Manga
Golem alat
- Член од
- 21 април 2006
- Мислења
- 7.753
- Поени од реакции
- 5.011
Примерувам дека на темава пишале четири пати повеќе машки отколку девојки, дали тоа значи дека машката популација кај нас е поисфрустрирана во однос на женската или пак девојките се поплашливи јавно да се искажат ?
За состојбата се согласувам со веќе кажаното, лошо е и нема тенденција на подобрување. Впрочен што да се очекува од средина каде животните вредности и цели се комплетно извитоперени во однос на оние кон кои би требало да се стреми една здрава единка, а тие се да биде среќна, исполнета, реализирана материјално и духовно и притоа и на другите од околината (но не на сопствена штета) да им биде од полза. Чиста фантастика.
Кај нас главната цел на секое машко е да стане мангуп односно фраер, да врти што повеќе жени, да направи што поголема пара со што помалку работа (по можност и без работа) и притоа ниедно средство не е за отфрлање, значи по секоја цена да се стекне статусот на „јак“ тип и фраер. Пожелно е притоа единствената физичка активност да биде гледање фудбал, седење у кафана и повремено сексање, тоа би бил сон за најголем дел од машката популација.
Кај жените исто не е многу порозово. Желба на најголем број девојки е да станат шмизли, да вртат што поголем број мажи и на крај да најдат тип кој ќе им ги задоволува претежно физичките потреби, значи да е материјално обезбедена. Ако притоа половично ја сака (или барем се преправа дека ја сака)е супер, ама и да не ја сака не е страшно, ќе се отрпи, пошто правење компромис на љубовен план во Македонија е веќе стандардна процедура. Освен тоа девојките од мали се учат дека фините момци се лузери (потсвесно или свесно) и дека посакуваниот партнер е пожелно да е мангуп , значи ако е поштен, вреден и фин дечко нема шанси кај неа, фините немаат перспектива кај нас пошто се знае кои ги води „најјаките“ бизниси а тоа не се „фините“.
Како резултат на тоа кога ќе се сретнат фраер и шмизла или двајца кои во потсвеста тоа сакаат да бидат, настанува куршлус затоа шта двајцата се комплетно одалечени од она што им е во душата, а тоа е „сакам да најдам некој да ме САКА и да го САКАМ“. Се се сведува на тоа кој кого поелегантно ќе го манипулира или со други зборови кој кого повеќе ќе го вртка, притоа заборавајќи дека врткањето е моќ и манипулација но не е љубов.
Ќе ја земам за компарација Австрија како пример на средена земја со неискомплексирана популација. Тука секој (полу)нормален може да заработи 1500 месечно ако сака да работи и на таков тип на крај памет не му е да изиграва фраер или тоа да му е животна цел. Секој има кола која кај нас вади воздишки од секоја скопска шмизла додека е тоа тука стандард, девојка не се ни врти ако имаш Ауди или Хонда или не знам што на четири тркала.
Девојките пак растеретени дека мораат да најдат фраер (инаку ќе живеат во сиромаштија и без толку посакуваниот социјален статус) се многу послободни во однесувањето и знаат дека ако се поотворени во однос на мажите никој нема да ги нарече курва или лесна женска. Ако на Австријка и се свиѓаш вика ДА а ако не кажува НЕ, и крај на приказната. Вакви мафтања како кај нас во Австрија нема. Во МК е веќе како нормално да попиеш неколку корпи пред фамозното ОК само за да девојката прво си напуни его а второ да не му „даде“ одма, како би си ја задржала „честа“ и тој толку „битен“ наметнат општествен морал.
Mи се чини дека основен двигател и мотив за дејство во МК е стравот иако не прв оглед не изгледа така, стравот од неуспехот да не се достигне посакуваниот статус и стравот што ќе каже околината, тетката, вујкото, стрината, комшиите, другарите итн, итн. Притоа вешто се избегнува и во недоглед се одлага одлуката да се преземе судбината во свои раце и да почне да се живее сопствениот живот онака како нас најповеќе ни одговора а не на околината или општеството. Но тоа би значело и повеќе проблеми за решавање како и преземање ризик да се испадне будала, лесна женска, да се попие уште некоја корпа, да се работи повеќе и понапорно а тој ризик е нешто што во нашата средина се одбегнува, полесно е да се каже „јас не можам“ и „мора така да биде“ и да се продолжи како и до тогаш. Стравот лежи во потсвеста на секое машко да не биде етикетиран како лузер и на секоја девојка да не остане сама и несредена. А се додека стравот и комплексите царуваат нема ништо да се измени и луѓево ќе живеат туѓи наметнати животи мислејќи дека го живеат својот и никогаш нема да го достигнат својот вистински потенцијал.
И ќе прават компромис мислејќи дека подобро не можело да биде .
Епик пост =)
Доста е ова да се читне , го следи проблемот од почетокот - па очекувањата на крајот