Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
А каков е тој Дигирален апарат ??
Баш гледав во промотивните флаери по веснициве апарати по слични цени со литиумска батерија а не на алкални.Јас имам Кодак и Самсунг,и Самсунгот вади со многу поживи бои од Кодакот ама и понов е.Што и да гледаш гледај некој со појак блиц зашто вадат многу поубави слики ноќе ,моите и 2-та ми се со поситен блиц и не вадат нешто специјални слики навечер ама вршат работа ако го погодиш автофокусот на зелено.
Како прво кога се купува фото-апарат секогаш се купуват Ni-MH батерии кои се дополнуваат затоа што за некои 700 денари имаш веќе 2 батерии со полнач со кои ќе направиш ист број на фотографии како и со 28 алкални батерии со тоа што оние на дополнување ќе можеш да си ги дополнуваш. Патем имаат многу поголем капацитет отколку литиумските батерии. Не за џабе Канон и Самсунг прават камери кои се со АА батерии.
Како второ, за квалитетни ноќни фотографии ти е потребен надворешен блиц. Не мора силен ко свадбарите што користат, може и некој од 20.000 денари, ќе ти заврши работа. Така да во вода паѓа муабетот за силен блиц вграден на апаратот.
Е кое сме веќе кај Самсунг не знам дали уште се продава S850 моделот. На времето сестра ми го плати некои 9.000 денари, и е навистина добар за тие пари. Доколку му е падната цената а сеуште е во продажба зимај слободно.