Што се однесува до верба во асистентката...зарем во никого не може да се верува (ниту во професорите, ниту во оваа жена, ниту во некој кој работи со проблематиката кредити и граѓани и реален сектор...) само на гувернерот и нбрм?
Во кого веруваш ти си бираш.
Може да веруваш на поединци (т.н. од новинарите: „експерти“) или на институција со вистински експерти. многу повеќе и многу повеќе обучени.
Патем кажано, завчера слушнав на вести дек „универзитетот“ на ассистентката е на листата на Министерството за образование дека не работел согласно законите.
Па би било добро таа да се погрижи за нејзината институција, наместо да шета по Лондон и да измислува проблеми против нбрм.
Истото го проверив сега и на сајтот на надлежната институција - Министерство за образовани и наука:
http://www.mon.gov.mk/index.php?opt...06-21-12-25-16&catid=67:novostimon&Itemid=128
Ако Арсовски (или кој ли беше) имал некакво минато, замисли Гошев какво минато имал...во врмето кога се двоеше Македонија, кога се удираа темелите, кога се вршеше "приватизација"...доколку се работи за лица и нивни дела
1. Сите имаат минато. За жал некои уште живеат од тоа и за тоа. Да пробаме да видиме што не чини кај НБРМ и да се поправи. Тоа што цените се стабилни, не е лошо. Да беше асистентката од нелегалниот факултет гувернерка, сигурно евра по улици ќе се менуваа, а кредити ќе се даваа по пријателски врски на некој кој сигурно нема да ги врати. На крај сето тоа народот ќе го платеше преку девалвација на валутата....
2. Гошев не учествуваше во приватизацијата. Напротив, кога му понудија да формира Влада која ќе ја украде Македонија, тој ја одби. После Бранко стана премиер....
Гувернерот Гошев станал сопственик на земјиште во Гевгелиско, регион познат како македонски Лас Вегас.
каде е вмешана и "Македонска"
Да не идеме во детали, сите тие имаат проблем со минатото....или ние имаме проблем со нивното минато
Една нива во Гевгелија да не може да купи Гувернер е смешно. Реално - за колку пари зборуваме? 100.000 или 200.000 евра? Па макар и да беше вистина - јас би му ја опростил.
Ама многу интересно е што таа информација се појави баш кога им ја затвори банката и тоа беше пласирана од страна на виновниците (за да си добијат нешто ако го уплашат).
А најбитно е дека до сега не е осуден, што за мене значи дека е невин.
1. Оваа информација на Канал 5 е најверојатно нарачана од газдата (да биде против НБРМ) и согласно тоа е НЕТОЧНА.
Обична дезинформација на Канал 5.
Еве што вика Канал 5: „Огромни 125 милиони евра
вложија банките во НБРМ, денеска преку новата аукција на благајнички записи...:“
а еве што вика НБРМ:
http://www.nbrm.gov.mk/?ItemID=D9684C4D7F325341B01FF948EB5898A1
Не знам кому ќе му веруваш, ама јас и верувам на НБРМ. Банките на тој конкретен ден „вложиле“ 7,67 милијарди, ама НБРМ „вратила“ 7,6 милијарди, така да вложени се смешни 70 милиони денари повеќе (да бевме физичари тоа ќе беше статистичка грешка и занемарено).
2. Ова што си го напишал е застарена информација: Еве ти ја најновата.
http://www.nbrm.gov.mk/?ItemID=F762E74DD408764D9B0F2A9728AFCCD6
Ако внимателно читаш ќе видиш дека не се земени 4,4, туку се вратени 2,3 милијарди денари.
Сите овие парцијални информации насочени да го нарушат угледот на НБРМ во јавноста во конкретниов случај се поради тоа што Канал 5 е во сопстветност на една фамилија, која исто така има и штедилница, која сака да биде банка без да ги исполни сите услови (ова не ми е инсајдерска информација. ова го имаше и на дебата на една собраниска комисија помеѓу пратеникот Стојменов и гувернерот Гошев пред околу 6 месеци)
Пак ќе повторам - НБРМ работи за Народот, а Канал 5, штедилниците, банките и сите други приватни компании си работата за
профит на совите газди.
Утре НБРМ да и попушти на штедилницата, ќе слушнете пофални вести за гувернерот на канал 5. Ама задутре ако им пропаднат пари на луѓето таму - ќе трпи тој дел од народот.
Сите бараат да падне задолжителната резерва
Ова го бараат
банкарите и Владата како услов да има повеќе и поевтини кредити
Се' погласни се барањата на банкарите, но и на Владата дека гувернерот Петар Гошев треба
да ја намали и задолжителната резерва како услов да има повеќе и поевтини кредити и за граѓаните и за фирмите. И премиерот Никола Груевски вчера ја повика централната банка да ја намали залихата на благајнички записи, но молчи дали и Владата ќе го намали емитувањето на државните записи, за кои, исто така, постои голем интерес кај банките.
1. (види со болд погоре)
Од кога банкарите и владата се „сите“??? Ние другите што не сме банкари (од текстот се гледа дека се мисли на
приватни банкари, оние што работат за газди) и не сме влада (од текстот се гледа дека се мисли на централна влада, т.е. на извршната власт формирана согласно член 88 од уставот, а не на монетарната власт (НБРМ) формирана согласно член 59 од уставот, ниту на судската власт итн --- но да не навлегуваме) не се броиме???
Јас пак лично сметам дека не треба. И уште повеќе сметам дека државава си формирала институција за тоа, си назначиле граѓаните одговорно лице на таа институција и зошто сега сите се плеткаат таму, наместо да си ја вршат својата работа: банкарите (првиатни) да се занимаваат со банкарство, а владата со управување на тоа што и е доделено (како на пример намалување на трговскиот дефицит и намалување (а не зголемување) на задолжувањето? и уште многу друго). Банкарите може да се жалат ако некоја банка добие преференцијални услови од НБРМ, АМА такво нешто нема. А не да измислуваат проблеми, таму каде што не им е местото, само за да ја дефокусираат јавноста.
2. Пак да повторам: Задожителната резерва има друга намена. Не да го поттикнува кредитирањето, туку напротив - да го ограничи.
За да бидат цените стабилни. Ако при вакви услови, каде граѓаните не заработуваат, а сакаат да трошат (воглавно увезена стока од странство и одмори во Грција, Турција, Египет, Шпанија итн.) им се дадат кредити: и нема да ги вратат (па тек после ќе има криза) и уште повеќе ќе ни се зголеми дефицитот.
Пак да повторам: Кам. стапки во Македонија се одраз на ситуацијата и такви се во сите околни земји. Проверете, немојте само да верувате на нарачани текстови.
Дали е добра работата на Мин. за култура или одбрана, дали добро работи дирекција за заштита и спасување/...
Имам мое мислење за сите поединечно.
Ама мислам дека овде не е тоа тема. Отвори си нова тема, елаборирај малку, па ќе ти пишам и мое мислење на таа тема.
--- надополнето ---
шо се нервозираш, тој другар ми е сопругата...така да повеќе не праам муабет за овие информации-сепак се деловна тајна.
Не сакам да ти расипам брак

ама пробај да го видиш полето во кое работи жена ти. потпрашај ја нешто: зошто служи задолжителна резерва, дали имаат повеќе или помалку благајнички записи сега или пред 6 месеци итн. Можеби (работејќи една специјализирана работа на ситно) не може да ја согледа целината? И провери да не сме и пишале некоја казна (нејзе или на шефот нејзин), па да не е задоволна од тоа, па за се да е контра
Инаку немам шанси да бидам во право, ако жена ти вика нешто друго... Таа може да ти даде нешто што јас не можам, па да ти го помати здравиот разум
Друго, не спомена ниту ти ниту Леандра за парите кои банките наместо да ги пласираат у стопанство, истите (затоа што нбрм им дава со добри услови) ги пласираат у нбрм...и за тоа беше нбрм критикуван-како да напредне стопанството, како де земат кредит кога самата нбрм дава записи до солидна заработка и без ризици за банките?
Прашај кого сакаш од економистите (оние необоените непристрасни за гошев контра влада-што е малку тешко да ги најдеш), ќе ти го кажат истото.
Сите овие подвлечените ти се тези од извртопереното и потплатено новинарство...
Вака стојат работите:
1. Парите кои нбрм ги зема од банкарскиот сектор - не се за пласирање во стопанството. Тие се вишок, кој ако остане кај луѓето тие лажно ќе се чуствуваат дека имаат пари (ќе ги потрошат) и на крај ќе има проблем со економијата...
2. НБРМ не „дава“ добри услови. НБРМ ги гледа условите на пазарот и им дава фер компензација за повлечените вишок пари од оптек. Да не е преку БЗ, ќе ги повлече на друг начин.
3. Банките не ги „пласираат“ парите во НБРМ.
НБРМ им ги зема. За да нема вишок пари.
Парите што им остануваат на банките се сосема доволно за да има кредити за успешни проекти. Нека вратат банките нешто од еврата кои ги чуваат во странство на пример.
Пак ќе повторам: не е проблем за висината на каматната стапка дека нема пари за успешни проекти. Проблем е што земјата е нестабилна (а и регионот) и токлку се каматите насекаде. Не знаеш ако дадеш 100 денари, дали ќе ти вратат 110 или 0. Ако дадеш 10 пати по 100 и ако 9 ти вратат по 110, ќар си или зијан? јас мислам дека 990 < 1000. Затоа се пази кому се дава, а пазењето ЧИНИ ПАРИ кои треба да се надокнадат преку камата.
Дека тие твои „експерти“ не се во право, еве еден факт од поблиската историја:
Сите викаа дека ако падне каматната стапка на БЗ од 9% (сега на 5%) ќе имало (евтини) кредити. Пак нема. Никој не ја спомнуваше ЗР. Сега сите викаат дека ако падне стапката на ЗР ќе има (евтини) кредити. Верувај ми - пак ќе нема да има. Само може да им останат пари на банките и да купат со нив евра и да депресира денарот. Ако поубаво размислам, можеби во оваа каша во која сме, на некој депресиајцијата на денарот му одговара, бидејќи ќе се релативизираат сите цицања на денари од буџетот кои не се 100.000 или 200.000 евра еднократно, туку се милиони и милиони евра месечно, земени во денари и одма претворени во евра и изнесени.
Јас не сум економист, но од облаци се гледа банкарскиот сектор -како работи...само ако ги препрочиташ цитатите од фирмите-кредит не можат луѓето да земат(без тоа нема развој и инвестиција во стопанство)...а тоа пак поврзно со записите од нбрм.
Во банкарскиот сектор има најголема конкуренција од сите други сериозни сектори во Македонија и си работи по пазарни принципи.
Ако не ти чини, ти оди побарај пари на друго место. Еве на пример: распиши ИПО на нова серија акции или издади обврзници на македонската берза, или побарај кредит од странска банка?
Тоа што не може секој да земе кредит не е поврзано (само со) записите на нбрм.
Записите се само последица на ситуацијата.