Кога е неизбежен разводот?

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Читаме по веснициве дека бројот на разведени бракови е во пораст. Кога, според вас, разводот е неизбежен? Дали за да се разведе еден брак мора да има енормно влошени меѓучовечки односи, насилство, непочитување и сл., или бракот треба да се прекине и кога ќе умре духот на заедништво, т.е кога партнерите ќе почувствуваат дека не растат, туку се гушат еден крај друг. Дискутирајте на темава со претпоставка дека брачните партнери имаат оформено семејство, имаат деца/дете, заеднички имот...Потпрашање: дали брачното неверство е доволно силен аргумент за развод, имајќи предвид дека бракот не е само љубовна, туку е и економска и социјална заедница?
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Никогаш.
Бракот е света работа.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Кога ќе се земаат треба да се на некоја свест.
Разводите се причина на лошата проценка на партнерот.
Разводи не треба да постојат.
Мажот и жената се врзани да бидат заедно цел живот.

Само ако си следат правила, се ќе иде во ред.
Ако не ги знаат јас ќе им ги кажам.

Не е многу сложено.
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Како оправдана причина за развод може да биде само неверство од мажот или жената.
Оправдувам жени кои се разведуваат од своите мажи поради насилство извршено од страна на мажот.Затоа треба многу да се размислува со кого се стапува во брак.
 
Член од
16 јуни 2010
Мислења
8
Поени од реакции
1
huh,ova e malku podlaboka tema odosto izglea na prva...brakot kako osnova ja nema samo seksualnosta zatoa i pokraj toa kako nie ja dozivuvame preljubata taa objektivno i ne bas najdobra pricina za razvod,posebno ne koga se imaat i deca...da,zvuci kao zaebancija ali kaj poveketo slucai e cista praksa...nasilstvo? e toa nikako ne se opravduva
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Пред да се поднесат документите за развод треба да се направи добра проценка на односите помеѓу партнерите и дали вреди да се зачува бракот или неговото прекинување ќе биде од полза за сите.

Неизбежен развод во случај на...недоволна посветеност на бракот,недостаток на комуникација помеѓу сопружниците,неверство,напуштање од страна на еден партнер,зависност од алкохол и дрога,физичка,сексуална и психичка злоупотерба,“непремостиливи“ разлики во карактерите на партнерите,финансиски проблеми,мешање на свекор и свекрва/дедо и баба,недоволна зрелост како и интелектуална и сексуална способност,губење на љубовта и емоционалната поврзаност помеѓу партнерите,религиозни и културни разлики,ментални болести,криминално однесување и склоност кон извршување на кривични дела...

Како најчеста причина се истакнува недостатокот на комуникација помеѓу сопружниците.Кога комуникацијата ќе потфрли бракот е веќе на “стаклени нозе“.Не може да постои ефективен однос доколку не се разговара за чувствата,личните и заедничките проблеми и да се остави на партнерот да претпоставува во што всушност е проблемот.
Разводите најчесто се случуваат затоа што луѓето ретко ги кажуваат своите очекувања во бракот и откако ќе стапат во него не се трудат да го сочуваат,се потпираат на краткотрајни решенија наместо да ги искоренат проблемите во целост...не е ни чудно што луѓето веќе се разведуваат и доколку еден од партнерите има проблеми со спиењето и грчи во сон. :)
Многу од проблемите кои се појавуваат во бракот постоеле и во долготрајните врски пред него,само што двојките ги игнорирале и се надевале дека со бракот тие проблеми ќе се решат и тука всушност сите се спрепнуваат.
Факт е дека не можеме да промениме и да спасиме некого или да очекуваме од некој друг да го направи тоа за нас-за брак се потребни две целини,не две половини. ;)
 
Z

Zoza

Гостин
Никогаш.
Бракот е света работа.

дали е света работа и кога мажот под дејство на алкохол скоро секој втор ден ја врега жената ја малтретира психички ја понижува пред други? Немој така да збориш јесте да е убаво да си во брак ама со особа стабилна и разумна а пред се особа кој е сватил дека не е веке сам и дека во брак и врска не е исто...и дека жена му не е мајка му кога ке и се издере или кога ке ја навреди она да му казе љуби га мајка
 
Член од
14 јануари 2006
Мислења
93
Поени од реакции
2
Brakot e sveta rabota taka e i verata toa go kazuva toa e zatoa sto vo brakot ima najdobri uslovi za mentalniot razvoj na decata znaci se4 dogovorivme ama vo sekojdnevniot zivot se slucuvaat mnogu raboti koi sto ne sme gi predvidele na vreme i posle ispazat na videlina.Cesto se spomnuva kako mazot ja maltretira zenata nemojte da se cudite ako vi kazam deka postojat i slucai kade sto zenata go maltretira mazot vo smisla ne da go tepa ama postojat razlicni nacini.Mora da se gleda obostrano na rabotite sto se odnesuva do pricinite a gi ima mnogu.Porano citav vo norveskoto sobranie grupa na pratenici podnele predlog brakot da trae ograniceno na primer 10godini toa ne se sovpaza so verata pa zatoa brakot se registrira na dve mesta i vo crkva i pred maticar.I dvete institucii se za da trae brakot vecno i toa e mnogu ubavo ama okolu slogata e problemot osven ako eden od partnerite povece trpi.Toa so predlogot na norvezanite treba da se dade na razgleduvanje mozebi ce spasi mnogu brakovi.Zamisli ce stapis vo brak po dogovor primer na 5godini ti istekuva dogovorot i bilo koj od partnerite e sloboden.Takov brak religijata nikogas nema da potpise ama drzavata moze.ete kazete vie sto mislite.......
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Има една интересна мисла...

Change only happens when the pain of holding is greater than the fear of letting go!

Е сега доаѓаме до индивидуалниот момент на тоа кој колку може да издржи во една ваква ситуација, која е тешко да се генерализира... Од проста причина што има и такви и такви тешки случаи... Да неречам мижат ко слепци (намерно или ненамерно сеедно), негледајќи ја вистината која се случува пред нивниот нос и обратното. Одат во екстремни случаи и за ситници....
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Во моментот, кога обостраната насмевката по помината вечер во водење љубов наместо спиење и појадок во кревет, ќе биде заменета од деновите/утрата поминати со оштри погледи и негативна енергија. Или поточно кога нетрперливоста ќе стане секојдневие...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Добро е од време на време жената да се дисциплинира.
Треба да се знае кој е газда во куќа.
Научи да правиш разлика помеѓу респект и страв...Најдобрата дисциплина во бракот е дијалогот/дискусијата не агресијата. Мажите кои ги малтретираат своите жени се всушност нејголемите кукавици и дисциплирањето нема никаква врска со тоа, напротив само лечење на своите комплекси, страв од неуспех и неможност за влијание врз партнерката. Луѓето кои не живеаат во страв, скоро никогаш не се агресивни.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Точно, таквите дечки ги викаме папучари.
Си ги помешал работиве очигледно, или пак нескаш да сватиш можда. Наместо ќутек/агресија цела таа енергија можеш да ја пренасочиш у борба, и желба за сопствено надградување и поголеми цели/успех во животот. Таму е местото каде што агресивноста се исплатува, не дома.
 
I

Intex

Гостин
Чоузен уан, до кога со вакви мислења бе човеку? Не мислев дека сеуште има некои кои мислат дека проблеми се решаваат со ќотек.
За се постои решение, а решението е во здрав муабет. Кажа Псајсајд веќе, ќотекот е кукавичлак. Кога се немаат аргументи и желба за разбирање, силата доаѓа на сцена. После неколку пати претрпен ќотек, секоја нормална жена би се развела. И која е причината? Кукавичлакот на мажот. Нека им е на честа на таквите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom