби дома од ЦСКА Москва, Наполи изигра нерешено дома со Ливерпул а Сампдорија изгубија од Металист.
После Интер биле екипа која влијаела негативно врз Калчо фудбалов, а амебиве ( освен Милан кои реално, имаа противник кој е у топ 5 во Свет у моментов из тренер и играчи ) се посраа начисто, со вакви резултати германските екипи бајаги ке избегаат и во иднина дефинитивно Калчото ке има само 3 претставника у ЛШ, последната шанса им ја даде Интер кој со победата во ЛШ лани овозможи и оваа година првите 4 места да носат во ЛШ, али очигледно ни тоа не беше доволно ...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.305
Поени од реакции
15.538
@IOsono одличен пост.

@Neroazuro не можеш да знаеш како ќе се снајде во Интер, но сигурно ќе биде подобра опција до Киву, подобра кога ќе напаѓаме.

@J.Zanetti, правилото уште не е во сила, значи Морати тоа го користи како изговор за да не вложува многу и да се потпре на Примавера. Но, може и спрема некој бум трансфер :)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.745
Поени од реакции
44.049
^ Не го користи ко изговор од проста причина што секоја година се у долгови на крајот од сезоната, односно имаат дефицит у буџетот, тоа е она што Морати сакаше оваа сезона да го исконтролира, а со тоа и направи жртва ова лето ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom