Дали е добра работата на НБРМ

  • Креатор на темата Креатор на темата nbrm
  • Време на започнување Време на започнување

Дали НБРМ работи добро?

  • Да

    Гласови: 17 65,4%
  • Не

    Гласови: 9 34,6%

  • Вкупно гласачи
    26
Морам да одам, ама ме испровоцира и на ова не можам да издражам, а да не прашам:
Зошто мислиш дека НБРМ не е банка? Тоа втората буква („Б“) од што произлегува?
Зошто мислиш дека НБРМ не работи???

.....................................


За другите теми подоцна или утре.

Добро бе nbrm....КАЈ СЕ КРИЕШЕ ДО СЕГА!!!!!!! :) одамна ваков light breeze, освен оној познат како Leandra, не дувнал од високите падини....:)
 
Дигам раце, сите институции у Македонија одлично функционираат. Ако прашаш некој од Агенција за млади и спорт или министерство за информатика...ќе ти каже одлично работи.
Џабе муабет кога ова крај нема. Има банкари, има стопанственици, нека си кажат кој како работи (у ствари кажуваат у линковите).
Инаку оваа вест покрај толку лоши мина незабележано
Компаниите ослободени од данок за исплата на дивиденда

Растат цените на индустриските производи, заживува индустријата
 
^Компаниите ослободени од данок за исплата на дивиденда. Страшна реформа што ќе ја спаси македонскава економија
Иначе луртз, колку фирми во Македонија исплаќаат редовно дивиденда? :)
И повторно се помага на големите бизниси(го зборев истово и на друга тема), во светот секоја економија се темели на малите бизниси како можност за најголем развој и зголемување на вработеноста, а кај нас се помага на богатите :)


Едит:
Друштвата имаат значаен придонес во домашната економија. Тие се главниот мотор на економијата, особено ако се знае податокот дека околу 90 проценти од вкупниот број, отпаѓа на малите и средни претпријатија, кои се, всушност, во овој сегмент на организирана форма на трговски друштва, ДООЕЛ и ДОО. Овој просек се задржува и во светски размери. Моќта на „малите“ особено треба да се потенцира од аспект на креирањето нови работни места, учеството во БДП, во извозот, плаќањето даноци, давачки кои го полнат буџетот.
 
Што се однесува до верба во асистентката...зарем во никого не може да се верува (ниту во професорите, ниту во оваа жена, ниту во некој кој работи со проблематиката кредити и граѓани и реален сектор...) само на гувернерот и нбрм?

Во кого веруваш ти си бираш.
Може да веруваш на поединци (т.н. од новинарите: „експерти“) или на институција со вистински експерти. многу повеќе и многу повеќе обучени.

Патем кажано, завчера слушнав на вести дек „универзитетот“ на ассистентката е на листата на Министерството за образование дека не работел согласно законите.
Па би било добро таа да се погрижи за нејзината институција, наместо да шета по Лондон и да измислува проблеми против нбрм.

Истото го проверив сега и на сајтот на надлежната институција - Министерство за образовани и наука:
http://www.mon.gov.mk/index.php?opt...06-21-12-25-16&catid=67:novostimon&Itemid=128



Ако Арсовски (или кој ли беше) имал некакво минато, замисли Гошев какво минато имал...во врмето кога се двоеше Македонија, кога се удираа темелите, кога се вршеше "приватизација"...доколку се работи за лица и нивни дела

1. Сите имаат минато. За жал некои уште живеат од тоа и за тоа. Да пробаме да видиме што не чини кај НБРМ и да се поправи. Тоа што цените се стабилни, не е лошо. Да беше асистентката од нелегалниот факултет гувернерка, сигурно евра по улици ќе се менуваа, а кредити ќе се даваа по пријателски врски на некој кој сигурно нема да ги врати. На крај сето тоа народот ќе го платеше преку девалвација на валутата....

2. Гошев не учествуваше во приватизацијата. Напротив, кога му понудија да формира Влада која ќе ја украде Македонија, тој ја одби. После Бранко стана премиер....

Гувернерот Гошев станал сопственик на земјиште во Гевгелиско, регион познат како македонски Лас Вегас.
каде е вмешана и "Македонска"

Да не идеме во детали, сите тие имаат проблем со минатото....или ние имаме проблем со нивното минато
Една нива во Гевгелија да не може да купи Гувернер е смешно. Реално - за колку пари зборуваме? 100.000 или 200.000 евра? Па макар и да беше вистина - јас би му ја опростил.

Ама многу интересно е што таа информација се појави баш кога им ја затвори банката и тоа беше пласирана од страна на виновниците (за да си добијат нешто ако го уплашат).

А најбитно е дека до сега не е осуден, што за мене значи дека е невин.


1. Оваа информација на Канал 5 е најверојатно нарачана од газдата (да биде против НБРМ) и согласно тоа е НЕТОЧНА. Обична дезинформација на Канал 5.
Еве што вика Канал 5: „Огромни 125 милиони евра вложија банките во НБРМ, денеска преку новата аукција на благајнички записи...:“
а еве што вика НБРМ: http://www.nbrm.gov.mk/?ItemID=D9684C4D7F325341B01FF948EB5898A1

Не знам кому ќе му веруваш, ама јас и верувам на НБРМ. Банките на тој конкретен ден „вложиле“ 7,67 милијарди, ама НБРМ „вратила“ 7,6 милијарди, така да вложени се смешни 70 милиони денари повеќе (да бевме физичари тоа ќе беше статистичка грешка и занемарено).

2. Ова што си го напишал е застарена информација: Еве ти ја најновата.
http://www.nbrm.gov.mk/?ItemID=F762E74DD408764D9B0F2A9728AFCCD6
Ако внимателно читаш ќе видиш дека не се земени 4,4, туку се вратени 2,3 милијарди денари.


Сите овие парцијални информации насочени да го нарушат угледот на НБРМ во јавноста во конкретниов случај се поради тоа што Канал 5 е во сопстветност на една фамилија, која исто така има и штедилница, која сака да биде банка без да ги исполни сите услови (ова не ми е инсајдерска информација. ова го имаше и на дебата на една собраниска комисија помеѓу пратеникот Стојменов и гувернерот Гошев пред околу 6 месеци)

Пак ќе повторам - НБРМ работи за Народот, а Канал 5, штедилниците, банките и сите други приватни компании си работата за профит на совите газди.
Утре НБРМ да и попушти на штедилницата, ќе слушнете пофални вести за гувернерот на канал 5. Ама задутре ако им пропаднат пари на луѓето таму - ќе трпи тој дел од народот.

Сите бараат да падне задолжителната резерва
Ова го бараат банкарите и Владата како услов да има повеќе и поевтини кредити
Се' погласни се барањата на банкарите, но и на Владата дека гувернерот Петар Гошев треба да ја намали и задолжителната резерва како услов да има повеќе и поевтини кредити и за граѓаните и за фирмите. И премиерот Никола Груевски вчера ја повика централната банка да ја намали залихата на благајнички записи, но молчи дали и Владата ќе го намали емитувањето на државните записи, за кои, исто така, постои голем интерес кај банките.

1. (види со болд погоре)
Од кога банкарите и владата се „сите“??? Ние другите што не сме банкари (од текстот се гледа дека се мисли на приватни банкари, оние што работат за газди) и не сме влада (од текстот се гледа дека се мисли на централна влада, т.е. на извршната власт формирана согласно член 88 од уставот, а не на монетарната власт (НБРМ) формирана согласно член 59 од уставот, ниту на судската власт итн --- но да не навлегуваме) не се броиме???

Јас пак лично сметам дека не треба. И уште повеќе сметам дека државава си формирала институција за тоа, си назначиле граѓаните одговорно лице на таа институција и зошто сега сите се плеткаат таму, наместо да си ја вршат својата работа: банкарите (првиатни) да се занимаваат со банкарство, а владата со управување на тоа што и е доделено (како на пример намалување на трговскиот дефицит и намалување (а не зголемување) на задолжувањето? и уште многу друго). Банкарите може да се жалат ако некоја банка добие преференцијални услови од НБРМ, АМА такво нешто нема. А не да измислуваат проблеми, таму каде што не им е местото, само за да ја дефокусираат јавноста.

2. Пак да повторам: Задожителната резерва има друга намена. Не да го поттикнува кредитирањето, туку напротив - да го ограничи. За да бидат цените стабилни. Ако при вакви услови, каде граѓаните не заработуваат, а сакаат да трошат (воглавно увезена стока од странство и одмори во Грција, Турција, Египет, Шпанија итн.) им се дадат кредити: и нема да ги вратат (па тек после ќе има криза) и уште повеќе ќе ни се зголеми дефицитот.

Пак да повторам: Кам. стапки во Македонија се одраз на ситуацијата и такви се во сите околни земји. Проверете, немојте само да верувате на нарачани текстови.

Дали е добра работата на Мин. за култура или одбрана, дали добро работи дирекција за заштита и спасување/... :)
Имам мое мислење за сите поединечно. Ама мислам дека овде не е тоа тема. Отвори си нова тема, елаборирај малку, па ќе ти пишам и мое мислење на таа тема.

--- надополнето ---

шо се нервозираш, тој другар ми е сопругата...така да повеќе не праам муабет за овие информации-сепак се деловна тајна.

Не сакам да ти расипам брак :-) ама пробај да го видиш полето во кое работи жена ти. потпрашај ја нешто: зошто служи задолжителна резерва, дали имаат повеќе или помалку благајнички записи сега или пред 6 месеци итн. Можеби (работејќи една специјализирана работа на ситно) не може да ја согледа целината? И провери да не сме и пишале некоја казна (нејзе или на шефот нејзин), па да не е задоволна од тоа, па за се да е контра :-)

Инаку немам шанси да бидам во право, ако жена ти вика нешто друго... Таа може да ти даде нешто што јас не можам, па да ти го помати здравиот разум :-)


Друго, не спомена ниту ти ниту Леандра за парите кои банките наместо да ги пласираат у стопанство, истите (затоа што нбрм им дава со добри услови) ги пласираат у нбрм...и за тоа беше нбрм критикуван-како да напредне стопанството, како де земат кредит кога самата нбрм дава записи до солидна заработка и без ризици за банките?
Прашај кого сакаш од економистите (оние необоените непристрасни за гошев контра влада-што е малку тешко да ги најдеш), ќе ти го кажат истото.
Сите овие подвлечените ти се тези од извртопереното и потплатено новинарство...
Вака стојат работите:
1. Парите кои нбрм ги зема од банкарскиот сектор - не се за пласирање во стопанството. Тие се вишок, кој ако остане кај луѓето тие лажно ќе се чуствуваат дека имаат пари (ќе ги потрошат) и на крај ќе има проблем со економијата...
2. НБРМ не „дава“ добри услови. НБРМ ги гледа условите на пазарот и им дава фер компензација за повлечените вишок пари од оптек. Да не е преку БЗ, ќе ги повлече на друг начин.
3. Банките не ги „пласираат“ парите во НБРМ. НБРМ им ги зема. За да нема вишок пари.

Парите што им остануваат на банките се сосема доволно за да има кредити за успешни проекти. Нека вратат банките нешто од еврата кои ги чуваат во странство на пример.
Пак ќе повторам: не е проблем за висината на каматната стапка дека нема пари за успешни проекти. Проблем е што земјата е нестабилна (а и регионот) и токлку се каматите насекаде. Не знаеш ако дадеш 100 денари, дали ќе ти вратат 110 или 0. Ако дадеш 10 пати по 100 и ако 9 ти вратат по 110, ќар си или зијан? јас мислам дека 990 < 1000. Затоа се пази кому се дава, а пазењето ЧИНИ ПАРИ кои треба да се надокнадат преку камата.


Дека тие твои „експерти“ не се во право, еве еден факт од поблиската историја:
Сите викаа дека ако падне каматната стапка на БЗ од 9% (сега на 5%) ќе имало (евтини) кредити. Пак нема. Никој не ја спомнуваше ЗР. Сега сите викаат дека ако падне стапката на ЗР ќе има (евтини) кредити. Верувај ми - пак ќе нема да има. Само може да им останат пари на банките и да купат со нив евра и да депресира денарот. Ако поубаво размислам, можеби во оваа каша во која сме, на некој депресиајцијата на денарот му одговара, бидејќи ќе се релативизираат сите цицања на денари од буџетот кои не се 100.000 или 200.000 евра еднократно, туку се милиони и милиони евра месечно, земени во денари и одма претворени во евра и изнесени.

Јас не сум економист, но од облаци се гледа банкарскиот сектор -како работи...само ако ги препрочиташ цитатите од фирмите-кредит не можат луѓето да земат(без тоа нема развој и инвестиција во стопанство)...а тоа пак поврзно со записите од нбрм.
Во банкарскиот сектор има најголема конкуренција од сите други сериозни сектори во Македонија и си работи по пазарни принципи.

Ако не ти чини, ти оди побарај пари на друго место. Еве на пример: распиши ИПО на нова серија акции или издади обврзници на македонската берза, или побарај кредит од странска банка?

Тоа што не може секој да земе кредит не е поврзано (само со) записите на нбрм. Записите се само последица на ситуацијата.
 
Човек секогаш е субјективен, мора да си ја заштити фирмата у која работи.
Можеби (работејќи една специјализирана работа на ситно) не може да ја согледа целината?
хаха, не работи она баш на шалтер, ниту на ситно...напротив...ама реков, тоа веќе не е ниту за тет а тет ниту за форумски муабет.
Битно е има многу фалинки (претходно кажани од професори, банкари, сопственици на фирми кои бараат кредити) у банкарскиот систем.
 
хаха, не работи она баш на шалтер, ниту на ситно...напротив...ама реков, тоа веќе не е ниту за тет а тет ниту за форумски муабет.

Јас не реков дека работи на шалтер. Само реков „на ситно“. А претходно те прашав дали има потпишано налог над 100 милиони евра, па бидејќи не ми одговори си разбрав дека нема. И дека работи на ситно.

За налог од 100 милиони да го пратиш во странска банка, истите правила важат и за НБРМ и за комерцијална банка, ТАРГЕТ2 затвора за сите во 18 часот, стандарите од 200 книги по 1000 страници се исти и мора да се прочитаат и почитуваат. Значи иста е работата. А разговорот ни беше за работата на НБРМ: дали е во НБРМ теоретска или практична. Јас ти реков дека е практична и тоа дека е многу практична, бидејќи е најголема банка во Македонија. И дека покрај водењето политика (што кошта многу, па многу други централни банки имаат секоја година вообичаени загуби), ние не трошиме пари од буџетот, туку напротив: работиме, заработуваме, ги покриваме трошоците, па дури и го полниме буџетот. Тоа ти е исто како Министерство за одбрана (кое ти го спомна), освен што ја чува стабилноста на Македонија (а Бога ми и Авганистан - свака част), да прави патишта и да заработува и да уплаќа во Буџетот, а не да зема.


Битно е има многу фалинки (претходно кажани од професори, банкари, сопственици на фирми кои бараат кредити) у банкарскиот систем.

Инаку, покрај професорите и банкарите кои се „истакнуваат“ на ТВ и по весници, има многу повеќе луѓе (професори, банкари, итн.) кои ја поддржуваат политиката на НБРМ, само не им одговара на медиумите па не ги објавуват. Зошто инаку се вртат стално едни те исти фаци на ТВ? Зошто Томе Неновски го прашуваат нон стоп од некој си таму приватен универзитет, а речиси и да не сум чул што мислат од (многу поголемиот) државниот универзитет?

Да ги баталиме коментарите на овој и оној и да си пишуваме свои мислења?

Еве што мислиш за ова:
1. Дали е добро цените да се стабилни или секое утро да има нова цена на лебот?
2. Дали е добро што многу малку банки пропаѓаат или е подобро ако секој месец пропаѓа по некоја?
3. Дали е добро денес да отидеш во банка и денарите истиот ден да ги добие твојот пријател/добавувач/ ... со еден збор примач? (на пример во Обединетото Кралство тоа вообичаено трае најмалку 3 дена) Или е подобро да не знаеш кога ќе стигнат и дали ќе стигнат?
4. Дали е добро денес да отидеш во банка и да знаеш дека има долари да му префрлиш на твојот син на студии во Америка? Или подобро е да не знаеш кога ќе има девизи - ако има?
5. Дали е добро денес да можеш да замениш кога сакаш и колку сакаш денари во евра и обратно во многу регулирани и контролирани менувачници? Или е подобро да одиш на Бит пазар и по уличките таму да менуваш купчиња пари во темница?
6. Дали е добро да чуваш денари и да не се грижиш дали ќе изгубат на вредност додека ти работиш или спиеш? Или е подобро како во Србија секоја година по 10% да губиш? (или како што беше во Србија со Милошевиќ - секој саат да губиш на вредност?)
7. Дали е добро да знаеме колку Македонија извезува и колку увезува или како пред 10-12 години да нагаѓаме?
Има уште...


И за крај - бонус прашање: Кој го погоди најблиску растот на економијата во 2009? (во случајов беше пад) ММФ, Вадата, НБРМ или асистентката на универзитетот која што работи незаконски? Бидејќи ме затрупа со линкови кон пропаганда против НБРМ, дај ми сега некој линк во кој има некакви предвидувања за растот на МК во 2009? Нашите може да ги видиш на нашиот веб сајт. Најточни беа и пред почетокот на годината и особено по ревидирањето во втората половина на годината. Лесно е да си против. Тешко е да направиш нешто, па макар и предвидување.

Постави и ти некое контра прашање кое е во делокругот на НБРМ (само немој каматната стапка. 10 пати елабориравме дека таа е ЦЕНА НА ПАЗАР и не може и не треба да се насочува вештачки, како и секоја цена на пазар. Ајде да видам министерство за земјоделие нека рече дека патлиџаните ќе бидат 2 денари кило на Буњаковец? Всушност тие и можат да го направат тоа. Ќе објават дека даваат субвенција од 1000 денари за секој продаден килограм, ама тоа долгорочно нема да биде добро. Така и НБРМ, може на краток рок, ама не треба.
 
2. Дали е добро што многу малку банки пропаѓаат или е подобро ако секој месец пропаѓа по некоја?
НБРМ веќе си ја одработи улогата, пропадна голем број штедилници...и по некоја банка. Работата е што -собери ги парите од народот-ќе нема ни инфлација, ни скокање на цени.
 
НБРМ веќе си ја одработи улогата, пропадна голем број штедилници...и по некоја банка.

Тоа ти се враќаш во минатиот век? Помина тоа време.

А и не е страшно по некоја банка или штедилница да пропадне или се затвори. Луѓето умираат, фирмите (па и банките) пропаѓаат. Тоа е природен процес. Не само во Македонија. Насекаде. Битно дека тоа не е многу (во други земји е повеќе) и уште побитно дека трендот е негативен (се намалува). За жал, на пример, бројот на умрени новороденчиња во Македонија се зголемува.


Работата е што -собери ги парите од народот-ќе нема ни инфлација, ни скокање на цени.

Да беше толку просто, сигурно немаше да има централни банки во другите држави :-)
Еве на пример, како да му ги собереш парите на народот? Да дојдам да ти ги земам сега, ти би ги дал? (за дискусијава е многу битно да ми одговориш)

Цело време тука губиме време и спориме:
Дали НБРМ му ги зема парите на народот или народот не работи, па не заработува и на крај нема пари?
Јас мислам дека е второто. Гледаш дека сме прво место по невработеност во светот?

Инаку, НБРМ може без проблем да го снабди народот со пари. Проблемот е што тие потоа нема да вредат.

Јас по стоти пат ќе ти напишам: НБРМ не ги зема парите, туку ги контролира (повлекува и пушта), како што смета дека има потреба. Ако повлече премногу, тие добиваат на цена и некој што има ќе ги потроши, па ќе има доволно. Ако пушти премногу, ќе изгубат на цена, па луѓето: ИЛИ ќе ги чуваат да се врати вредноста (контролирано од НБРМ) или ќе се дадат во трошење и ќе ја активираат спиралата на инфлацијата (тек тогаш НБРМ нема да работи добро).
 
Lurtz ама те запашкале на темава :icon_lol:
Немам време ни да читам само летечи да тупнам нечие рамо како класичен офтопик :)
 
М, да ме запашкале коа веќе се премина во чамче муабет, нормално...Го сфаќам, го плаќаат, мора да си правда фирма. А гувернерот што земал "земјичка", тоа е "ништо", но ако Арсовски направил нешто што не треба (Хари Костов ја спасил Комерцијална-муабетот веќе ми личи на едно момче што го бранеше законот против пушење :) ), е тогаш е нестручен и неспособен...ако дис/квалификуваме не треба да дис/квалификуваме според партии. За мене се исти л...

Тоа ти се враќаш во минатиот век? Помина тоа време.
Минато време али си ја сработија работата. Растур (форсирање) на банка/штедилница не се осеќа (како и приватизацијата) само една година...али ок...еве добро работи нбрм. Btw освен стабилност на денар, имаше набројано уште десетина функции...и јас ќе ти кажам по стопати. Кога нема пари у оптек, нормално лебот да е поефтин од вчера што не значи добра политика.
Овде ќе прекинам да ги замарам форумџиите...кажано (линкувано) беше од сите банкари, професори, асистенти...не би више да се натегам.
И еве, ако е нечија сатисфакција, јас сум во криво...доволно беше.
 
М, да ме запашкале коа веќе се премина во чамче муабет, нормално..


Чамче???

Батка, цело време ти го тераш на таму муабетот, а не соговорникот. Ти почна со рекла казала.
 
Чамче???

Батка, цело време ти го тераш на таму муабетот, а не соговорникот. Ти почна со рекла казала.
Ако ги прочиташ линковите и мислењата претходно постирани кои не се прифатија него се отфрлија како мислења од неадекватни личности (меѓу редови оти се од одредени кругови)...една информација нарачана, друга банкарот бил со лошо минато, трета асистентката била од некој сомнителен факултет...само затоа што не се од опозиција. А истовремено лошото минато на гувернерот и дел од замениците се занемарува. Тоа за тебе не е чамче муабет...само малку.
Инаку се постира и за Авганистан иако не сме биле таму нит сме војувале со талибанците (паралела на потребата од "стручност" на одредени теми и наведување извори). Кој сфати сфати, кој не...
 
Инаку, НБРМ може без проблем да го снабди народот со пари. Проблемот е што тие потоа нема да вредат.

Јас по стоти пат ќе ти напишам: НБРМ не ги зема парите, туку ги контролира (повлекува и пушта), како што смета дека има потреба. Ако повлече премногу, тие добиваат на цена и некој што има ќе ги потроши, па ќе има доволно. Ако пушти премногу, ќе изгубат на цена, па луѓето: ИЛИ ќе ги чуваат да се врати вредноста (контролирано од НБРМ) или ќе се дадат во трошење и ќе ја активираат спиралата на инфлацијата (тек тогаш НБРМ нема да работи добро).
А ќе го задржите ли интегритетот откако на Гошев ќе му помине мандатот? Колку што знам за една година му истекува мандатот и можеби баш овој Томе Неновски, или некој сличен ќе го стават преродбениците, имајќи во предвид колкав апетит имаат за пари, па да предизвикаат девалвација.

Колку законот не штити од евентуално неодговорно работење на НБРМ? Односно од влијанието на дневната политика врз работата на НБРМ.
 
М, да ме запашкале коа веќе се премина во чамче муабет, нормално...Го сфаќам, го плаќаат, мора да си правда фирма. А гувернерот што земал "земјичка", тоа е "ништо", но ако Арсовски направил нешто што не треба (Хари Костов ја спасил Комерцијална-муабетот веќе ми личи на едно момче што го бранеше законот против пушење :) ), е тогаш е нестручен и неспособен...ако дис/квалификуваме не треба да дис/квалификуваме според партии. За мене се исти л...

Минато време али си ја сработија работата. Растур (форсирање) на банка/штедилница не се осеќа (како и приватизацијата) само една година...али ок...еве добро работи нбрм. Btw освен стабилност на денар, имаше набројано уште десетина функции...и јас ќе ти кажам по стопати. Кога нема пари у оптек, нормално лебот да е поефтин од вчера што не значи добра политика.
Овде ќе прекинам да ги замарам форумџиите...кажано (линкувано) беше од сите банкари, професори, асистенти...не би више да се натегам.
И еве, ако е нечија сатисфакција, јас сум во криво...доволно беше.

Ако се Томе, Драгољуб Арсовски, пионот на газда Нини (не знам како се викаше, некој си -иќ) и некоја си асистентка од нелегален универзитет за тебе се сите, тогаш морам да приметам дека имаш многу стеснети погледи и многу ниско мислење за својата земја (во која 4 сомнителни ликови ти се сите стручњаци). Во Македонија има 100тина доктори и 1.000 магирстри на економски науки.


Јас по сто и први пат ќе ти кажам дека ако голем дел од луѓето немаат денари (во оптек) не значи дека НБРМ треба да им отпечати и да им даде. Треба да си ги заработат. А тоа не е работа на НБРМ.

На друг начин да ти појаснам, може сега ќе ти е јасно? НБРМ е независен орган кој се грижи за стабилноста на цените. Значи таа е како кичмата на еден човек, независен орган кој се труди да го држи човекот стабилен. Не може ти од кичмата да бараш да трчаме на 100 метри за 8 секунди, тоа од мускулите треба да бараш. Или евентуално од големиот мозок 9да пази што јаде, колку троши, колку ги вежба мускулите итн.). Не е кичмата крива што ти стоиш исправен додека трчаш 100 метри за 17 секунди. И не може да тераме теории дека ако се клатиме повеќе, може побрзо да трчаме.
 
Ако се Томе, Драгољуб Арсовски, пионот на газда Нини (не знам како се викаше, некој си -иќ) и некоја си асистентка од нелегален универзитет за тебе се сите, тогаш морам да приметам дека имаш многу стеснети погледи и многу ниско мислење за својата земја (во која 4 сомнителни ликови ти се сите стручњаци). Во Македонија има 100тина доктори и 1.000 магирстри на економски науки.


Јас по сто и први пат ќе ти кажам дека ако голем дел од луѓето немаат денари (во оптек) не значи дека НБРМ треба да им отпечати и да им даде. Треба да си ги заработат. А тоа не е работа на НБРМ.

На друг начин да ти појаснам, може сега ќе ти е јасно? НБРМ е независен орган кој се грижи за стабилноста на цените. Значи таа е како кичмата на еден човек, независен орган кој се труди да го држи човекот стабилен. Не може ти од кичмата да бараш да трчаме на 100 метри за 8 секунди, тоа од мускулите треба да бараш. Или евентуално од големиот мозок 9да пази што јаде, колку троши, колку ги вежба мускулите итн.). Не е кичмата крива што ти стоиш исправен додека трчаш 100 метри за 17 секунди. И не може да тераме теории дека ако се клатиме повеќе, може побрзо да трчаме.
Нема што да појаснуваш, премногу лично сфаќаш и премногу идеш у лични муабети. Постирам она што се пишува и говори за нбрм, плус што како обични граѓани го осеќаме на својот џеб од каматите, трошоците и провизиите.

Ете имаше едно прашање погоре од Морфеус -што кога после мандато на сегашниот гувернер, ако дојде некој од...колку е заштитена институцијата со закон, и мене ме интересира тоа што би се десило.

Инаку оф топик, и од кичма и од зглобови мора да бараш да трчаат заедно со мускулите...пробај на слаби зглобови и кичма истрчај ќе видиш како ќе ти се распадне телото.

Еве можеби и овој текст е интересен за коментирање

За грабежот во Народната Банка
дата 3/4/2007 12:00:00 AM Дали досега сте слушнале за некој грабеж на Национална Банка, на начин како што е извршен во нашата Народна Банка?!

Дали досега сте слушнале за некој грабеж на Национална Банка , на начин како што е извршен во нашата Народна Банка?! Имало грабежи секако на возови, возила и слично , но секако не сме чуле за грабеж на било која Национална Банка во светот по принципот “ земи денес плати ако те фатат“. Верувам дека имало и вакви грабежи и во други земји, но сигурно тамошните власти не избрзале со транспарентноста како нашите паметни глави кои веднаш по избивање на аферата закажаа прес конференции за да на светот му предочат дека во институцијата која треба да биде најсигурен и најбезбеден сегмент во едно општество, некој се однесувал како во самопослуга и цели 15 години ги заобиколувал сите возможни контроли. На тој начин е пратен јасен сигнал на идните инвеститори, ни случајно да не помислат да инвестираат во земја во која ни трезорот на Националната банка не е безбеден. Ова сметам дека беше уште еден удар на амбициозната програма на премиерот за привлекување на странски инвестиции , но сега не од опозицијата, туку од сопствените редови, ако Народната банка мо`е да се смета како сопствен ред.
продолжува на линкот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom