Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Македонија не е доволно созреана држава од политички аспект , политиколозите се исмевани од страна на партијците ( Се разбира не оние политиколози кои се спонзорирани од било која партија ).
Поради партизацијата во оваа држава, најсперспективен смер од мои очи гледано е Меѓународна Дипломатија за мастер студии.
@ Crazy in Love со колку поени (успех+матура) може да се влезе во државна квота? Дали се доволно 92, да речеме?
Благодарам за одговорот.
Ме интересира и една друга работа: конкретно за тебе еве да речеме, која ти е амбицијата со овој факултет и дали идеолошката настроеност или политичко убедување ти се предуслов во тоа?
Дали ако ти си партиски ненаклонета и необоена можеш сериозно да конкурираш за една функција/работа?
И дали мислиш дека може да постои независен политолог во буквална смисла на зборот? Како еден десничар „независно и беспристрасно“ ќе ги перцепира левичарските ставови и обратно?
И мене отсекогаш ме интересирале домашните, но и глобалните општествено-политички збиднувања и процеси и можноста да се реагира врз истите. Особено ме заинтересира смерот односи со јавност (маркетинг, пропаганда, реторика, кампањи и сл.) и планирам на истиот да продолжам по 3 годишното „општо политичко“ студирање. Од една причина: односот со јавноста, во светот, но и во Македонија во последните 10тина години станува една битна и значајна работа, која бара секојдневен ангажман, добри познавања, соодветна реторика, креативност и умешност во справувањето и креирањето на јавното мислење. Мислам дека кај нас оваа област е се уште недоволно развиена и има услови за голем напредок и поголема професионализација и усовршување на техниките за односот со јавноста.
Да, ама тоа претежно искрено на политолошките предмети со политолози асистенти, правниците се многу крути (со чест на исклучоци) во тој поглед, затоа што не размислуваат outside the box. Јас три години се отворив од кревање рака, дискутирање, дебатирање, па и некогаш расправањеКажи ми, дали на факултетот дебатата и јавното говорење се најчест (ако не и единствен) начин за изразување и колку таа влијае врз изградбата на вашите ставови и врз отворање и продлабочување на вашиот светоглед? И дали имате практицирање на ваши и одбрани говори од историски познати и признати оратори?