Работите на енергетски план засега се движат по многу поволна линија за Македонија.Од последната статија на нова Македонија
Во септември параф за „Јужен тек“ низ Македонија
Првиот човек на „Газпром“, Алексеј Милер, доаѓа да го потпише договорот. Вкупниот проект за гасификација на Македонија се проценува на 300 милиони евра. Само во делот што ќе се затвора со парите од клириншкиот долг, предвидено е учество на руски и на македонски фирми
Меѓудржавниот договор за изградба на крак од гасоводот „Јужен тек“ низ Македонија ќе биде потпишан во септември кога во нашата земја ќе допатува првиот човек на „Газпром“, Алексеј Милер, дознаваме од дипломатски извори од Руската Федерација. Македонија со тоа во последен час успева да фати приклучок кон еден исклучително важен енергетски проект, за кој сé повеќе лобира и Романија. Покрај влегувањето во мапата на европските енергетски коридори,
вклучувањето во „Јужен тек“ за Македонија ќе значи енергетска преродба, поконкуретно производство и пониски трошоци за сите.
- Првиот човек на „Газпром“ беше особено заинтересиран за овој проект и во септември се планира негова посета на Македонија, кога ќе биде потпишан и договорот.
Во меѓувреме, оперативни групи составени од неколку експерти ќе ја посетат Македонија, за да направат анализи каде ќе биде приклучокот, за кој временски рок ќе се изгради кракот, вредноста на инвестицијата, економската оправданост и слично. До крајот на август треба сé да биде готово - ни изјави Илија Исајловски, македонски амбасадор во Москва.
Од владини извори дознаваме дека во тек се преговорите со „Газпром“ и договорот што ќе се постигне мора да се ратификува во парламентот, бидејќи се работи за меѓудржавен договор. Она на што посочуваат од амбасадата во Москва е да не се меша затворањето на клириншкиот долг од 60 милиони долари и изградбата на „Јужен тек“ низ Македонија, иако „Газпром“ учествува и во двете работи.
- Сега партнер на македонската влада е Владата на Русија. Во втората фаза македонската влада треба да потпише посебен договор или инструмент со „Газпром“ за целиот проект - објаснува амбасадорот Исајловски.
Во однос на дилемата дали руска компанија може да гради во Македонија, тој тврди дека тоа е надминато преку договорот за враќање на клириншкиот долг. Станува збор за поранешен долг што се третира како стоки и услуги и тука е најдена правната можност „Газпром“ да го гради кракот кај нас, што исто така се третира како стоки и услуги. Во втората фаза, токму преку тој инструмент што треба да го потпишат македонската влада и „Газпром“, ќе се знаат и деталите за тоа кој ќе биде партнерот од македонска страна и како ќе се затвори финансиската конструкција - нагласува Исајловски.
За експертите, прашањето за сопственоста на земјиштето каде што ќе поминува гасоводот не може да биде предмет на договарање со „Газпром“. Сопственик на земјиштето е македонската влада или некое домашно јавно претпријатие, задолжено да стопанисува со трасата и со гасоводот. И од Министерството за финансии нагласуваат дека нема барање од Русија за сопственост врз земјиштето каде што би поминувал гасоводот.
- Тоа не е ниту правно можно. Во однос на изградбата, само во делот кој ќе се затвора со парите од клириншкиот долг, предвидено е учество на руски и на македонски фирми - ни изјави Ивана Билбиловска, портпаролка во Министерството за финансии.
Реализацијата на вкупниот проект за гасификација на Македонија се проценува на 300 милиони евра.
Со „Газпром“ се преговара и за учество во изградба на гасни електроцентрали и евентуална трансформација на ТЕЦ „Неготино“ во гасна електрана. Димитар Хаџимишев, претседател на Македонската енергетска асоцијација, смета дека за Македонија е најдобро приклучокот да биде близу Гевгелија.
- Доколку еден крак од „Јужен тек“ оди низ Македонија, се отвора можноста и за поврзување на Албанија и на Косово кон овој гасоводен систем. Во ваков случај, Македонија би имала пристап до два гасовода, постојниот од Бугарија и новиот преку „Јужен тек“ - нагласува тој. Сегашниот гасоводен систем во Македонија е со капацитет од 800 милиони кубни метри годишно. Според анализите, на Македонија и требаат 2 милијарди кубни метри гас годишно и токму кракот на „Јужен тек“ може да го обезбеди тоа количество гас што недостига.
Автор: Александар С. Димковски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7710106519&id=10&prilog=0&setIzdanie=22027
[/COLOR]Бургас-Александруполис - почти сигурно БГ се откажува.
http://www.vesti.bg/index.phtml?tid=40&oid=3107031
Одлични вести. Честитам.
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
Овој проект беше од значителна важност за Грција. Очекувајте ги во ‘гости‘ , сигурно ќе се обидат да ве премислат .
Се што треба да направите е стратегиски да го држите задниот анатомски дел спрема ѕидна бариера и се ќе биде во ред.:icon_mrgr
ПС. Само уште Америте да избуткаат АМБО да се реализира и грчето ќе пукне од мака.