Matrix trilogy

  • Креатор на темата Креатор на темата Intex
  • Време на започнување Време на започнување
Прочитав еден коментар на youtube со кој делумно се сложувам за тоа каде ги заебаја 2риот и 3тиот(поготово со тоа болдираното)-
Where they fucked up on the Matrix:
1. NOBODY WANTED TO SEE IT END IN A TRUCE. The machines were supposed to be destroyed. You're telling me that all of this time, the Machines were willing to coexist with humans on the honour system? The machines were willing to free all of those humans that they were using as power cells (depriving themselves of power in the process)?
2. Smith was dead at the end of the first film. Why bring him back? The Matrix was supposed to be the main enemy, not him

Него деновиве ќе го гледам The Animatrix (2003)
и се надевам ке налетам на уште некој одговор :) .

--- надополнето ---

@IOsonoINTERISTA
Не ми се вервит дека Бејл би глумел на 20 и нешто годинчиња ваква улога а и некако неможам да го замислам бејл како нео :) .Туку ете и него му се посреќи ,можеби ако го глумеше нео никогаш немаше да го глуми бетмен :D .
 
Го имам гледано Матрикс али 2 или 3 дел беше не ми текнува.
А вчера за првпат го гледав Матрикс 1 дел, и многу ми се допадна филмот.
Не навлегувам во дискусијата дали е Матрикс реалност,бидејќи ова е темата за филмот, а за тоа дали навистина постои Матрикс си има тема во подфорумот Мистерии.

@IoSono, улогата на Нео, никој актер не можеше да ја игра подобро од Киану, не дека Киану е ѕвер од актер, ама онака, еднаш во 5-10 години се случуваат вакви улоги. Бејл како Нео, е тотална утка, нема фаца да изигра онака, ладно, без емоции, можеби Киану не знае да глуми (пример само), ама тоа (не)знаење е перфектно склопено со улогата. Кога ке ми текне дека улогата на почеток му ја понудиле на Том Круз, па после и на Уил Смит, онака, лошо чуство ме обвзема :), немаше шанси филмот да стане тоа што е сега.

Вториот и третиот дел, се далеку од утки, ама уште подалеку се од првиод дел. Филмот можеше да е перфектен, онака 10/10 (или како што Дарлинг си дава оценки БЕЗКОНЕЧНО!!:icon_lol:) ако имаше само 2 дела, првиот дел да беше тој што е, вториот дел да беше комбинација од 2 и 3 дел, ама малце покасно да се даваше, пример 2009, онака после 10 години, а пак аниматриксот да беше издаден некаде 2004/5.

Да спомнам само, дека омилен филм ми е. Првиот дел има 10/10, вториот 6/10 само поради епик сцената од Нео против Smith Agents, третиот 7/10 има онака доста солидни делови, ама и еден куп непотребни клише работи, за кои е срам во Матрикс да ги гледаш.
 
За првиот болд се согласувам тотално. Мислам дека оваа улога перфектно му легна на Киану и не верувам дека на некој друг ќе му стоеше како на него.
За вториот болд исто вака и јас би ги оценил трите дела, со тоа што Матрикс кецот и мене ми спаѓа во омилени филмови. А држи вода тоа погоре што пиша да беа само два дела ке беше подобар.

@IOsono Кога го спомна Екулибриум веќе, да додадам уште еден филм кој има некоја слична тематика како овие филмови а тоа е The Thirteenth Floor. Филм кој мене лично многу ми се допадна кога го гледав и сметам дека ќе беше многу попознат и не толку потценет доколку не излезеше во иста година со Матрикс :) Верувам дека повеќето љубители на жанров го имаат гледано а за тие што не го гледале топло го препорачувам.

Сега па нешто излезе некој муабет дека ќе правеле уште филмови за Матрикс па којзнае што ке биде тоа, не очекувам да биде нешто асално...
 
Пред некој ден налетав на линк објаснување на целата трилогија, и искрено, сфатив дека ги немам добро сфатено вториот и третиот дел, истото важи и за повеќето овде верувам дека на големо ги напаѓавме вториот и третиот дел. Ако го најдам линкот, ќе го споделам со вас.
 
Матрикс на А1 во Недела 06.03.2011, почеток: 21:30 часот :D
 
Ќе се снима ли нова дела на Матрикс
 
Општо прифатено мислење е веќе дека првиот дел на Матрикс е "религија", има фантастична идеја, приказната се открива тука, не ни е јасно во првиот дел од филмот што по ѓаволите се случува (мистеријата) итн... Продолженијата се бедни, ако во третиот дел барем акцијата е добра, вториот е комплетна катастрофа со сите нишани.

Интересно е што во тој период излезе Equilibrium, филм со далеку помал буџет, без посебна реклама и очекувања. Филмот имаше екстра критики, а овде го спомнувам поради тоа што тогаш многу луѓе викаа дека е голема штета што главниот актер од Equilibrium не го играл Нео во Матрикс, и дека со него Матрикс би бил полн погодок. Актерот беше тогаш релативно непознатион Christian Bale.

matrix2_neo.jpg

Equilibrium.jpg

Ти си бил тој бе. Кога го гледав Equilibrium ми текна дека негде прочитав некој рече Бејл да го играше Нео во Матрикс ќе беше подобро. Што да ти кажам, грешка си. Киану е одличен, без разлика дали знае или не знае да глуми, сосема добро се вклопи во улогата и ликот на Нео. 10 од 10 за него во филмов, подобро ми се чини дека не може.

--- надополнето ---

Ќе се снима ли нова дела на Матрикс
Не...
 
Ти си бил тој бе. Кога го гледав Equilibrium ми текна дека негде прочитав некој рече Бејл да го играше Нео во Матрикс ќе беше подобро. Што да ти кажам, грешка си. Киану е одличен, без разлика дали знае или не знае да глуми, сосема добро се вклопи во улогата и ликот на Нео. 10 од 10 за него во филмов, подобро ми се чини дека не може.

oh-nooo.jpg
 
:icon_lol:

http://www.guardian.co.uk/film/2011/jan/24/matrix-4-keanu-reeves-wachowski

Се слагам со еден од коментарите подобро би било prequel да снимат него ли продолжение, инаку за мене најдобрата трилогија без оглед на критиките за вториот и третиот дел
Не сум знаел :)
 
Претерано се лоши продолженијата, посебно второто. Со посебен осврт на Трендо (благодарение на RocknRolaa која ме потсети на оваа прејака колумна), еве дел од текстот:

Најмногу испиздев на дијалозите. Меѓу две тепачки, едвај чекав некој нешто да зуцне, колку да ми објасни што се случува. И кога конечно дочекав Нео да отиде кај гатачката за нему да му објасни со кого да се тепа а мене против кого да навивам, таа промрси: 'Ќе го направиш тоа што мора да го направиш'!? Ама није ваљда??? Е баш фала ти сестро, колку должам?

И останатите дилеми ги решаваше на сличен начин, со народни поговорки од типот: 'Се што има свој почеток, има и свој крај'! Ваквите сцени ќе беа подносливи само доколку Нео на гатарата и враќаше со иста мерка. Да речеме, кога таа му ја ували будалаштината со почетокот и крајот, овој требаше мистериозно да и реплицира: 'Сто стапа по туѓ грб не болат'. Па после она нека му ја мисли чиј фактор икс црну вуну преде!

Или кога ќе го понудеше со колачињата алудирајќи на мудроста 'рани душа да те слуша', овој требаше решително да ги одбие благцата и да и плесне во фаца: 'Јал не јал три и пол!' (на англиски тоа би му дошло: 'ит, ноу ит, три енд а халф'). Ама не, нашиот клен во тие моменти сложуваше фаца како да разбрал што му зборуваат. Како да му беше срам да препраша уште еднаш. Па богати, што има да ти е срам, пари сум дал за тоа!

:pos:

Во меѓувреме, едно јако видео според кое, Матрикс и Фајт Клуб и не се така различни:

:)

Иначе за мене пример за добра трилогија е Back to the Future.
 
Може и sequel да се прави, дека Нео не умре на крајот од третиот дел.
Нео е код, како што Оракл е спротивното од Архитектот (кои се креатори на Матрицата), така и Нео е спротивното од Смит. Не значи дека ако Нео умре, ја немаат сачувано таа свест таму некаде и ја вратат пак во системот, без тело нормално.:)
Моника Белучи беше д Уан во претходната верзија на матрицата. Ја ребутираат, она умира и останува само код, Нео станува д Уан.
За Моника не прашувајте, ве молам.
 
Никој не спомна за смртта на Нео, сакав да кажам дека најдобро би било сега да се направи приквел. Така би се објаснила војната помеѓу машините и луѓето, креирањето на матрицата и сите нејзини верзии како и претходниците на Нео, вклучувајќи ја тука и Моника. После тоа би можеле продолжение да прават.

--- надополнето ---

Претерано се лоши продолженијата, посебно второто. Со посебен осврт на Трендо (благодарение на RocknRolaa која ме потсети на оваа прејака колумна), еве дел од текстот:

Најмногу испиздев на дијалозите. Меѓу две тепачки, едвај чекав некој нешто да зуцне, колку да ми објасни што се случува. И кога конечно дочекав Нео да отиде кај гатачката за нему да му објасни со кого да се тепа а мене против кого да навивам, таа промрси: 'Ќе го направиш тоа што мора да го направиш'!? Ама није ваљда??? Е баш фала ти сестро, колку должам?

И останатите дилеми ги решаваше на сличен начин, со народни поговорки од типот: 'Се што има свој почеток, има и свој крај'! Ваквите сцени ќе беа подносливи само доколку Нео на гатарата и враќаше со иста мерка. Да речеме, кога таа му ја ували будалаштината со почетокот и крајот, овој требаше мистериозно да и реплицира: 'Сто стапа по туѓ грб не болат'. Па после она нека му ја мисли чиј фактор икс црну вуну преде!

Или кога ќе го понудеше со колачињата алудирајќи на мудроста 'рани душа да те слуша', овој требаше решително да ги одбие благцата и да и плесне во фаца: 'Јал не јал три и пол!' (на англиски тоа би му дошло: 'ит, ноу ит, три енд а халф'). Ама не, нашиот клен во тие моменти сложуваше фаца како да разбрал што му зборуваат. Како да му беше срам да препраша уште еднаш. Па богати, што има да ти е срам, пари сум дал за тоа!

:pos:

Во меѓувреме, едно јако видео според кое, Матрикс и Фајт Клуб и не се така различни:

:)

Иначе за мене пример за добра трилогија е Back to the Future.

За тоа да, малку повеќе го напињаа со филозофски муабети на места каде што не требаше, поконкретно сцената со пророчицата. Друга голема забелешка ми е мењањето на сцена со камера на анимација, оние борби кои што не беа снимени со камера премногу очигледно е дека се анимација, и вака сега кога го гледам филмов малку и аматерски делува сето тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom