Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.282
Поени од реакции
12.275
За кармата мислам дека може да ја видите(читните) Frabato, the Magician од Franz Bardon. Прекрасно дело. Не многу големо. Има прекрасно сликовито објаснување на кармата, да постапките и одлуките на еден Човек.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.575

Можеш ли конкретно да кажеш каде во Фрабато има нешто за кармата?

P.S.:Ова го прашувам, затоа што Бардон највеќе го ценам (заедно со Дион Форчн), ги имам сите книги од него и си ги препрочитувам често. Фрабато само еднаш или два пати го имам читано пошто е роман (збориме за самиот роман, а не за додатоците). Не ми текнува во него да има ништо посебно за кармата. Но еве подсети ме, зошто очигледно сум заборавил.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Гурџиев, Основач на правецот "The fourth way"!
Документарец од 6 дела по десет минути насловен како Потеклото на езотериското знаење - "The Origin of Esoteric Knowledge"
[video]http://www.disclose.tv/action/viewvideo/21302/The_Origin_of_Esoteric_Knowledge_Pt_1_6/[/video]
[video]http://www.disclose.tv/action/viewvideo/21304/The_Origin_of_Esoteric_Knowledge_Pt_2_6/[/video]
[video]http://www.disclose.tv/action/viewvideo/21307/The_Origin_of_Esoteric_Knowledge_Pt_3_6/[/video]
[video]http://www.disclose.tv/action/viewvideo/21310/The_Origin_of_Esoteric_Knowledge_Pt_4_6/[/video]
[video]http://www.disclose.tv/action/viewvideo/21311/The_Origin_of_Esoteric_Knowledge_Pt_5_6/[/video]
[video]http://www.disclose.tv/action/viewvideo/21312/The_Origin_of_Esoteric_Knowledge_Pt_6_6/[/video]
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Би прашал нешто во врска со кармата што не ми е логично! Ако целта на кармата е правда преку казнување за лошите и наградување за добрите постапки, тогаш каде е логиката да го казниш или наградиш некој одкако ќе се реинкарнира и ќе биде друга личност или друго суштество? Казната и наградата имаат смисол само доколку тој што ги восприема е свесен за причината поради која тие се добиваат!
Имаше еден добар пример со Хитлер, кога се реинкарнира во невино девојче, кое нема искуства ниту сеќавање за постапките на Хитлер, а сепак ги чуствува последиците кој тој би требало да ги сноси! Јас барем негледам логика, ниту праведност во еден вака поставен систем!
Нема никаква логика и се повеќе ми личи на голема будалштина наменета за наивни души да се лажат и тешат додека тие што знаат си ги тераат ќефовите овде и сега :). Уште една од лагите на духовните учења која се препишува од една книга во друга исто како и тврдењето дека секое искуство е добродојдено и од се можеме да извлечеме поука а нема веза :).

Да надополнам и со минатите животи, дека нешто има е факт, ама и дека има големи лаги и тоа е факт, како инаку ќе се објасни дека неколку личности тврдат дека биле инкарнација на иста историска личност :)?

Ништо веќе не прифаќам здраво за готово пошто има многу паразитски елементи и гледам да ми е убаво сега а со карма веќе не се замарам :).
 
Слично размислувам и јас! Затоа ги поставив тие прашања! Дури и да не се работи за "правда" туку за урамнотеженост, ништо не ја спречува таа урамнотеженост да се исполни во рамките на тој еден живот! Се останато кое го повлекува концептот за кармата само ги усложнува работите и продуцира нелогичности!
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.575
...ништо не ја спречува таа урамнотеженост да се исполни во рамките на тој еден живот! Се останато кое го повлекува концептот за кармата само ги усложнува работите и продуцира нелогичности!
Ќе ве убијам сите и после одма ќе се самоубијам. Ha, Ha, Ha, take this, урамнотеженост низаедна, што се исполнува во рамките на еден живот!
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Слично размислувам и јас! Затоа ги поставив тие прашања! Дури и да не се работи за "правда" туку за урамнотеженост, ништо не ја спречува таа урамнотеженост да се исполни во рамките на тој еден живот! Се останато кое го повлекува концептот за кармата само ги усложнува работите и продуцира нелогичности!
Ги усложнува затоа што е погрешен исто како и некои верувања што се прифаќаат здраво за готово иако се тотална глупост :).

Каква е таа „карма“ каде некое бебенце од 2 годинки го изела мачка, или е силувано или на дете му паѓа телевизор врз глава или паѓаш у шахта и кршиш нога, ма каква карма, прикаски :).

Едина урамнотеженост што сум видел дека има е ако ти е дадено на едно поле многу над просек ќе ти биде одземено на друго поле. Како да сме сите од некакво енергетско поле (сликовито замислено) кое има одреден волумен па ако е волуменот испакнат на едно место повеќе од нормала ќе биде смален на друго (ќе имаме дефицит во нешто), тоа го има но пак со карма нема врска :).

Премногу се препишува од една книга во друга без да се размисли дали воопшто има некаков смисол. Па не сме сите идиоти :).
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ќе ве убијам сите и после одма ќе се самоубијам. Ha, Ha, Ha, take this, урамнотеженост низаедна, што се исполнува во рамките на еден живот!
Не ме свати што сакав да кажам! Поентата ми беше дека ако постои правило дека работите мора да бидат "урамнотежени", ништо не ги спречува да се урамнотежат во тој еден живот!
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Што се замарате со кармата не ми е јасно.
Бог се симна и рече се ви е опростено , само бидете си тоа што сте и се ке си биде ок.
Можеби некој стварно не е за "таму"(не е мое да судам) ама мислам дека до последен момент постои шанса , искористете ја , тоа е мој совет.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Значи ја можам комотно да наштетам или да направам црна магија на некој што органски не го поднесувам - на тој начин сосвест у никој случај нема да ме јаде, and the karma can kiss my ass :tapp:
 
Па зар досега не си знаела :) (нема иронија :smir:).

Претседатели на држави коа си прават војнички во кои однапред знаат дека ќе им изгинат 100 000 луѓе за да речеме се освои некоја безначајна кота на некоја планина или да се земе некое рудниче на дијаманти па сите тие имаат и советници и астролози па и по некој окултист ќе залута, па како ниеден не е опоменат немој бе чоек лоша карма ќе те стрефи :). Нешто глеам се клинци тресат од „страв“ :).

Еве Хитлер ќе го зеам за пример пошто ептен е у мода :), па тој човек сите знаеме дека се интересирал за окултизам и како него не му било страв или не бил опоменат дека ќе има тешки последици по неговата душичка (сеа сум ироничен :)) да усмрти толку души, ама знаеме мува не го лазела па уште и бил заштитен на некој начин од неколку атентата да се спаси.

Да не спомнам за поговорката господ лошите не ги сака кај себе а добрите си ги зима побргу :).

Чудна некоја „карма“ владее во светов :).
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Значи ја можам комотно да наштетам или да направам црна магија на некој што органски не го поднесувам - на тој начин сосвест у никој случај нема да ме јаде, and the karma can kiss my ass :tapp:
Ако органски не го поднесуеш ...... нема потреба да пишувам нели?
Значи јас убаво пишав да си бидеш тоа што си

А тоа богами ни малку не е лесно
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Значи ја можам комотно да наштетам или да направам црна магија на некој што органски не го поднесувам - на тој начин сосвест у никој случај нема да ме јаде, and the karma can kiss my ass :tapp:
Според мене не постои црна и бела магија! Магијата си е магија, тие епитети се индивидуална перспектива на намерата! Слично како што е со концептот за добро и зло! Тие се индивидуални концепти а не апсолутни.
Во секој случај, секое мислење е добредојдено!:smir:
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Не сите окултисти веруваат во карма, па така и Хитлер.

Магијата си е магија - да. Нашата намера и цел што сакаме да оствариме ја прави “добра“ или “лоша“. Али пак, не верувам во апсолутно “лошо“ и апсолутно “добро“.

Имам читано за исти примери како што сите зборевте - за тоа дека не прави никаква смисла одработување на карма преку реинкарнација. Тоа е еквивалентно на јас да служам затвор за нешто што татко ми го направил. АЛИ, пошто верувам дека каква енергија испраќаш - таква ќе ти се врати, нешто пак ме врти околу кармата. Не дека некој мене ќе ме казнува - него сама сум си го направила тоа.
 
Јас не би се сложил дека не постои, според мене постои црна и бела во однос на ритуалот и методите за постигнување на целта.

Ако да речеме сакам да купам кола и користам метода на визуелизација (дух) и барање работа (физикус) за да заработам пари мене ми е тоа „бело“. Но ако некој убие јаре или не дај боже човек за истата цел (прицип на жртва познат од стар завет па се до денес) мене ми е тоа одвратно и се коси со се во што јас верувам, значи е „црно“. Така да поделбата на црна и бела јас ја прифаќам во голем дел.

За вториот болд се слагам дека зависи од индивиудален аспект на гледање на нештата.

Не сите окултисти веруваат во карма, па така и Хитлер.

Магијата си е магија - да. Нашата намера и цел што сакаме да оствариме ја прави “добра“ или “лоша“. Али пак, не верувам во апсолутно “лошо“ и апсолутно “добро“.

Имам читано за исти примери како што сите зборевте - за тоа дека не прави никаква смисла одработување на карма преку реинкарнација. Тоа е еквивалентно на јас да служам затвор за нешто што татко ми го направил. АЛИ, пошто верувам дека каква енергија испраќаш - таква ќе ти се врати, нешто пак ме врти околу кармата. Не дека некој мене ќе ме казнува - него сама сум си го направила тоа.
За болдот, веќе не сум сигурен дека е така и верувам дека постојат техники повратната енергија да се врати, преусмери или трансформира во безопасна инаку се мрви ќе имавме околу нас (моја забелешка не мора да е точна :smir:).

Како и во секоја техника секогаш се почнува со одбрана, па и во борбените вештини е исто пред да идеш во напад го учиш ставот да не те удрат :smir:.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom