Верувам во...

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
За ова ... кој ја спомна религијата .. праите муабет за Науката за која вистината е променлива категорија ..
и ај .. доста офтопик ..
Па и тоа му објаснувам цело време. :)

--- надополнето ---

Верувам во рационалноста, во експериментите, во причинско-последична врска...
Верувам во Науката, во Физиката во Хемијата во Географијата во Математиката и Логиката...
Верувам во Квантната Физика верувам во Дарвиновата Теорија верувам во Генетиката, Археологијата и Антропологијата...
Верувам во доказите, природните закони, моралниот/правен закон кој наложува што е добро, а што е лошо.

Не верувам во господ или бог во било каква форма и на било каков начин... освен како една морална философија.
Ете така...
И благодарение на науката светот оди напред, а не благодарение на религијата.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Веувам во Бог, ама не знам дали тој верува во мене.

Оној БОГ Кој што е лично во прачистото Срце на Господ Исус Христос, дури и кога се сомневаш, дури и кога не веруваш, Тој верува и знае!
За вистински да поверуваш во неговата Љубов, Тој Го жртвуваше најскапоценото нешто воопшто !


Верувај!
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
1 Светол БОГ над нас!
1 Светол ГОСПОД пред и околу нас
1 Светол ДУХ во нас!
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
Veruvam vo Allah, Boga, Eden i Edinstven i deka nema drug osven Nego. Nikoj osven Nego ne zasluzuva da se obozava. Izguben e toj sto na Nego mu prepisuva partneri, majka, tatko, sinovi i posrednici.

Kazi: " Toj e Allah, Edinstven e;
Allah e podrska za sekogo;
Nikogo ne rodil, nitu rodil nekogo;
I nikoj ne Mu e ramen;"

Sura Ihlas 1-4
 

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Јас лично верувам во Господ Таткото, Синот и Светиот Дух (Светото тројство).
Верувам дека Господ е Создателот на се видливо и невидливо, Творец на животот и победник над смртта.
Верувам дека Исус Христос се родил, живеел и умрел за спасение на луѓето.
Не верувам во црквите и религиите - сите перат пари.
Верувам дека црквата е збир од луѓе кои веруваат во бога, тој е главата, верниците-телото и единствената нејзина улога треба да биде да поучува за бога со љубов, да помага на оние во потреба и да го слави господ. (Се друго - ветар!)
Верувам дека секој човек може да оствари лично општење со Бог, ако по своја слободна волја и убедување го прифати божјото спасение.
Не верувам дека човек може да се натера да верува, тоа може да му се случи само преку лично доживување (објава).
Верувам во моралните принципи поставени од Бога, десетте божи заповеди како основа и светоста на живеењето која произлегува од нив.
Верувам дека секој маж треба да припаѓа на една жена и обратно и дека тоа во секојдневието ќе значи помалку од многу работи кои сега ги имаме многу (сексуално преносливи болести, абортирани (убиени) деца, несакани деца во домови, злосторства од страст, проституција, изопачени умови... списокот е предолг).
Верувам дека божјата интервенција е реалност во човечкиот живот доколку човекот дозволи така да биде.
Верувам дека молитвата е разговор со бога и дека господ одговара на искрена молитва со вера.
Верувам дека смртта е само почеток на вечноста, трансфер во една друга димензија во која ќе ги видиме сите делчиња од мозаикот и ќе добиеме одговор на сите прашања!
И на крај - верувам во љубовта. Бидејќи Бог е љубов!
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
[/COLOR]

Ама во потписот му стои...

За МИЛОСТА БОЖЈА, за ХРИСТА
јас сакам само да знам
За Неговата безкрајна ЉУБОВ
За Неговиот Совршен Ислам!

Заклучокот сам се наметнува...
Islam znaci totalen pokor kon Boga. Mojata vera e Islamot, ali ne toa sto Spiros zboruva.

Islam e vera na site proroci, od Adam a.s. pa se do Isus a.s. i Muhamed a.s. Tie bile muslimani bidejki bile totalno pokoreni kon Boga.
 

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Islam znaci totalen pokor kon Boga. Mojata vera e Islamot, ali ne toa sto Spiros zboruva.

Islam e vera na site proroci, od Adam a.s. pa se do Isus a.s. i Muhamed a.s. Tie bile muslimani bidejki bile totalno pokoreni kon Boga.
Не спорам јас за значењето на зборот, но денес мислам имаме јасна дистинкција што е што...
Јас не верувам во ИСЛАМ ете и во неговото најизворно значење. Од неколку едноставни причини.
1. Немам потреба да му бидам тотално покорна на мојот Бог. Ако е така, тогаш јас сум негова робинка, а јас не се чувствувам така. За мене Бог е како добар Татко. Понекогаш ме остава да паднам, да згрешам. Затоа сум создадена со слободна волја. Ако не ми се допаѓа тато да ми „соли памет“, што ме спречува да си заминам? Кога имав 19 години не ми се поклопија размислувањата со моите родители и јас едноставно си го спакував куферот и си заминав од дома. Ниту тие престанаа да ме сакаат, ниту јас престанав да ги сакам. Некои работи што ми ги кажаа излегоа така, некои не. Но јас сама си одлучив и тие не ме спречија. Исто е и со Бог. Кога одлучувам да не го послушам, јас сум свесна дека си ја носам одговорноста за моите постапки. Ме разбираш што сакам да ти кажам? Не можам да го обвинувам Бога ако јас денес решам нешто да украдам, а знам дека не треба. Бог не ми е крив ако полицијата ми тропне на врата. Затоа имам избор. Не сум робинка. Јас сум ќерка. Понекогаш послушна, понекогаш своеглава. Тој ми е татко. И пријател.
2. Покорноста нема верска со верата. Тоа е догматизмот на црквите како институции кои со векови го масирале народот за да го држат во канџите. Верувањето во Бог има врска само со љубовта. Ако јас те сакам од се срце, како може да ти посакам лошо? Ако ти ме сакаш од се срце како можеш од мене да сакаш да направиш роб? Верувањето е слобода, а не покор или ропство. Мојот Бог нема да ме ограничува, ни умствено ни физички. Тој ми дозволува се. Библијата вели „Се е ДОЗВОЛЕНО, но не е се ПОЛЕЗНО„. Поарно кажано, здравје.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.967
Поени од реакции
83.300
Добро, зарем толку не сфаќате дека Spiros се наоѓа вон општо прифатените догматски обрасци за тоа што се крие позади зборот Ислам или Христијанство.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Зборот Ислам значи Мировна БОГОоддаденост! Тој е семитски збор, а неговата суштина ја укажуваат и семитските согласки слм ( ‏سلام‎ - Селам) т.е. шлм (שלום Шалом) во кои се корени и који значат Мир!

Пред околу 2000 години БОГ (אֱלוֹהַ‎ - Елоах, ‏الله - Алах) во Исус - наместо земја, машко семе или билокаква поинаква творба - ја отелотвори Својата Совршена Мудрост и Лично ни го покажа Совршено Чистиот Спасителен Пат, Совршено Чистата Спасителна Вера, Совршено Чистиот Спасителен Ислам!

Јас, исто како и моите браќа и сестри Го обожаваме само Оној Единствен БОГ (אֱלוֹהַ‎ - Елоах, ‏الله - Алах) , Кој под верното срце на Дева Марија Ја отелотвори Својата Мудрост, Својата Милост и Лично во Него ( во Исус Христос) го направи спасителното дело!

Во таа Совршена Вистина луѓето немораат да веруваат и не мораат да бидат спасени, ако тоа доброволно не го сакаат!

Набрзо (иншалах) секоја душа ќе ја види Совршената Вистина во Исус Христос, Кој беше и повторно ќе дојде како вистински последниот за да ја уништи неверата, душманот БОЖЈИ и “верите“ кои се противат на Совршената Вистина!

Единствено Исус Христос е Тој Кој што може да го стори тоа дело, бидејќи лично во Неговото Прачисто Срце - во секоја Негова клетка и секоја Негова капка Крв - е Единствениот БОГ (אֱלוֹהַ‎ - Елоах, ‏الله - Алах) лично присатен!

ХалелуЈАХ + Елхамдулилах + БОГУ Фала и Слава!
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
Зборот Ислам значи Мировна БОГОоддаденост! Тој е семитски збор, а неговата суштина ја укажуваат и семитските согласки слм ( ‏سلام‎ - Селам) т.е. шлм (שלום Шалом) во кои се корени и који значат Мир!

Пред околу 2000 години БОГ (אֱלוֹהַ‎ - Елоах, ‏الله - Алах) во Исус - наместо земја, машко семе или билокаква поинаква творба - ја отелотвори Својата Совршена Мудрост и Лично ни го покажа Совршено Чистиот Спасителен Пат, Совршено Чистата Спасителна Вера, Совршено Чистиот Спасителен Ислам!

Јас, исто како и моите браќа и сестри Го обожаваме само Оној Единствен БОГ (אֱלוֹהַ‎ - Елоах, ‏الله - Алах) , Кој под верното срце на Дева Марија Ја отелотвори Својата Мудрост, Својата Милост и Лично во Него ( во Исус Христос) го направи спасителното дело!



Во таа Совршена Вистина луѓето немораат да веруваат и не мораат да бидат спасени, ако тоа доброволно не го сакаат!

Набрзо (иншалах) секоја душа ќе ја види Совршената Вистина во Исус Христос, Кој беше и повторно ќе дојде како вистински последниот за да ја уништи неверата, душманот БОЖЈИ и “верите“ кои се противат на Совршената Вистина!

Единствено Исус Христос е Тој Кој што може да го стори тоа дело, бидејќи лично во Неговото Прачисто Срце - во секоја Негова клетка и секоја Негова капка Крв - е Единствениот БОГ (אֱלוֹהַ‎ - Елоах, ‏الله - Алах) лично присатен!

ХалелуЈАХ + Елхамдулилах + БОГУ Фала и Слава!

Izgleda koga ke se vrati Isus (neka e Bozjiot mir nad nego) ke ima rabota so tebe. Isus a.s. nikogas ne rekol deka e Bog, tuku samo sluga na Boga.

Qur'an 5:116-120 Surah Al-Ma'idah (The Table Spread)
And behold! Allah will say "O Jesus the son of Mary! didst thou say unto men 'worship me and my mother as gods in derogation of Allah"?
He will say: "Glory to Thee! never could I say what I had no right (to say). Had I said such a thing Thou wouldst indeed have known it. Thou knowest what is in my heart though I know not what is in Thine. For Thou knowest in full all that is hidden.
"Never said I to them anything except what Thou didst command me to say to wit 'Worship Allah my Lord and your Lord'; and I was a witness over them whilst I dwelt amongst them; when Thou didst take me up thou wast the Watcher over them and Thou art a Witness to all things.
"If Thou dost punish them they are Thy servants: if Thou dost forgive them Thou art the Exalted the Wise.
Allah will say: "This is a day on which the truthful will profit from their truth: theirs are Gardens with rivers flowing beneath their eternal home: Allah well-pleased with them and they with Allah: that is the great Salvation (the fulfillment of all desires).
To Allah doth belong the dominion of the heavens and the earth and all that is therein and it is He who hath power over all things.

Qur'an 5:72-77 Surah Al-Ma'idah (The Table Spread)
They do blaspheme who say: "Allah is Christ the son of Mary." But said Christ (Maseeh): "O children of Israel! worship Allah my Lord and your Lord." Whoever joins other gods with Allah Allah will forbid him the garden and the Fire will be his abode. There will for the wrong-doers be no one to help.
They do blaspheme who say: Allah is one of three in a Trinity: for there is no god except One Allah. If they desist not from their word (of blasphemy) verily a grievous penalty will befall the blasphemers among them.
Why turn they not to Allah and seek His forgiveness? For Allah is Oft-forgiving Most Merciful.
Christ (Maseeh) the son of Mary was no more than an Apostle; many were the Apostles that passed away before him. His mother was a woman of truth. They had both to eat their (daily) food. See how Allah doth makes His Signs clear to them; yet see in what ways they are deluded away from the truth!
Say: Will ye worship besides Allah something which hath no power either to harm or benefit you? But Allah He it is that heareth and knoweth all things."
Say: "O people of the Book! exceed not in your religion the bounds (of what is proper) trespassing beyond the truth nor follow the vain desires of people who went wrong in times gone by who misled many and strayed (themselves) from the even way.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Верувам во позитивната мисла.
Верувам во моќта на човековите мисли да ја кројат судбината на поединецот.
Верувам дека "It's just how things are"
Ако се шеташ насмеен и позитивен по улица, ќе ти се лепат насмеани и позитивни фаци, ако се шеташ тмурен, ќе ти се лепат тмурни..
Верувам дека космосот ќе ти ги оттргне сите потешкотии кон целта која си ја замислил и целта која искрено сакаш да ја постигнеш, а патем не се плашиш да направиш промена и го користиш алатот кој ти е даден од раѓање за мисијата да ја завршиш...
Всушност.. во работиве не верувам... во работиве сум сигурен, работиве ги Знам.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Izgleda koga ke se vrati Isus (neka e Bozjiot mir nad nego) ke ima rabota so tebe. Isus a.s. nikogas ne rekol deka e Bog, tuku samo sluga na Boga.

...
Мараната!


Исус е со сигурност и Совршениот Слуга БОЖЈИ на Кого му нема рамен, но и многу повеќе од тоа!

Единствениот БОГ (אֱלוֹהַ‎ - Елоах, ‏الله - Алах), во Исус ја отелотвори Својата Совршена Волја, Својата Совршена Мудрост, Своето Совршено Слово, преку Кое Единствениот БОГ се' создаде, преку Кое се' прави Ново, преку Кое болните од кревет а мртвите од гроб ги дига - Тоа е поголемо од секој Ангел, секој Пророк, ... поголемо од секоја обожавана книга!

ХалелуЈАХ + Елхамдулилах + БОГУ Слава и Фала !

п.с. БОЖЈИОТ Совршен Мир бил, е' и секогаш ќе биде во Уникатното Чедо БОЖЈЕ, врз Уникатното Чедо БОЖЈЕ, околу Уникатното Чедо БОЖЈЕ, ... дури и кога љубоморните душмани Го негирале или негираат, релативирале или релативираат, кога Го девалвирале или девалвираат, ... дури и нивниот неуспешен обид да Го убијат, неуспеал да Го оддели од БОЖЈИОТ Совршен Мир (שלום)!
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
Мараната!


Исус е со сигурност и Совршениот Слуга БОЖЈИ на Кого му нема рамен, но и многу повеќе од тоа!

Единствениот БОГ (אֱלוֹהַ‎ - Елоах, ‏الله - Алах), во Исус ја отелотвори Својата Совршена Волја, Својата Совршена Мудрост, Своето Совршено Слово, преку Кое Единствениот БОГ се' создаде, преку Кое се' прави Ново, преку Кое болните од кревет а мртвите од гроб ги дига - Тоа е поголемо од секој Ангел, секој Пророк, ... поголемо од секоја обожавана книга!

ХалелуЈАХ + Елхамдулилах + БОГУ Слава и Фала !

п.с. БОЖЈИОТ Совршен Мир бил, е' и секогаш ќе биде во Уникатното Чедо БОЖЈЕ, врз Уникатното Чедо БОЖЈЕ, околу Уникатното Чедо БОЖЈЕ, ... дури и кога љубоморните душмани Го негирале или негираат, релативирале или релативираат, кога Го девалвирале или девалвираат, ... дури и нивниот неуспешен обид да Го убијат, неуспеал да Го оддели од БОЖЈИОТ Совршен Мир (שלום)!
Ne e Bog toj sto za da mi dokaze mene deka me saka e prinuden da stane covek.

Ne e Bog toj sto za da mi dokaze mene deka me saka e prinuden da se okova na krst i da bide omalovazuvan, masakriran, pcuen itn.

Bog e toj sto ne sum mu potreben jas, tuku jas imam potreba od Nego.


Daj te molam ostavi gi ovie prikazni. Ne ti dolikuva da zboruvas taka za nasiot Bog, toj sto go isprati Isus (neka e Bozjiot mir nad nego) da im kaze na site deka ima samo Eden i Edinstven Bog i deka samo toj zasluzuva da se obozava.

Allah go prasuva Isus a.s.

Allah ke rece: " O Isuse, sin na Marija! Dali ti im rece na lugeto "obozavajte me mene i mojata majka kako bogovi osven Allaha"?
Isus ke rece: "Daleku od toa si Ti. Ne mi pripaga na mene da kazam toa sto e laga. Ako bi go kazal toa jas, Ti bi go znael.
Ti znaes sto ima vo mene, a jas ne znam sto ima vo Tebe. Ti gi znaes site tajni!"


El Maide 116

Ova e vistinata sto nasiot Bog ja objavi vo Koran, za da gi razjasni ovie prikazni koi lugeto gi izmislija za Nego i Isus a.s.
 

Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
МОЈА РЕЛИГИЈА
Постои една анегдота: Руски астроном и руски неврохирург расправале за религијата.
–Астрономот рекол: „ Многупати сум бил во вселената, но никогаш не сум ги видел ниту Бог ниту ангелите“, а на тоа неврохирургот одговорил: -„Многупати сум оперирал многу умни мозоци, но никогаш не сум видел ниту една мисла, но тоа не докажува дека мислите не постојат“.
Оваа анегдота може да не натера да размислиме како ние самите ги градиме нашите погледи и сфаќања во врска со религијата. Не тера да размислиме која е нашата религија, во што веруваме, што има во нашата потсвест!?
Мислите постојат иако не можат да се видат во нашиот мозок, но дали навистина постои некој Бог и ангели?! Или ние самите си ги создаваме тие Богови и ангели и почнуваме да веруваме во нив, ги возвишуваме и ги правиме толку вистинити и живи, со цел на некој начин да бидеме заштитени , да веруваме во нешто што ќе ни помага, нешто што ќе не исполнува духовно, нешто што е наше обележје.
Ова размислување ме наведе да кажам нешто за мојата религија. Моето прво прашање што си го упатив сама на себе беше: „Дали јас сум христијанка?“ Одам во христијанска црква, ги славам христијанските празници, а тоа е дел од христијанската религија! Но, не постои нешто каде е запишано дека јас сум христијанка. Сите тие ритуали и обичаи ги правам бидејќи така ми е наложено. Тоа го прават сите околу мене.
Но кога ќе размислам подобро...постои нешто друго што јас би ја нарекла моја религија.
Она во што јас потсвесно верувам, нема Бог, нема ангели, тоа е нешто би го опишала како некоја виша сила, нешто што истовремено е толку многу големо и толку многу мало. Се наоѓа во секоја клетка од моето тело, се наоѓа во секоја честица во вселената.
Некоја сила, некоја моќ, невидлива, а присутна, во некои моменти дури и опиплива.. Нешто што ме контролира и ме води низ животот, нешто што во секој момент е со мене.
Кога кажав дека мојата религија, моето верување е нешто истовремено и големо и мало, го има во целата вселена, а истовремено живее и во мене и има моќ, моќ како на пеперутка која само со еден свој замав на крилјата може да предизвика тајфун на спротивната страна на светот ... сето ова е едно мое сфаќање за религијата.
Најверојатно мојата мисла е мојата религија!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom