Очајот на македонската љубовна сцена

S

smart ass

Гостин
Како и за многу работи, така и за нај битната. За да љубиш треба душа да отвориш, треба ранлив да станеш.. А несака, ил, хм.. неможе секој да си го дозволи тоа... Зошто.. Како... Одговори има..
Ама, лекот?
Епа ете го одговорот и затоа кога гледаме што се случува со таквите логично е

Луѓево се плашат да сакаат.
Fuck buddy е подобра опција согласно условите.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Fuck buddy е подобра опција согласно условите.
За да си најдеш пристојно секс другарче треба да најдеш личност која гордоста ја сваќа како што треба, а не како сите останати.
 
S

smart ass

Гостин
Имаше две другарки али се омажија.

Настрана веќе:toe:
 
Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Во таа ситуација, секако, мораме да бидеме мудри и да се прилагодиме на сиот тој разврат кој е секаде околу нас. Некои форумџии добро знаат колку го одбивав ваквиот начин на функционирање на општеството но никогаш и не реков дека не го разбирам и дека не сум свесен за неговото постоење. Сега, сум само убеден дека од тоа нема бегање и единствено кое можам да го сторам е да се прилагодам. Ќе мораме, сите заедно да прифатиме дека формата на бракот, врската веќе не е ист и да живееме по новите правила кои генерално не постојат. Прави секој што сака, ако можеш да се вклопиш повели, ако не, помини го животот сам.
Што искрено, познавајќи ја гнасотијата на луѓето, не ми делува како толку лоша идеја.
Ma jok bre, ne biva toa... na se ke se prilagodam, ama takov kompromis za brakot ne pravam ni pod razno.

Ete, nekoja i po greska da receme deka sum ja primil u moj dom...okey, ziv covek, pa moze da zgresi u procenka... ama ke dojde vreme koga zadolzitelno ke treba da izleze, e toa ke bide ili vo forma na sloboden pad od balkon ( ke se dzitne da ja fati parickata pred da padne na zemja ) ili na parcinja niz vrata... nema treto :toe:

p.s. takviot epilog ne bi se realiziral samo vo slucaj da vo dadeniot kriticen moment kaj mene zavladee razumot i trpenieto ( za sto cisto sumljam ) .... e togas doticnata bi se spasila so sok soba... :toe:
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.089
Поени од реакции
25.288
Епа ете го одговорот и затоа кога гледаме што се случува со таквите логично е

Fuck buddy е подобра опција согласно условите.
Да тоа го прават како алтернативно решение. Ама фак бадито скоро никогаш не им ја поплнува емотивната празнина, напротив им ја продлабочува, само што сите одат по линија на помал отпор и со девизата ај утре ќе му ја мислам за последиците од вечерва.
Стравот е основната причина за се, не може никој да ме убеди дека е до немањето време или слично. Полесна одлука е да се плеснеш со 4-ца во една вечер отколку да дадеш шанса на некој на кој што треба да дадеш. Од муабети со луѓе го мирис тој страв, го осеќам тој отпор ја гледам тоталната алиенација и затворање. Се е веќе видено, разочарување од се и седење дома или другата екстрема се фаќа, онаа на Виктор на тотално себедушевно осакатување од очајот. А се може да биде полесно, и повеќето сакаат да биде поинаку, после 2-3 чаши со некој/а на маса одма осеќаш дека се што се случува е глумење лудило. Поради луѓе со размислувањата на Виктор (без навреда друже) вирусот зема поголем замав. Она ако не можеш да ги победиш придружи им се. Не бре треба муда и отпор, одбивам да се фрлам во Вардарските гомна иако сите го прават тоа и е кул, одбивам да правам нешто што за мене не е исправно макар и сам останал, макар и гледан чудно , макар бил не кул. Ме заболел ташакот што е модерно и кул, и што правеле сите. Затоа препорака до сите. Направете го тоа што треба. Раскниете со нефункционалните врски, излезете од дома и фор фак сејк комуницирајте и не барајте влакно во јајце. Не поради достоинство, не поради гордост, не поради средината, туку поради вас. Да не се разбудите на 40 и кусур години со две деца акајќи си ја главата од ѕид додека жена ви е на ноќен состанок од работа што случајно излегол во 5 за 12 се во служба на компромисот и да си кажете јебем ти и кариера и фамилија и се заебав а? Или пак сам во пуст стан поради тоа што малата била супер ама била 5 сантима пониска и 4 килограми подебела, во тој момент ќе ви изгледа како Анџелина Џоли ама во туѓ дом. Ама никој нема муда, никој не може да пресече, никој не може да дае шанса оти ризично било и оти тешко ќе им било после тоа. Каква катастрофа. Како што кажав некој ќе си ја чука главата на стари години ама касно ќе биде.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Се додека постојат филмови како „Сексот и градот“, жените ќе преферираат развратнички живот. :wink:
Филмот може да го толкува кој како сака, друга тема е тоа.

Што се однесува до спонзорушите да надополнам.
Моменталната ситуација овде во нашава држава можеби придонесе оние девојки од пониските слоеви да се залажат по пари. Девојка која што во животот немала повеќе од еден пар штикли кои чинеле пример 500-600 денари, девојка која излегува со 200 денари во град, која што не доручкува во школо/факс и има другарки кои што ја опкружуваат секојдневно и имаат повеќе од 10 пара фармерки и дупло повеќе маици, ако не размисли или од дома нема кој навреме да ја сопре во нејзината намера, нормално дека ќе го одбере полесниот пат, дури и ќе и го олеснат истиот ако наиде на другарки од тој тип. Кога ќе се спомне спонзоруша обично повеќето ги асоцира на девојка која што за пар штикли, пијачка или облека ќе се онади наоколу. Но што правиме со оние девојки кои што имаат пари и се онадат за пари? Пример девојка која што потекнува од фамилија со име, обезбедена доволно, можеби и повеќе од колку што треба, задоволена со се, логично не би имала никаква потреба, зборам материјална да оди со некој тип за да биде прошетана, напиена и најадена ?! А и таквите се многу...
Затоа кога ќе слушнам муабети од типот па знаеш таа и таа немала пари ( уште и жртва на крајот ), па МОРАЛА да се онади, не знам дали да се смеам или да плачам. Изглеа жениве многу се огледале на Шехерезад, па штом дојде тесно со пари, шири нозе, и задоволена и обезбедена.

Парите го земаат својот данок, земаат многу промашени животи особено во емоционална смисла. Оттаму и такво е мнозинството, секоја чест на оние кои можат да одолеат и да ја сочуваат својата моралност. Полесно е да се прилагодиш отколку да отрпнеш на истото, и да бидеш оттуѓен од останатите, впрочем оној кој што има мозок повеќе од останатите и ги гледа нештата објективно, без парите да му ја замаглат перцепцијата се осеќа осамено и отфрлено. Но кога би се обидел таквиот човек да се прилагоди на општеството и моменталниот тренд тогаш би одел против себе.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Затоа препорака до сите. Направете го тоа што треба. Раскниете со нефункционалните врски, излезете од дома и фор фак сејк комуницирајте и не барајте влакно во јајце. Не поради достоинство, не поради гордост, не поради средината, туку поради вас. Да не се разбудите на 40 и кусур години со две деца акајќи си ја главата од ѕид додека жена ви е на ноќен состанок од работа што случајно излегол во 5 за 12 се во служба на компромисот и да си кажете јебем ти и кариера и фамилија и се заебав а? Или пак сам во пуст стан поради тоа што малата била супер ама била 5 сантима пониска и 4 килограми подебела, во тој момент ќе ви изгледа како Анџелина Џоли ама во туѓ дом. Ама никој нема муда, никој не може да пресече, никој не може да дае шанса оти ризично било и оти тешко ќе им било после тоа. Каква катастрофа. Како што кажав некој ќе си ја чука главата на стари години ама касно ќе биде.
Партнерот ти е личен избор,дали ќе го зачуваш или ќе го пуштиш е само твоја одлука.Без разлика за кој ќе се одлучиш постои можност на 40 години да си ја чукаш главата во ѕид.Значи нема гаранција за ништо,дури ни за своите постапки.И нема идеална врска,секаде има проблеми,некои се претешки,некои од чиста глупост.Лејди претходно спомена нешто за кое многу се согласувам.Не смее да се дозволи раскинување на врска поради гордост,поради проблем кој се решава.Додека има љубов се може да се помине,дури и неверството се решава,за ова порано мислев дека е црна точка од која нема враќање.во секоја врска има убави и лоши страни,нека се стават на кантар и нека се измерат,вреди или не вреди,треба или не треба да и се посвети внимание.Врска не се одржува со муабети за времето,врската мора да има иднина „кога ќе престанеш да сонуваш,престануваш и да живееш“.
Скокајќи од еден на друг барајќи си ја среќата,на крај ќе се набодиш на кол и фино лепо ќе те шамарат до 78 години.Треба само љубов,за се друго постои мастер :icon_lol:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Да тоа го прават како алтернативно решение. Ама фак бадито скоро никогаш не им ја поплнува емотивната празнина, напротив им ја продлабочува, само што сите одат по линија на помал отпор и со девизата ај утре ќе му ја мислам за последиците од вечерва.
Стравот е основната причина за се, не може никој да ме убеди дека е до немањето време или слично. Полесна одлука е да се плеснеш со 4-ца во една вечер отколку да дадеш шанса на некој на кој што треба да дадеш. Од муабети со луѓе го мирис тој страв, го осеќам тој отпор ја гледам тоталната алиенација и затворање. Се е веќе видено, разочарување од се и седење дома или другата екстрема се фаќа, онаа на Виктор на тотално себедушевно осакатување од очајот. А се може да биде полесно, и повеќето сакаат да биде поинаку, после 2-3 чаши со некој/а на маса одма осеќаш дека се што се случува е глумење лудило. Поради луѓе со размислувањата на Виктор (без навреда друже) вирусот зема поголем замав. Она ако не можеш да ги победиш придружи им се. Не бре треба муда и отпор, одбивам да се фрлам во Вардарските гомна иако сите го прават тоа и е кул, одбивам да правам нешто што за мене не е исправно макар и сам останал, макар и гледан чудно , макар бил не кул. Ме заболел ташакот што е модерно и кул, и што правеле сите. Затоа препорака до сите. Направете го тоа што треба. Раскниете со нефункционалните врски, излезете од дома и фор фак сејк комуницирајте и не барајте влакно во јајце. Не поради достоинство, не поради гордост, не поради средината, туку поради вас. Да не се разбудите на 40 и кусур години со две деца акајќи си ја главата од ѕид додека жена ви е на ноќен состанок од работа што случајно излегол во 5 за 12 се во служба на компромисот и да си кажете јебем ти и кариера и фамилија и се заебав а? Или пак сам во пуст стан поради тоа што малата била супер ама била 5 сантима пониска и 4 килограми подебела, во тој момент ќе ви изгледа како Анџелина Џоли ама во туѓ дом. Ама никој нема муда, никој не може да пресече, никој не може да дае шанса оти ризично било и оти тешко ќе им било после тоа. Каква катастрофа. Како што кажав некој ќе си ја чука главата на стари години ама касно ќе биде.
Поради размислувања како моите? :pos: Не ми се верува дека го читам ова од човекот кој до пред половина година ме убедуваше дека љубов не постои, и дека врската е едниствено ствар на заеднички интерес меѓу договорените страни. Као на Буњаковец кога купувам патлиџан.

Пишувај што сакаш на темава, јас ќе се сложувам речиси со сè што ќе напишеш на неа (барем така беше до сега) али жити Бога, немој да ми викаш дека мојата свесност за работите, за која делумно и сам си заслужен, е виновна зашто никој не сака веќе обврски и се ебе на сите страни. Не сум ја виновен друже, ако веќе посочуваме, тогаш повеќе си ти виновен, кој мисли дека љубовта е измислица на поетите да имаат привлечни стихови и ја разбира едниствено како пеперутки на полна месечина во летна вечер а статистички гледано такви вечери има само една или две во годината па според тоа љубов не постои.
Како и да е, муабетите ти се комплет на место, само не разбирам како тоа што јас гледам какво е моето опкружување ме прави виновник. И да, навреда е, ама животот е таков, полн навреди, тоа што ги гледам и разбирам се надевам не ме сврстува во групата иницијатори на навреди.
 
Тоа е точно, гаранција нема за ништо, ама затоа имаме тиква за да размислуваме и да ги анализираме нашите постапки и постапките на партнерот и да се донесат соодветни заклучоци особено кога се работи за полнолетни луѓе а не тинјеџери. Некое време е доволно да запознаеш со кого си имаш работа и да пресудиш како понатаму. Луѓето во суштина тешко се менуваат (нели-робови на своите навики), пак не мислам на тинејџери, ама затоа си ти тука да ги следиш тие евентуални промени на каде одат за да можеш соодветно да реагираш. Ако правилно расудуваш и имаш волја ќе процениш точно и ќе го донесеш вистинсиот избор. Нормално и да си антипушач, антиалкохоличар, спортист може да те удри автобус на млади години, ништо не е гаранција ама го смалуваш ризикот и правиш статистиката да ти оди во прилог. Разумот секогаш треба да ти биде над се, тука сите се заебуваат. Затоа што љубовта е кокаин, не размислуваш за ништо друго се додека ти е најубаво на цел свет. Во таа епохална битка разум вс. емоција, разумот треба да победи. А ако и двете се од иста страна тогаш имате добитна комбинација. Нормално не е така лесно, не дека не може во секој момент се да се случи, меѓутоа со мислата и логиката на чело имате сигурно и добро оружје. Сумарум гаранција нема. Ама има мозок за да се намали ризикот и да се зголемат шансите за успех. За другото се согласувам.

--- надополнето ---

Поради размислувања како моите? :pos: Не ми се верува дека го читам ова од човекот кој до пред половина година ме убедуваше дека љубов не постои, и дека врската е едниствено ствар на заеднички интерес меѓу договорените страни. Као на Буњаковец кога купувам патлиџан.

Пишувај што сакаш на темава, јас ќе се сложувам речиси со сè што ќе напишеш на неа (барем така беше до сега) али жити Бога, немој да ми викаш дека мојата свесност за работите, за која делумно и сам си заслужен, е виновна зашто никој не сака веќе обврски и се ебе на сите страни. Не сум ја виновен друже, ако веќе посочуваме, тогаш повеќе си ти виновен, кој мисли дека љубовта е измислица на поетите да имаат привлечни стихови и ја разбира едниствено како пеперутки на полна месечина во летна вечер а статистички гледано такви вечери има само една или две во годината па според тоа љубов не постои.
Како и да е, муабетите ти се комплет на место, само не разбирам како тоа што јас гледам какво е моето опкружување ме прави виновник. И да, навреда е, ама животот е таков, полн навреди, тоа што ги гледам и разбирам се надевам не ме сврстува во групата иницијатори на навреди.
Викса (па ти си имал добра меморија бре), ти кажав натинг персонал, ќе го издискутираме ова на кафе што рака на срце не сме го правеле од одамна. Лично не ми е јасно (ама секој со своето нели) како пристапуваш на нешто со кое не се согласуваш, наместо да не го прифатиш и да дадеш отпор. Да се согласувам дека во последно време така функционираат работите, меѓутоа можеш да кажеш нели-дрога не благодарам. А за другот точно јас сеуште си стојам на таа девиза генерално е понуда-побарувачка и интерес. Што би рекол Ѓорѓе наш-разумен компромис ама се си има црвена линија. Колку повеќе ја поместуваш толку повеќе ќе се најдеш на ивицу пакла (што би рекол Џеј Рамадановски). А да не збориме дека во тој процес на поместување на линии ќе изгубиш достоинство, самопочит, самодоверба, енергија волја итн... Ама сепка што би рекол еден пријател мој-Ти бираш како живиш.
 
S

smart ass

Гостин
А пак која карактеристика е зад грб да ја изе*еш женската на другар ти???

Ова го имам видено многу пати,имам видено торковци заслепени,и крајно лицемерие од негови "другари",што правиме со ова...евидентно е..

Тоа е механизмот на одбрана-затвори,утврди го срцето и зачеличи го,ако те удри мисла одма прекинуј!!!
Резултат-нема љубов,има простор за маневрирање а може и фак бади:)

Да видиме де до што е работата....

Гледам наоколу мене што се случува и со стандардните врски,и со овие со т.н несакана бременост-епа погодете....нема љубов,на крајот си ги вадат очите ко на џери спрингер и афери има,па закани,бла бла измислувања....

Јас сум скептик....дека ќе се најде некоја...која ќе го" Омекне" моево срце.

Дал е до мене или....ма ОД МЕНЕ ЗАВИСИИИ:vozbud:
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Читам и читам и ми скурчи од читање.
А бе кришо бе колку пати сме го праеле муабетов а? Претостаувам знаеш што ќе пишам сега на оваа тема.
Проблемот е преедноставен и преглуп, ама ни ти сам не сакаш да се реши затоа што во тој случај ќе бидеш лишен од едно од твоите најголеми задоволства-кафаната. Жени пички на маса ставаат за срби па и сакати и ќори да се, муживе сите глумат сељаци тоест јебачи и шо ти не знам. Искључи пинк телевизија, затвори кафани, искорени (ама баш икорени) се што е сељачко да виш како прекуноќ се ќе се промени.
Можете да се филозофирате до бескрај и назад но некогаш пробемите се многу едноставни.
 
Не може бре, ми можеш нешто? Потем речено античкото знаење лежи во Вавилон. Затоа знај!
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Примерувам дека на темава пишале четири пати повеќе машки отколку девојки, дали тоа значи дека машката популација кај нас е поисфрустрирана во однос на женската или пак девојките се поплашливи јавно да се искажат :)?

За состојбата се согласувам со веќе кажаното, лошо е и нема тенденција на подобрување. Впрочен што да се очекува од средина каде животните вредности и цели се комплетно извитоперени во однос на оние кон кои би требало да се стреми една здрава единка, а тие се да биде среќна, исполнета, реализирана материјално и духовно и притоа и на другите од околината (но не на сопствена штета) да им биде од полза. Чиста фантастика.

Кај нас главната цел на секое машко е да стане мангуп односно фраер, да врти што повеќе жени, да направи што поголема пара со што помалку работа (по можност и без работа) и притоа ниедно средство не е за отфрлање, значи по секоја цена да се стекне статусот на „јак“ тип и фраер. Пожелно е притоа единствената физичка активност да биде гледање фудбал, седење у кафана и повремено сексање, тоа би бил сон за најголем дел од машката популација.

Кај жените исто не е многу порозово. Желба на најголем број девојки е да станат шмизли, да вртат што поголем број мажи и на крај да најдат тип кој ќе им ги задоволува претежно физичките потреби, значи да е материјално обезбедена. Ако притоа половично ја сака (или барем се преправа дека ја сака)е супер, ама и да не ја сака не е страшно, ќе се отрпи, пошто правење компромис на љубовен план во Македонија е веќе стандардна процедура. Освен тоа девојките од мали се учат дека фините момци се лузери (потсвесно или свесно) и дека посакуваниот партнер е пожелно да е мангуп , значи ако е поштен, вреден и фин дечко нема шанси кај неа, фините немаат перспектива кај нас пошто се знае кои ги води „најјаките“ бизниси а тоа не се „фините“.

Како резултат на тоа кога ќе се сретнат фраер и шмизла или двајца кои во потсвеста тоа сакаат да бидат, настанува куршлус затоа шта двајцата се комплетно одалечени од она што им е во душата, а тоа е „сакам да најдам некој да ме САКА и да го САКАМ“. Се се сведува на тоа кој кого поелегантно ќе го манипулира или со други зборови кој кого повеќе ќе го вртка, притоа заборавајќи дека врткањето е моќ и манипулација но не е љубов.

Ќе ја земам за компарација Австрија како пример на средена земја со неискомплексирана популација. Тука секој (полу)нормален може да заработи 1500 месечно ако сака да работи и на таков тип на крај памет не му е да изиграва фраер или тоа да му е животна цел. Секој има кола која кај нас вади воздишки од секоја скопска шмизла додека е тоа тука стандард, девојка не се ни врти ако имаш Ауди или Хонда или не знам што на четири тркала.

Девојките пак растеретени дека мораат да најдат фраер (инаку ќе живеат во сиромаштија и без толку посакуваниот социјален статус) се многу послободни во однесувањето и знаат дека ако се поотворени во однос на мажите никој нема да ги нарече курва или лесна женска. Ако на Австријка и се свиѓаш вика ДА а ако не кажува НЕ, и крај на приказната. Вакви мафтања како кај нас во Австрија нема. Во МК е веќе како нормално да попиеш неколку корпи пред фамозното ОК само за да девојката прво си напуни его а второ да не му „даде“ одма, како би си ја задржала „честа“ и тој толку „битен“ наметнат општествен морал.

Mи се чини дека основен двигател и мотив за дејство во МК е стравот иако не прв оглед не изгледа така, стравот од неуспехот да не се достигне посакуваниот статус и стравот што ќе каже околината, тетката, вујкото, стрината, комшиите, другарите итн, итн. Притоа вешто се избегнува и во недоглед се одлага одлуката да се преземе судбината во свои раце и да почне да се живее сопствениот живот онака како нас најповеќе ни одговора а не на околината или општеството. Но тоа би значело и повеќе проблеми за решавање како и преземање ризик да се испадне будала, лесна женска, да се попие уште некоја корпа, да се работи повеќе и понапорно а тој ризик е нешто што во нашата средина се одбегнува, полесно е да се каже „јас не можам“ и „мора така да биде“ и да се продолжи како и до тогаш. Стравот лежи во потсвеста на секое машко да не биде етикетиран како лузер и на секоја девојка да не остане сама и несредена. А се додека стравот и комплексите царуваат нема ништо да се измени и луѓево ќе живеат туѓи наметнати животи мислејќи дека го живеат својот и никогаш нема да го достигнат својот вистински потенцијал.

И ќе прават компромис мислејќи дека подобро не можело да биде :).
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Оставете ги младите настрана,погледнете ја наша генерација и постари,од очај по очај....Суси брат имаш право,денес е најтешко да имаш врска,сега кажи како се живее без врска?
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Да тоа го прават како алтернативно решение. Ама фак бадито скоро никогаш не им ја поплнува емотивната празнина, напротив им ја продлабочува, само што сите одат по линија на помал отпор и со девизата ај утре ќе му ја мислам за последиците од вечерва.
Стравот е основната причина за се, не може никој да ме убеди дека е до немањето време или слично. Полесна одлука е да се плеснеш со 4-ца во една вечер отколку да дадеш шанса на некој на кој што треба да дадеш. Од муабети со луѓе го мирис тој страв, го осеќам тој отпор ја гледам тоталната алиенација и затворање. Се е веќе видено, разочарување од се и седење дома или другата екстрема се фаќа, онаа на Виктор на тотално себедушевно осакатување од очајот. А се може да биде полесно, и повеќето сакаат да биде поинаку, после 2-3 чаши со некој/а на маса одма осеќаш дека се што се случува е глумење лудило. Поради луѓе со размислувањата на Виктор (без навреда друже) вирусот зема поголем замав. Она ако не можеш да ги победиш придружи им се. Не бре треба муда и отпор, одбивам да се фрлам во Вардарските гомна иако сите го прават тоа и е кул, одбивам да правам нешто што за мене не е исправно макар и сам останал, макар и гледан чудно , макар бил не кул. Ме заболел ташакот што е модерно и кул, и што правеле сите. Затоа препорака до сите. Направете го тоа што треба. Раскниете со нефункционалните врски, излезете од дома и фор фак сејк комуницирајте и не барајте влакно во јајце. Не поради достоинство, не поради гордост, не поради средината, туку поради вас. Да не се разбудите на 40 и кусур години со две деца акајќи си ја главата од ѕид додека жена ви е на ноќен состанок од работа што случајно излегол во 5 за 12 се во служба на компромисот и да си кажете јебем ти и кариера и фамилија и се заебав а? Или пак сам во пуст стан поради тоа што малата била супер ама била 5 сантима пониска и 4 килограми подебела, во тој момент ќе ви изгледа како Анџелина Џоли ама во туѓ дом. Ама никој нема муда, никој не може да пресече, никој не може да дае шанса оти ризично било и оти тешко ќе им било после тоа. Каква катастрофа. Како што кажав некој ќе си ја чука главата на стари години ама касно ќе биде.
Ставам потпис на постов!Не знам дали ќе се изразев со исти реченици но тука некаде поентата т.е поентите во подточки се тие. Што гледам најчесто пред свои очи?Или луѓе кои седат сами наоѓајќи мана на секој жив што ќе го сретнат, да се разбереме не е секој за секого ама па не е можно да не постои никој, или пак влагаат во друг екстрем на нефункционална врска на која и се дава вештачко дишење само за човек да не биде сам. Е сега додуша има луѓе кои си живеат боемски живот, или пак ете се сами зашто така се погодило но тие ми се раритет.Премногу си земаме за право, коњи и принцови , совршени жени, филмовите и бајките ни дотепаа.Па на вага се става се што имаме како замисла, а замислата секогаш е перфектна шо значи имате нула шанса да ја реализирате и кога ќе ја споредиш со човек од крв и месо нормално дека нешто не се слага.Ама упорно се инатиме на животот кој постојано не убедува дека ништо не е совршено, дека совршен човек нема да се најде и дека вистинска доблест е да се прифати човек со мааните со кои можете да живеете секако.Зошто има толку разводи денес или зашто долгогодишни врски пукаат по шевови?Зашто некогаш притисокот не се издржува, а за негово покачуавње сме сами криви, убаво вика мојата пријателка, како што сам можеш да се зезнеш никој не може, е тоа го правиме на оваа љубовна сцена.Како давеници за сламка се фаќаме за некој човек ,го држиме до себе и кукаме за сите работи што ни сметаат кај него, он пак кука за нас, или пак сите претенденти ги елиминираме.И после , не очај , не фрустрација , ма ќе преминеме во некоја нова состојба во која ќе живееме во животинска комуна.За љубов треба храброст, потпишуваш на слепо дека го даваш срцето.Ама изгледа речиси сите сме кукавици.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom