Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Ја гледаш мојата поента зошто не постои црна и бела магија? - болдираните зборови! Јас, мене...! Значи индивидуално гледиште! Како што кажав и предходно! - секој посебно ги перцепира работите, затоа магијата е само магија, црна и бела се само перспективи!Јас не би се сложил дека не постои, според мене постои црна и бела во однос на ритуалот и методите за постигнување на целта.
Ако да речеме сакам да купам кола и користам метода на визуелизација (дух) и барање работа (физикус) за да заработам пари мене ми е тоа „бело“. Но ако некој убие јаре или не дај боже човек за истата цел (прицип на жртва познат од стар завет па се до денес) мене ми е тоа одвратно и се коси со се во што јас верувам, значи е „црно“. Така да поделбата на црна и бела јас ја прифаќам во голем дел.
За вториот болд се слагам дека зависи од индивиудален аспект на гледање на нештата.
--- надополнето ---
Принципот на "The law of attraction", затоа реков дека урамнотежувањето може да се постигне и во еден живот, не му се потребни бескрајни циклуси на реинкарнирање!Не сите окултисти веруваат во карма, па така и Хитлер.
Магијата си е магија - да. Нашата намера и цел што сакаме да оствариме ја прави “добра“ или “лоша“. Али пак, не верувам во апсолутно “лошо“ и апсолутно “добро“.
Имам читано за исти примери како што сите зборевте - за тоа дека не прави никаква смисла одработување на карма преку реинкарнација. Тоа е еквивалентно на јас да служам затвор за нешто што татко ми го направил. АЛИ, пошто верувам дека каква енергија испраќаш - таква ќе ти се врати, нешто пак ме врти околу кармата. Не дека некој мене ќе ме казнува - него сама сум си го направила тоа.